Прво ако мислиш дека 29 степени парно е супер - одма да ти кажам дека е погрешно и пред се не е здраво. Исто како и во лето климата да ти лупа на 18 степени што не е здраво.
Вкупниот годишен трошок за парно (пошто нели во тек на цела година плаќаш), е симболично помал или поголем во одднос на оној што грее иста површина во куќа, сезонски. Со тоа што тој сезонски што грее има 3 ударни месеци со високи сметки за греење, а ти имаш 12 со пониски сметки за греење.
Во куќа (или индивидуално греење) може да се грееш, кога сакаш (уствари кога ти треба), а со парно греење некој друг ти диктира кога ќе се грееш. Ако сакаш да се грееш кога сакаш, веројатно ќе трошиш повеќе струја.
Само 15-20% станови се приклучени на централно греење, така да само толку корисници се во „предноста“ што ја потенцираш.
1. Повратено во ходник
2. Имочано во лифт
3. Ти протекло казачнето си му направил лом на комшијата под тебе
4. Му протекла канализацијата на комшијата над тебе
5. Отвораш прозор, гледаш во стан од соседната зграда
6. Ги слушаш комшиите кога мочаат, кога се онадат, кога имаат гости...
7. Куќен совет, овој не платил за лифт, оној за светло, третиот покривот го санира (успут праи уште еден спрат над него)
8. Комшијата решил во 23.30 да мести слики на ѕид
9. Ти не можеш во 23.30 да местиш слики на ѕид (не е културно да галамиш во тоа време со бормашина)
итн, итн, итн..
Да, поскапо е живеењето во куќа, но поскапото живеење носи многу погодности. Ако немаш многу пари, може да стокмиш куќарче до 120-130квадрати, со убав двор, и да ги сведеш трошоците на исто ниво како во стан. Единствен екстра трошок ќе ти биде данокот на имот, некои 100-тина евра годишно.