Автор Тема: Фотоапарати  (Прочитано 145094 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Фотоапарати
« Одговори #90 на: 01 Јануари 2014, 11:24:34 am »

За просечниот корисник DSLR фотоапарат не е потребен. Голем е. Тука доаѓаат мирорлесите кои би требало да бидат добар компромис со пенкејк објектив и да ги решат проблемите со големината. Без пенкејек околу 25~40мм еквивалент џабе мирорлес. Тоа ќе ти даде доволно мал фотоапарат за да не те мрзи да го носиш, а добра слика.

DSLR Никон D3100 со Sigma 30mm 1.4 е она што е потребно за сите нови татковци. Или еквивалентот од мирорлес.

Ако некој мисли дека ова погоре нечини, тука сум.




Дени, ова што го пишуваш е како да се пронаоѓам себеси. Имено, пред некоја година, купив Canon EOS 450 , бидејќи не знаев дали ќе ме повлече фотографија или не.Испадна дека не ме повлече, и дека воглавно го користев во Ауто мод.

Јас го користам како турист, и исто испадна дека ми е претежок да го мкнам со себе секаде, и дека ми е гломазен (а го мкнев цело време). Летоска ми се расипа окидачот (ми треба совет за ова каде да го направам), и за нареден дефинитивно размислувам за некој Mirrorless бидејќи сакам да имам добра фото, ама немам амбиција за нешто посериозно, а во исто време ми се смачи да мкнам тежина :)



Дарко

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Фотоапарати
« Одговори #91 на: 01 Јануари 2014, 11:49:59 am »
вредат ли овие за парите:
Nikon L320 8999
Canon PS SX 500 12999
онака за чисто аматерско,неинтузијастичко штракање по одмори,прошетки,прослави,меѓутоа сепак да може да извади пристојна фотографија?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Фотоапарати
« Одговори #92 на: 01 Јануари 2014, 12:43:20 pm »
ако е за одмори роѓендени ово оно, т.е. сликање дење и/или со блиц, не очекувај значајно подобри слики од некој модерен мобилен телефон.

да, ќе бидат осетно подобри од мобилен телефон, но не кој-знае-колку. Не очекувај „квантен скок“ во квалитетот каков што ќе добиеш со секој, било кој дслр

денешните мобилни телефони дење вадат пристојни фотографии, така да...

овие имаат зум, ама ако сакаш остри слики зумирани со такво мало стакленце, раката ќе треба да ти биде екстремно мирна

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Фотоапарати
« Одговори #93 на: 01 Јануари 2014, 12:49:03 pm »
ако е за одмори роѓендени ово оно, т.е. сликање дење и/или со блиц, не очекувај значајно подобри слики од некој модерен мобилен телефон.

да, ќе бидат осетно подобри од мобилен телефон, но не кој-знае-колку. Не очекувај „квантен скок“ во квалитетот каков што ќе добиеш со секој, било кој дслр

денешните мобилни телефони дење вадат пристојни фотографии, така да...
Така се лажат децата.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Фотоапарати
« Одговори #94 на: 01 Јануари 2014, 13:16:57 pm »
ако е за одмори роѓендени ово оно, т.е. сликање дење и/или со блиц, не очекувај значајно подобри слики од некој модерен мобилен телефон.

да, ќе бидат осетно подобри од мобилен телефон, но не кој-знае-колку. Не очекувај „квантен скок“ во квалитетот каков што ќе добиеш со секој, било кој дслр

денешните мобилни телефони дење вадат пристојни фотографии, така да...
Така се лажат децата.


1. Препорачај ми конкретен модел на апарат за следниве мои потреби:

Да е квалитетот на фотките барем на ниво на Canon EOS 450 со сток објективот. По можност да е помалку гломазен, и да не  тежи.

2. Каде да го сервисирам Окидачот на Canon EOS 450?


Дарко

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Фотоапарати
« Одговори #95 на: 01 Јануари 2014, 14:39:44 pm »
2. Во сервисот на Канон - Genel. Испи еден дијазепам и Б6 пред да се јавиш, зошто цената може да е од 800денари до 800евра.

