Автор Тема: Фотоапарати  (Прочитано 145100 пати)

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фотоапарати
« Одговори #75 на: 31 Декември 2013, 19:59:22 pm »
Ти треба некое софтверче за постпроцесинг, Фотошоп, Ctrl-Alt-L и си завршил работа за твојот проблем. На апаратот пробај да видиш дали има мануелно подесување на white balance. Дали ова се случува со блиц или и без блиц? Ако е без блиц, пробај сликај со блиц, можно е од сијалиците да имаш жолтеникав ефект.

Едит:

White balance-от ти се изместува поради јамболијата :)

DAMN!

Може, иако претежно некоја од овие модерниве флоу/живини штедливки се главна причина. Овде и експозицијата е промашена заради јамболијата (бело на бело) :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Фотоапарати
« Одговори #76 на: 31 Декември 2013, 20:13:48 pm »
Леле леле со срчиве... Полека.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Фотоапарати
« Одговори #77 на: 31 Декември 2013, 20:25:42 pm »
Може не е изборот најдобар (јебига аматер сум, сепак), битно беше да покажам дека е доволно адаптибилен систем за да задоволи потреби на еден просечен корисник на фото опрема.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фотоапарати
« Одговори #78 на: 31 Декември 2013, 20:28:16 pm »
Може не е изборот најдобар (јебига аматер сум, сепак), битно беше да покажам дека е доволно адаптибилен систем за да задоволи потреби на еден просечен корисник на фото опрема.

Може со ама имаш надпросечна Mamiya RB 67 :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Фотоапарати
« Одговори #79 на: 31 Декември 2013, 20:30:47 pm »
Уште има неиспукан филм за неа во некоја фиока... ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фотоапарати
« Одговори #80 на: 31 Декември 2013, 20:32:02 pm »
Ако ти треба кажи имам јас од сите видови со пиперот замрзнати :)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Фотоапарати
« Одговори #81 на: 31 Декември 2013, 20:36:11 pm »
Dslr е гломазен и незгоден за долго носење. Мирорлес компакт спојува солиден сензор и објективи по избор.

Објектив за на планина (пенкејк некој ваков на пример): http://www.bhphotovideo.com/c/product/999025-REG/samsung_ex_s30anw_us_30mm_f2_0_lens_for.html Лесен и го сместуваш во џеб,

За на свадби: http://www.bhphotovideo.com/c/product/868409-REG/Samsung_EX_S1855CSB_US_18_55mm_Zoom_Lens_Black.html

За портрети: http://www.bhphotovideo.com/c/product/844994-REG/Rokinon_85M_NX_85mm_f_1_4_Aspherical_Lens.html

За цицки на плажа: http://www.bhphotovideo.com/c/product/916136-REG/samsung_ex_t50200csbus_50_200mm_f4_0_5_6_lens_black.html

Исто така, постојат и адаптери за повеќе видови објективи, па може да искористиш некоја колекција од објективи ако веќе поседуваш (постојат многу квалитетни постари објективи, кои се наоѓаат за релативно мали пари).
Секако, не е „ефтин спорт“ фотографијата, но компактите со променливи објективи си имаат своја позитивна страна. На ниво на сензор и процесор, се исти со просјумер ДСЛР (Canon 650d/Nikon D7000 класа).

Може да се задоволиш и со „стандарден“ зум објектив 18-55, па да се надеваш дека во иднина ќе собереш пари и за поасални срчи. Една срча годишно. Тоа е добро темпо за една солидна колекција, а и релативно лесно остварливо.

Самсунг слушнале дека постојат и цени пониски од 219 долари? Нивните стакла се квалитетни како каноновите/никоновите? Или едноставно прават класичен skimming на пазарот додека mirrorless апаратите се нов муабет.

Со адаптерите помалце се губи малиот формат на мирорлесите.

Mirorless-ите се сега hype, ама многу hype-ови не успеале.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Фотоапарати
« Одговори #82 на: 31 Декември 2013, 20:36:48 pm »
Човекот (Мики) имал DSLR.

Ако сака DSLR ќе го предложиме најдоброто. Се оди во продавница и се купува.

