Автор Тема: Национална стратегија за прираст  (Прочитано 22496 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2746
  • Слобода или смрт
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #75 на: 20 Ноември 2013, 15:53:01 pm »
Немојте со тие филмови за мултиетничко општество, недискриминација и слично бидејќи не палат повеќе. Можеби некогаш ама не повеќе бидејќи ние дефакто се претвараме во граѓани од втор ред во сопствената држава.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #76 на: 20 Ноември 2013, 15:55:43 pm »
Имаше политика за подобрување на наталитетот во местата каде има намален наталитет, но опозицијата (македонска) го блокира тој обид. =

нели тоа на уставен падна? пошто е дискриминација а тоа според устав не смее ја бар така разбрав

може не мислиме на исто, н е пратам многу-многу

Нема дискриминација. Во пренаселените места треба да се стимулира едно дете, во местата со намален наталитет три деца. Селата ни изумреа, пола од градовите и само едно пренатрупано Скопје. Народот е сиромашен и тоа е главаната причина за намалување на наталитетот, затоа се направи и обид да се поправи оваа ситуацијата на тивко изумирање на македонскиот народ. Трендот трае 20 години, и ова беше прв обид да се залечат раните. Опозицијата, како и секогаш, го направи единственото нешто за што е стручна, ја исплука работата на власта, ма што и да е, особено ако владата прави нешто корисно, добро за народот. Затоа што секое добро дело на владата се повеќе ја одалечува опозицијата од фотеља. Но по која цена, да се оди против својот народ и својата држава. Тоа не го прави ниту една опозиција, ниту една партија, само македонската опозиција, за која парите се послатки од се.

Има дискриминација.

Во држава која е родена, поставена и се води како мултиетничка, и уставот и’ е поставен врз тие принципи, не смее да се фаворизира било која националност и/или етникум.


Нема. Не се спомнати етникуми, покриени сме со закон и устав. Иако да зборуваме отворено ненаселените градови се македонски. Кој треба да ги заштити македонците во Македонија?  Али Ахмети терористот? Епа дојдовме во ситуација, кога во независна, суверена Македонија, македонскиот народ страда, и македонските политичари се тие кои го уништуваат и угнетуваат македонскиот народ. Поточно македонската опозиција. БЦ.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #77 на: 20 Ноември 2013, 16:00:19 pm »
Нема. Не се спомнати етникуми

Етничката припадност е само еден од многуте можни основи за дискриминација.

Уставот не вели дека не смее да има етничка дискриминација. Уставот вели дека не смее да има воопшто дискриминација, по кој било основ. Во овој случај, дискриминацијата не е по народ и вера, туку по општина. Административна замислена линија нацртана со пенкало во некоја канцеларија.

Тоа по устав не смее и тоа е тоа. Крај.

На кој не му се свиѓа, си има начин како се мења устав. Па, ако изгласа парламент - нека се дозволи дискриминација по основ на адреса. Ама ваков каков што е уставот - забрането е.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #78 на: 20 Ноември 2013, 16:02:43 pm »
Нема. Не се спомнати етникуми, покриени сме со закон и устав. Иако да зборуваме отворено ненаселените градови се македонски. Кој треба да ги заштити македонците во Македонија?  Али Ахмети терористот? Епа дојдовме во ситуација, кога во независна, суверена Македонија, македонскиот народ страда, и македонските политичари се тие кои го уништуваат и угнетуваат македонскиот народ. Поточно македонската опозиција. БЦ.

Тука да запреше ќе беше супер и комплетно исправно, и ќе се согласев со тебе.