1a. HTC One. :)

1b. Canon EF 40mm f/2.8 STM за твојот канон. Ако случајно проошетуваш по околниве градови можеби ќе го најдеш да го пробаш.

1c. Olympus Stylus 1 вака нешто би рекол дека може да пробаш во кај нас по продавнициве. Доста кул фотоапарат.

1d. Canon G16 (G серија било кое) типично фотоапаратче кое го гористат по земјите каде не се прашува цена. Како Германија. Ако видиш некој со вакво автоматски знаеш дека е од Германија, Норвешка и слични земји. Ова не се купува кај нас и останатите од третиот свет зошто „за тие пари“ имаш токмак толкав со кој ќе можеш да се пофалиш пред другарчињата. Што aко си опнал 1000еур, а никој неможа да види дека си ги опнал. Мислам дека најубаво ќе објаснам вака, целото видео е детален опис на G серијата, а посебно моментот 4:35-: http://www.streetfire.net/video/top-gear-mercedes-cl65-amg-car-review_694484.htm

1е. Fujifilm X100S секако тука е предлогот на bramovsk кој е исто одличен.

1f. Fujifilm X-M1 е она што го ставам по слики со пенкејкот. Фуџи не е ништо посебно како производител, но субјективно јас некако си имам посебно место во срцето за него. После S5, и Велвиа неможам да останам рамнодушен на ништо од Фуџи.

Ова е вака од прва. Може да расчлениме, што како па да се дојде до правиот избор. Зошто изборот е огромен.

Нема полошо нешто од тоа да му кажеш на некого дека „ќе купиш тоа и тоа и ќе добиеш многу бољи слики“. Само ќе се разочараат после.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Фотоапарати
« Одговори #96 на: 01 Јануари 2014, 16:54:16 pm »
За сервисирање на канонот, види и кај јужниот сосед да не е поефтино, пред 2 години на еден комшија му носев камкордер сони на сервис во Солун.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фотоапарати
« Одговори #97 на: 01 Јануари 2014, 17:15:53 pm »
Има доста голем избор на квалитетни мирорлеси. Јас го посочувам оној модел бидејки сакам да има оптички вјуфајндер. Некако ми е покомеотен од EVF. А тој конркетно има 3 мода. Оптички, EVF и хибриден. Не ми е пријатно сликањето кога се буљам во екранот. Особено ако не е тилт ме замара.

Инако со EVF only има одлично модели. Olympus OM-D или PEN, Sony Alpha 7R ..и многу други.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Фотоапарати
« Одговори #98 на: 01 Јануари 2014, 18:25:34 pm »

Објективи. Срчи, мрчи. Пенис вибрира. Прво, просечниот човек нема да забележи разлика меѓу 18-55 и 24-70 Никорите при исти услови. Едноставно нема.
Како нема да забележи разлика? Со овој 18-55 неможеш да издвоиш објект од останатата средина а не па друго...
Подобро некое убаво компактно апаратче него никон дслр со овој објектив.

Отсутен velestrumf

  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Re: Фотоапарати
« Одговори #99 на: 01 Јануари 2014, 18:58:59 pm »
Супер си е објективот како почетна точка. А и доволно добро си одвојува од позадината, кога сакаш да го постигнеш тоа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Re: Фотоапарати
« Одговори #100 на: 01 Јануари 2014, 20:47:38 pm »
Супер си е објективот како почетна точка. А и доволно добро си одвојува од позадината, кога сакаш да го постигнеш тоа.

со ф/5-и-кусур? шознам... она малоно зрнце од стакленце кога ќе се отвори скроз блендата има толку многу хроматска аберација што све станува мутно, не само позадината :)

Отсутен velestrumf

  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Re: Фотоапарати
« Одговори #101 на: 01 Јануари 2014, 20:52:13 pm »
Ф/3.5 на 18мм. Бар мојот беше таков.
Иначе не викам дека е фантазија или што ти ја знам, туку едноставно како почетна точка и за вршење работа си е супер.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фотоапарати
« Одговори #102 на: 01 Јануари 2014, 21:09:35 pm »
Супер си е објективот како почетна точка. А и доволно добро си одвојува од позадината, кога сакаш да го постигнеш тоа.

