Автор Тема: Фотоапарати  (Прочитано 145195 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Фотоапарати
« Одговори #180 на: 25 Јануари 2014, 20:15:02 pm »
Претпоставувам дека се работи за Helios 44 некоја варијанта. Јас користам таков објектив, одличен е. немам никакви проблеми за користење. 550d дозволува толку многу подесувања на експозицијата, што немам проблем да добивам правилно експонирани слики. Ако има два прстени за подесување на бледната, гледај двата да бидат добро и правилно подесени.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Фотоапарати
« Одговори #181 на: 25 Јануари 2014, 20:20:07 pm »
не сликам директно, иначе да Helios 44 варијанта со еден прстен, сега ми дадоја со 2 ама не сум го пробал надвор на сончева светлина. А иначе 550d може да работи и на ауто мод со тој објектив?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Фотоапарати
« Одговори #182 на: 25 Јануари 2014, 20:21:24 pm »
не, само мануелно. Единствено, прстенот што го имам овозможува да ти светне точката кога е во фокус објектот кој си го „намерачил“. Тогаш, претпоставувам дека проблем е во самиот објектив, чија бленда не се затвора доволно, за да направиш доволно добра експозиција.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Фотоапарати
« Одговори #183 на: 25 Јануари 2014, 20:23:35 pm »
Simo e vo pravo. Blendata lici deka e.

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Фотоапарати
« Одговори #184 на: 25 Јануари 2014, 20:25:33 pm »
И тоа е нешто. За мојов прстен незнам што гомно е, го добив ко поклон и ја немам опаковката. Може проблемот е до него што неможе да поднесе светлина, а иначе објективот се друго е супер. Кога ќе фатам добар тајминг пред да се стемни поготово сликата е ебење, поготово за bokeh whore како мене :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Фотоапарати
« Одговори #185 на: 25 Јануари 2014, 20:26:29 pm »
Нема врска адаптерскиот прстен. Не очекувај тој да ти ја затвори блендата. Блендата мора мануелно да ја наместиш на самиот објектив.
Едииинствено, можеби преку адаптерот да влегува светлина во апаратот, ако не налегнува добро на телото или на објективот.
Пробај на убав сончев ден „сликни“ со заштитно капаче на објективот. Ако ти се појави осветлување - не го бива адаптерот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фотоапарати
« Одговори #186 на: 25 Јануари 2014, 20:28:58 pm »
Ако не работи DOF preview веројатно апаратот не може да ја затвори блендата. Во принцип тоа е незгодно бидејки кај SLR постојано е отворена блендата. Но контролата до каде ќе се затвори мора мануелно да се подеси на самиот објектив во случајов.

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Фотоапарати
« Одговори #187 на: 25 Јануари 2014, 20:30:33 pm »
Немам заштитно капаче, ама ќе пробам со другиот објектив исто 44 само со 2 прстени за бленда. Ако пак не бива значи до адаптерот е.

Што е DOF preview?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Фотоапарати
« Одговори #188 на: 25 Јануари 2014, 20:31:35 pm »
Јас мислам дека ова е проблемот: очекуваш блендата сама да се затвори колку што треба (како кај „нормален“ онбјектив), но таа тоа нема да го направи. Со други зборови, блендата ти е цело време скроз отворена.

Па така, кога светлото е послабо немаш проблем, пошто „вишокот“ на светлина може просто да се искомпензира со доволно кратка експозиција.

Но, кога е дење - а блендата скроз отворена - дури ни најкратката можна експозиција не е доволно кратка за да не влезе премногу светло, па сликите ти се преекспонирани.

Мануелен објектив не значи само мануелен фокус. Значи и бленда мануелна.

Затоа, кога сликаш дење, затвори ја рачно и пробај. Почни некаде ф/9 и види што ќе се деси.

Значи, ова е редоследот: отворена бленда скроз -> фокусираш (најпрецизно се фокусира со скроз отворена бленда) -> затвараш колку што треба -> штракаш

DOF привју е кога низ дупчето за гледање гледаш каква ќе биде сликата во моментот на окинување. Кај автоматските „нормални“ објективи додека гледаш низ дупчето блендата е скроз отворена за сликата у дупчето да биде што по светла, но во моментот на штракање се затвара колку што треба да се затвори. Но, во твојот случај со мануелната бленда, ти ефективно цело време имаш DOF привју.


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Фотоапарати
« Одговори #190 на: 25 Јануари 2014, 20:35:32 pm »
Ќе пробам. Фала за советите!

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фотоапарати
« Одговори #191 на: 25 Јануари 2014, 20:35:43 pm »

Затоа, кога сликаш дење, затвори ја рачно и пробај. Почни некаде ф/9 и види што ќе се деси.



Не сум сликал со адаптери но предпоставувам дек со Aperture Priority мод на сликање можеш да ставиш на самтоо тело вредност на бленда како и на објективот. Веројатно во тој случај останатата автоматика на одредување на брзина на експозиција добро ќе работи.

А може и се лажам, ова е предпоставка.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Фотоапарати
« Одговори #192 на: 25 Јануари 2014, 20:35:48 pm »


Веројатно имаш некој од првите два.
Оној свичот М/А треба на М да ти биде. Подесуваш отворот на блендата - да речеме Ф/8. Провери дали е блендата затворена.
Потоа на апаратот подеси 1/8 за отвор на бленда. Шатер спидот, подеси го соодветно спрема светломерот. Не знам како е кај тебе, ама сигурно има некој дисплеј кој покажува дали си овер/андер или таман со ескпозицијата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Фотоапарати
« Одговори #193 на: 25 Јануари 2014, 20:37:07 pm »

Затоа, кога сликаш дење, затвори ја рачно и пробај. Почни некаде ф/9 и види што ќе се деси.



Не сум сликал со адаптери но предпоставувам дек со Aperture Priority мод на сликање можеш да ставиш на самтоо тело вредност на бленда како и на објективот. Веројатно во тој случај останатата автоматика на одредување на брзина на експозиција добро ќе работи.

А може и се лажам, ова е предпоставка.

Функционира и ова, може да пробам, ама мислам дека без проблеми ја гаѓа експозицијата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Фотоапарати
« Одговори #194 на: 25 Јануари 2014, 20:37:45 pm »
Поедноставно ми се чини доколку апаратот го намести во AV режим, а не во M. Така нема потреба ништо да чепка по параметрите. Само затвараш бленда додека не ја добиеш експозицијата која ти треба (гледаш рилтајм низ дупчето) и штрак.

Кога користам вакви стари мануелни објективи користам речиси исклучиво AV мод и „читање“ на осветленоста од средишната точка и чао. Штрак, штрак, штрак, сите фотки екстра....

EDIT симо погоре ко кажал истото  :)