beS komentar
Надлежните креваат раменици, сопствениците на станот, на улица
Семејството Спасеновски од населбата Кисела вода, веќе неколку месеци е принудено да живее под кирија, и покрај тоа што поседува сопствен стан. Причината е соседката која живее над нив, и која постојано, намерно, им го поплавува станот. Како што објаснува еден од членовите на семејството, кога првиот пат се случила поплавата во нивниот дом, се одлучиле да и помогнат на соседката која живее сама, и да и ја реновираат бањата.
Но, само по две недели, станот повторно се поплавивл, по што повикале полиција, и објасниле дека станарката на зградата на улица Пушкинова, нема проблем со водоводната инсталација, туку станот го поплавува со тоа што со црево и кофи со вода, секојдневно, го мие подот. Сепак, и покрај направениот записник, и утврдената штета, службениците на МВР го напуштиле станот со оправдување дека решавањето на случајот не е во нивна надлежност.
Следело реагирање во општина Кисела вода, од каде, по направениот увид од страна на инспектор за домување, им било кажано дека секој може да прави што сака во сопствениот стан, не земејќи предвид дека прави голема материјална штета на останатите станари. Оштетеното семејство, во очај, продолжило спасот да го бара во институциите. Се обратиле и во центарот за социјални работи, од каде побарале сместување на нивната соседтка во некоја институција. Кога социјалните работници излегле на увид, без да се направи категоризација и преглед, констатирале дека проблематичната станарка е сосема нормална жена, која нејзиниот стан, а и станот на соседите го уништува со секојдневно пуштање со вода од цвево, само затоа што е недомаќинка, и според нивниот записник, нема основ истата да се отстрани од зградата. Откако делото се повторило, социјалната служба во придружба на полиција, и брза помош ја однеле во болницата за ментални болести Бардовци, од каде за кратко била пуштена дома, без да и се направи категоризација и преглед на нејзината психичка состојба.
Сега, откако Спасеновски изгубија надеж дека некогаш ќе можат да се вселат повторно во нивниот стан, се соочуваат со уште еден, поголем проблем, се соочуваат со тужба, од соседите под нивниот стан. Имено, водата на проблематичната жителка на Кисела вода, стигна два ката под неа, и директно тече во електричната инсталација, од каде што бараат водата да се сопре, но не сакаат да сватат дека таа не протекува од кај нас, туку од најгорниот кат, објаснува општетениот станар. Повторно реагирале кај социјалните служби кои им одговориле дека немаат време за овој случај, при тоа додавајќи дека не можат да им помогнат.
Откако општина Кисела вода, МВР и социјалните служби се изјаснија дека немаат надлежност да го решат овој случај, семејството Спасеновски прашува кој има надлежност да превземе мерки за да им го врати во нормална состојба станот?
Автор: Елизабета Дамјаноска