Малце е слиен зборот „супер“, но е ок да видиш дали ти фаќа темата за срце :). Инаку поради тоа што сензорот е голем, и објективот релативно голем нема проблеми со резолуцијата. Да не се лажеме тука со маливе 20MP апарати. Реално оптиката треба да е многу добра за да дозволи 20MP да минат низ стакло од 4mm дијаметар. Сензорот е многу мал и нема релана добивка во квалитет, а има еден куп нерешени проблеми кои се трудат да ги отстрана во постпроцесирањето.

Голем сензор и голема леќа секогаш ќе дадат подобар резултат иако имаат и половина резолуција.

Тука ќе дојдат и оние придобивки на побрзи леќи, подобра бленда и контрола нааберацијата и секако DOF.

Заради тоа овие нискобуџетни објективи ќе дадат здрави фотографии, но сепак далеку од супер. Кога на истиот апарат ќе му го смениш стандардниот 18-55 со некоја верзија на EF на приме 17-55/F2.8 ќе видиш зошто самиот објектив е 1.5 пати поскап од твоето комплетче сосе апаратот.

Како што Дарко вели, не ми се дава пари за подпросечни сараунди сакам беспрекорно стерео да уживам. Слично е и овде. Сакам беспрекорни приме објективи. Оти за беспрекорни 250х зум објективи ниту имам амбиција ниту сила да ги влечкам насекаде.

Едит: Грешна верзија на објектив, мислев на L од белите.
« Последно менување: 01 Јануари 2014, 21:21:24 pm bramovsk »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Фотоапарати
« Одговори #103 на: 01 Јануари 2014, 21:14:00 pm »
http://www.the-digital-picture.com/Reviews/Canon-EF-S-18-55mm-f-3.5-5.6-IS-Lens-Review.aspx

Еве еден тест, колку може основниот објектив да биде катастрофа во однос на поскапите од ист пороизводител. Сликите се сликанитсо  Canon EF-S 18-55mm f/3.5-5.6 IS (оној што дојде со мојот Canon 550d DSLR), и без напор приметно е дека,  Canon EF-S 18-55mm f/3.5-5.6 II, кој одеше со постарите DSLR Canon китови е најлошиот, а сите останати се подобри од основниот објектив (со клик на линковите се менува сликата под линкот)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фотоапарати
« Одговори #104 на: 01 Јануари 2014, 21:15:57 pm »

1d. Canon G16 (G серија било кое) типично фотоапаратче кое го гористат по земјите каде не се прашува цена. Како Германија. Ако видиш некој со вакво автоматски знаеш дека е од Германија, Норвешка и слични земји. Ова не се купува кај нас и останатите од третиот свет зошто „за тие пари“ имаш токмак толкав со кој ќе можеш да се пофалиш пред другарчињата. Што aко си опнал 1000еур, а никој неможа да види дека си ги опнал. Мислам дека најубаво ќе објаснам вака, целото видео е детален опис на G серијата, а посебно моментот 4:35-: http://www.streetfire.net/video/top-gear-mercedes-cl65-amg-car-review_694484.htm


G-то секогаш биле одлично склопени апарати робустини, одлични во изработка и оптика без замерки. И во постарите верзии веќе беа приметени од сериозни фотографи кои сакаа да си имаат при рака нешто што веднаш ќе почене да прави фотограии без да носат многу со себе.

Имаше една фотографка од Белград, Биљана..прзимето.. хм. Не е битно фоеноменални фотографии направено со вакви апарати (сигурно на photo.net сеуште ги има). Од панорами до макроа. На секој што му е допаѓаат таквите swissarmy комбинации набилдани на мал простор ова е прав избор. Може и има подобри но Canon тука изгради стандард кои другите го бркаат, па тешко е да оманеш ако земеш ваков.