Опозиција очигледно не постои. И побогу, како тоа сеуште БЦ е крив за све? Повеќе од пола декада не е на власт, ама он е уште крив? Аман бе.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #79 на: 20 Ноември 2013, 16:03:23 pm »
Точно така. Дискриминирани се граѓаните од Кратово во однос на граѓаните во Скопје. Дискриминирани се граѓаните од сите општини, во кои се затворија индустриите (фала Б.Ц) и каде што нема никаква работа, егзистенција и иднина.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #80 на: 20 Ноември 2013, 16:15:52 pm »
Опозиција очигледно не постои. И побогу, како тоа сеуште БЦ е крив за све? Повеќе од пола декада не е на власт, ама он е уште крив? Аман бе.
Крив е, и по миљарда години ќе биде крив. Исто ко Хитлер. Штетата која што ја направи не може да се санира не за 10 туку за 10 милиони години, согласно нашите ресурси и можности. Но не е само пијаницата крив, туку и психопатот, оној со кој на крај коалицираа за да доебат мајка на тоа нешто што преживеало бидејќи за тоа и си имаат земено рушвет од Елада и ЕУ. После психопатот сите надежи дека од нас ќе биде нешто се апсурдни и луцидни. Дури психопатот мислам дека беше и поштетен од пијаницата.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #81 на: 20 Ноември 2013, 16:18:00 pm »
Н.Г. имаше (а и сеуште има) повеќе од доволно време да ги оживее тие индустрии што Б.Ц. ги затворил. Зошто не се прави тоа?

Се согласувам и за тоа дека све живо и диво е набутано у Скопје, баш поради ова:
Дискриминирани се граѓаните од сите општини каде што нема никаква работа, егзистенција и иднина.

A стварно посакувам да не е така.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #82 на: 20 Ноември 2013, 16:26:01 pm »
Лоша политика е лоша политика (невложување во инфраструктура, концентрирање на државни институции во еден град, затворање фабрики, неразвивање на земјоделието итн.)
Дискриминација е дискриминација.
За заштита од лоша политика, постојат избори.
За заштита од дискриминација, постои Уставен суд.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #83 на: 20 Ноември 2013, 16:30:19 pm »
Прираст? Дечки? Џабе...

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #84 на: 20 Ноември 2013, 16:41:29 pm »
ГОмната во кои пливаме се дело на Бранко. Најкриминалната приватизација, десеткувана индустрија, 45% невработеност (во само 4 години), криминал, корумпирано судство, корупција во секој дел од општеството, неговата олигархија, укинати субвенции,  уништено земјоделие, намалени пензии и замрзнати плати, ошта несигурност, општа деградација на општеството, излив на мозок, систематско ослабување на војската до степен да не може да се одбрани од 100 инфилтрирани бандити, територијалната поделба, продадено име, знаме и нација во залог. Тие последици ќе ги чувствуваме следните 50 години. Психопатот (Љубчо) ја доуништи државата, и последната надеж дека работите може да тргне на подобро.

Голема штета е што немаме здрава опозиција. Без здрава опозиција, Македонија не може да се развива, бидејќи опозицијата е таа што ја развива позицијата, која во неа гледа конкуренција. Опзицијата ја развива државата во моментот кога ќе дојде на власт, не пијавици кои ќе доцицаат што останало. Без опозиција, постои опасност да се претвориме во диктаторска држава.

« Последно менување: 20 Ноември 2013, 16:54:16 pm LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #85 на: 20 Ноември 2013, 17:02:47 pm »
Штета што сеуште не е измислена вакцина за вирусот што те фатил ЛП ... Штета што не доаѓаш на некои собири за овие дилеми да ти ги разјаснам.

Одговорот за сите твои прашања ќе си го најдеш во прашањето "Зошто ни се толку ниски инвестициите, било домашни било странски?"
Одговорот е многу едноставен, бизнисмените не гледаат скорешна надеж и иднина, па така работат само колку да преживеат. За нив создавањето нов капитал гледај го исто како и желбата кај младите за дете. Од една страна потомство од друга страна преживување.

На крајот на краиштата еве и да им дозволеа на руралните средини пари за деца, што мислиш што ќе се случеше? Истото што се случува и сега, ќе одеа во другите градови, еве да не биде само Скопје. Истото се случува со субвенциите за земјоделство ти ги даваш они купуваат коли и станови.