Од мирорлес не се разбирам толку, ѓаол ипол се скапи за мои потреби. А нешто ти текне да прикупиш - бааааап 500еур.

Самсунг, незнам дали некој некаде купил. А да вложуваш во систем на Самсунг? Штознам.

Објективи. Срчи, мрчи. Пенис вибрира. Прво, просечниот човек нема да забележи разлика меѓу 18-55 и 24-70 Никорите при исти услови. Едноставно нема. Разликата во цена е 5-10 пати. Затоа и постојат тие китови. Ни случајно не се лоши ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА УПОТРЕБА, а камо ли за секојдневие.
Има подобри. Прашањето е дали корисникот ќе види бенефит од давање на тие 50.000 денари плус? Најверојатно не.

Секогаш велам дека треба да се купи убаво фотоапаратче во првите татковски години. Порано ретко кој имал асални фотоапаратчиња, сега мобилниве вадат одлични фотографии. Се мачат во темно. Значи таму треба да се инвестира. Да не ослепуваш народ со блицеви постојано. И да ги переш сликте со бела боја.

За просечниот корисник DSLR фотоапарат не е потребен. Голем е. Тука доаѓаат мирорлесите кои би требало да бидат добар компромис со пенкејк објектив и да ги решат проблемите со големината. Без пенкејек околу 25~40мм еквивалент џабе мирорлес. Тоа ќе ти даде доволно мал фотоапарат за да не те мрзи да го носиш, а добра слика.

DSLR Никон D3100 со Sigma 30mm 1.4 е она што е потребно за сите нови татковци. Или еквивалентот од мирорлес.

Ако некој мисли дека ова погоре нечини, тука сум.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Фотоапарати
« Одговори #83 на: 31 Декември 2013, 20:54:00 pm »
Се` што кажа е на место, според мене. Порано се продаваа 35мм филм СЛР апарати со променливи објективи, но секогаш (90% де) носеа 50мм фиксен и доволно брз објектив (f/2, f/2,8 и сл.). Зборувам за мнооогу порано. Во комунизмот. И сега треба да е така со мирорлес апаративе.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фотоапарати
« Одговори #84 на: 31 Декември 2013, 20:54:17 pm »
Не е точно дека мирорлесот е hype. Секогаш постоеле viewfinder типовите на апарати кои си имале свое место. Дурии кај професиналната фотографија. И секако Leica нема да живее ако не постојат оние кои мислат дека вреди да се даде толку пари. Веројатно откако Истман му понудул на човештвото апарат за во џеб навака ќе има смисла постоењето на некој тип на апарат кој нема да вклучи огледало во телото. Тоа што сега доби ново име концептот не значи дека е револуционерно нов, туку дека го отсликува денешното време на подбуцнување на пазарот.

Најпростиот опис на моменталните мирорлес наречени апарати е дека имаат сензор со големина  APS-C а немаат огледало. Поарди тоа растојанието сензор-објектив е мало па затоа и мали се објективите за истите фокални растојанија а нивната брзина полесно се остварува од иста причина.

Мене ми се допаѓа тоа што на телата на апаратите (не зборам за DSLR) се враќаат базичните контроли и дека не мора да тргам око од viewfinder за да си сменам основно нагодувањ, што кај многу мали компактни верзии е скоро невозможно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Фотоапарати
« Одговори #85 на: 31 Декември 2013, 21:06:13 pm »

Прашањето е колку си сигурен дека таа лоза ќе продолжи.

Играчите се:
Канон - Со многу големо искуство во оптика и неограничен буџет.
Самсунг - Никакво искуство и неограничен буџет.
Никон - Енормно искуство во оптика и неограничен буџет.
Фуџи - Енормно искуство во умоетност и ограничен буџет.
Панасоник - Потпомогнат од Лајка за оптиката и неограничен буџет.
Сигурни има и други.

