Тоа е секундарно ! Примарна цел е да, Ф1 послужи како лабораторија за побрз развој и усовршување на автомобилската индустрија и пронаоѓање и тестирање на новитети кои ќе бидат искоростиви во сериското прозиводство на автомобили !
Патем, од ова што го кажуваш сигурен сум дека 80% го зборува суетата а не ти, односно зборува фанот на Ферари во тебе.
Ако на местото на Мерцедес годинава беше Ферари мислам дека немаше да бидеш толку остар во воите осуди?
Патем, на тимовите на кои не им одговара оваква Ф1 може да ја напуштат, никој со сила не ги држи!
Примарна цел: Привлечи што повеќе публика со шоуто што го правиш, бидејќи гледаноста носи спонзори, а спонзорите носат пари!
Се` друго е мижи Асан да ти баам.
Да, фан сум на Ферари и сакам да победува дури и на RC макети натпревари, ама дека во последниве неколку години постепено ми се намалува ќејфот да гледам Формула, нема врска со тоа дали сум или не сум фан на некој тим. Татко ми навива за Луис, секој ден заедно одиме до работа, секој понеделник после трка праиме муабет во кола за Ф1. Денес, некако промакна муабетот... не го направивме..Што знам, некако не е само до тоа дали сум фан на лузери или на победници.
Последната реченица е типично балканска: „Ако не ти се свиѓа не коментирај“, „Ако не ти се свиѓа, оди си“ итн. Тебе барем не мора да ти раскажувам дека во цивилизацијата, ако нешто не ти се свиѓа ќе пробаш да влијаеш да го направиш подобро. Поготово ако е тоа твојот интерес. Ферари можеби има најголем интерес од Ф1. Тоа натпреварување им ја чини суштината на нивниот се`вкупен глобален успех.
За жал со сите рестрикции и измени што ги направија не верувам дека успеваат да направат шоу, напротив !
Кој за кого навива нева врска бидејќи не навивам за никого, според некои лани навивав за ред Бул сега за Мерцедес значи менувам тим секоја година. Навивам за Ф 1 и за тоа да биде интересно, но за жал веќе и мојот интерес опаѓа како и твојот иако ни оддалеку не можам да речам дека Ф 1 е срање бидејќо тимот за кој навивам (а немам таков) губи со години наназад.
Балканските фрази се за Балканот пријателе, за жал ние живееме и битисуваме тука на балканскиве простори каде желбата за успех, желбата да се подобрат нештата и станат подостапни, подобри и поприфатливи за сите е однапред осудена на неуспех па аналогно на тоа така и се однесуваме. Ако претежирам западњачки стил на размислување и живеење или ќе бидам педер или ненормален.
Патем, ако нешто е суштина на мојот глобален успех, ќе се трудам од петни жили да го остварам тоа и го доведам на едно многу повисоко ниво, што ние од извиканиот и светски познат бренд Ферари последниве неколку години не го видовме за жал.
Ќе ми каже некој дека еден Ферари не може да направи турбо косилица од 1600 кубика што ќе биде компетитивна со останатите? Ајде те молам! Кога се сака се се може, прашањето е колку е интересот значаен или голем а колку имиџот или потребата за летаргична присутност во светот на Ф 1 трките.