Многу има за пишување на оваа тема ЛП, главниот проблем во овие 22 години е што политичарите бараат брзи решенија, а не сигурни и добро осмислени за иднината.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #86 на: 20 Ноември 2013, 17:10:37 pm »
Јас не набројав прашања, туку го констатирав сработеното на претходната власт. А би додал, дека имаат -1 странски инвестиции. Зошто -1? Па затоа што го истераа Ауди, кој сам бараше да дојде во Македонија. Никогаш не се ни трудеа да привлечат странски инвестиции. Ти дали разбираш до колку деструктивна беше претходната политика?

Оваа власт барем се труди, и од петни жили донесе 5-6 инвестиции.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #87 на: 20 Ноември 2013, 17:50:43 pm »
Јал не јал ЛП 3.5 . Кој што направил не најмалку важно, минатото може само да не учи за грешките. Очигледно како и секогаш неможеш да ја согледаш поентата на тоа што ти се пишува.
Никој не го спори фактот за тоа кој згрешил во минатото. Истовремено немој да заборавиш декапоследниве години државата располага со најголем Буџет, а со тоа и шанса да се исправат сите неправилности.
Не е поентата да им платиш на странците за да дојдат. Си се запрашал кој е НЕТО ефектот од нивните инвестиции?
Еве јас ќе ти доловам
1. Плата минимална,
2. Ослободени од придонеси во следните Х години
3. Македонците најмногу напредуваат до низок менаџмент, а со тоа немаат допир со западниот менаџмент
4. Сите суровини се увезуваат
5. Не плаќаат никаков данок на добивка, а и да треба тогаш е минимален, со што и да произведуваат производи со висока додадена вредност профитот оди во странство
6. Истиот тој профит ќе ти го поткопа фиксниот девизен курс
7. Дали сето ова те потсетува на современо ропство?

Драг мој ЛП (не сум ироничен) како што гледаш работите не се зимаат здраво за готово. Вистинска инвестиција е Микросан, Алкалоид и сл. Тоа се компании што се со домашен капитал, користат домашни суровини и го вреднуваат човечкиот капитал. Компанија како таа на Спортекс што извезува know-how. Компании кои профитот го вложуваат во нова технологија и човечки капитал а не сопственици кои се како паразити и гледаат само за себе.

Е тие компании исто како и едно младо си бара услови. Сака ефтини ресурси, гас, сака современа инфраструктура, сака да "дише" слободно итн...

Ми се смачи веќе да куцам ;D барем пиши дали нешто ти влегува или џабе се мачам

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2746
  • Слобода или смрт
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #88 на: 20 Ноември 2013, 18:08:21 pm »
Кога сме кај таа дискриминација која упорно ја форсирате зарем не е дискриминација ова што се случува на сите јавни конкурси. Еве да земеме за пример конкурсот за вработување во армијата. Македонци со над 90 поени се игнорирани а се вработени албанци со 60 поени. Ова не е дискриминација? Туку ние сме една толку проста нација што самата се уништува и тоа свесно.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #89 на: 20 Ноември 2013, 18:19:52 pm »
А тебе нормално ти личи, 1000 луѓе да седат дома и да земаат плата. Или во ПИОМ после 13.00 можеш само македонци да најдеш на работа, пошто само за нив важи тоа дека работно време е до 16.00 часот, да не зборам за други министерства, или министер да ти се потпишува со име и презиме на латиница (не своерачен потпис), дисциплински да летаат за македонци а да не смеат да помислат за дисциплинска за албанци, џандари да се ракуаат со сопрени возила од „оваа страна“ а нашиве да ги казуваат, а тие џандари од другата страна да те замараат ез разлика, или никој да не дава фисална сметка од „оваа страна“ а наш за најмала ситница да го казнат 7000 евра, да ти постават светлечки орел на сред Битпазар или сите џамии кои се културно наследство од отоманско да ги китат со звучници и неонки, да ти градат џамии на место куќи во сред населба, да ги избркаат сите вработени во Струга и Кичево ...

...а истовремено да се лажеме колку сме само патриоти.