Самсунг само знаат да фрлаат масивни количини на пари во било што и со тоа да го покријат делот за кој појма немаат. Никогаш не би купил самсунг фотоапарат. За сите други знам многу, и сакам историја. Само таа фирма е Корејска во светот на секојдневната фотографија. Сеуште владее јапан. А кога на нешто е напишано Made in Japan, одма е различно. Ова од прва рака.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Фотоапарати
« Одговори #86 на: 31 Декември 2013, 21:08:58 pm »
Се` што кажа е на место, според мене. Порано се продаваа 35мм филм СЛР апарати со променливи објективи, но секогаш (90% де) носеа 50мм фиксен и доволно брз објектив (f/2, f/2,8 и сл.). Зборувам за мнооогу порано. Во комунизмот. И сега треба да е така со мирорлес апаративе.

ја фиксната пееска ф/1.8 скоро и да не ја вадам од апаратот.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фотоапарати
« Одговори #87 на: 31 Декември 2013, 21:15:46 pm »
Не е точно дека мирорлесот е hype. Секогаш постоеле viewfinder типовите на апарати кои си имале свое место. Дурии кај професиналната фотографија. И секако Leica нема да живее ако не постојат оние кои мислат дека вреди да се даде толку пари. Веројатно откако Истман му понудул на човештвото апарат за во џеб навака ќе има смисла постоењето на некој тип на апарат кој нема да вклучи огледало во телото. Тоа што сега доби ново име концептот не значи дека е револуционерно нов, туку дека го отсликува денешното време на подбуцнување на пазарот.

Најпростиот опис на моменталните мирорлес наречени апарати е дека имаат сензор со големина  APS-C а немаат огледало. Поарди тоа растојанието сензор-објектив е мало па затоа и мали се објективите за истите фокални растојанија а нивната брзина полесно се остварува од иста причина.

Мене ми се допаѓа тоа што на телата на апаратите (не зборам за DSLR) се враќаат базичните контроли и дека не мора да тргам око од viewfinder за да си сменам основно нагодувањ, што кај многу мали компактни верзии е скоро невозможно.

Прашањето е колку си сигурен дека таа лоза ќе продолжи.

Играчите се:
Канон - Со многу големо искуство во оптика и неограничен буџет.
Самсунг - Никакво искуство и неограничен буџет.
Никон - Енормно искуство во оптика и неограничен буџет.
Фуџи - Енормно искуство во умоетност и ограничен буџет.
Панасоник - Потпомогнат од Лајка за оптиката и неограничен буџет.
Сигурни има и други.

Самсунг само знаат да фрлаат масивни количини на пари во било што и со тоа да го покријат делот за кој појма немаат. Никогаш не би купил самсунг фотоапарат. За сите други знам многу, и сакам историја. Само таа фирма е Корејска во светот на секојдневната фотографија. Сеуште владее јапан. А кога на нешто е напишано Made in Japan, одма е различно. Ова од прва рака.

Да имам неограничен буџет сигурно би носел еден FujiFilm X-100s. Не ме ограничува тоа што псоле 5 години може да ја снема „лозата“. Апаратот сеуште ќе го носам со мене во џеб, нема амбиција дека ќе заработувам од фотографиите и мислам дека 95% од потребите ќе ми ги задаоволи. За остантите 5% ултра идиот со ултра зум за децата играчката.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Фотоапарати
« Одговори #88 на: 31 Декември 2013, 21:18:08 pm »
Лозата од фуџи нема да прекине. Ама од Самсунг утре може да речат, чекај нов формат ќе правиме овој не иде...

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фотоапарати
« Одговори #89 на: 31 Декември 2013, 21:22:41 pm »
Лозата од фуџи нема да прекине. Ама од Самсунг утре може да речат, чекај нов формат ќе правиме овој не иде...

Секоја фирма може да се сопне некаде. Самсунг сигирно лесно може да реши да застане, ама ако некојму се допаѓа моделот нека зеима не е страшно. Ти размислуваш во контекст на систем. Јас сакам да имам едно парче опрема да ми покрие наједноставни потреби а да го задоволи првото правило на фотографијата "f/8 and be there" што во многу случаи мобилниве го постигнуваат но за жал сепак не се фотоапарати. Сакам да е апаратот со мене повеќе. Во послендо време дури и на планина кога одам го избегнувам DSLR -то од што ме замара неговото префрлување од  лево на десно со останатата тежина на мене. И претежно останува пак на мобилен.