А да, и да не заборавиме дека децата не се најголемото богатство што може да го има човек. Едно дете е огромно богатство. Второто е веќе една стотина од богатството кое е првото. Третото дете веќе е околу 1500еур богатство. Четврто околу 300еур и така...
Разликата меѓу 0 деца и 1 дете е бесконечно голема. Разликата меѓу 1 и 2 деца е бескрајно помала од таа претходно. Веќе разликата меѓу 2 и 3 деца е страшно мала - дури и занемарлива. Само терет. Четири деца е не само терет туку огромен терет. Пет...
Односно математички покажано:
Ако земеме лимес во кој Х->∞, а Y->0
Според тоа може да заклучиме дека вредноста на едно дете, спремма ниедно е следната: 1/0=? Ако ја замениме нулата со y за да може да поделиме со 0, добиваме резултат ∞. Значи вредноста на едно дете, во споредба со ниедно е бесконечно поголема.
Понатаму, за второ дете во однос на прво дете равенката е 2/1=2. Значи вредноста на второто дете е 2. Тоа не само што е конечен број, туку е и многу мал конечен број.
За 3то дете во однос на 2 деца е 3/2=1.5 и така натаму вредноста на децата се намалува.
Голем дел од родителите своето дете го нарекуваат „злато“ мамино или татино. Значи дека вредноста на детето е споредлива со злато. Согласно тоа коефициентот на вредноста може да го замениме со тежина злато.
Односно практично покажано,
Имање на 0 деца значи дека „дечја“ вредност 0, односно 0гр злато.
Добивање на прво дете значи дека имаш бесконечно грама злато. Еквивалент на тоа би бил Цар Соломон или во поново време фамилијата Ротшилдс.
http://www.watchingtheworld.org/961/list-of-top-10-wealthiest-historical-figuresИмање на второ дете значи дека добивката е 2гр злато. Тоа се околу 80 евра.
Добивање на трето дете значи дека добивката е само 1.5гр злато. Тоа се 60 евра.
И така прогресивно надолу. А трошоците растат, ли растат.
Се надевам ви појаснив зошто се користи реченицата „децата се непроценливо богатство“. Зошто разликата меѓу немање на дете и имање е огромна и масивна. Со други зборови „имање на дете е непроценливо богатство“. Не значи дека треба да ги има милијарда деца.
Многу убав виц постои кога си разговарале лисицата и лавицата:
„Лавице ти колку лавчиња роди?“
-„Едно лавче - машко“.
„Аааа едно само а, ајде нека е живо и здраво. Ама малце некако едно, јас по 3-4 раѓам“.
-„Лиске, јас кога раѓам лав раѓам“.
Зошто е непроценливо богатство прашувате? Вака сега да ви објаснам.
При настанокот на Земјата дел од молекулите формирале разни форми и врски. Тие траеле извесно време и се распаѓале. Но, се погодиле некои од тие молекули да мож да прават исти такви молекули како нив. И правеле, и правеле такви како нив. И всушност дошло време кога тие врски можеле да опстојат многу долго време, наспрема оние кои се распаѓале. Не опстанувале самите молекули, туку опстанувала информацијата за репликација која ја носел тој молекул.
Со текот на времето некои молекули станувале поуспешни од други молекули, затоа што не се размножувале толку непрецизно туку започнале да се размножуваат прецизно и то точни копии, кои прават се помали и помали грешки. Дел од тие молекули почнале да жртвуваат дел од својата можност и енергија за репликација заради формирање на бариера кон надворешноста. Сега веќе почнала борбата на бариерите. Кој ќе има подобра бариера, тој ќе преживее да се размножува и понатаму. Молекулите формирале разни форми и бариери, и почнале да се здружуваат. Дел имале бариери, дел имале офанзивни средства. На молекуларно ниво.
Тие бариери растеле и а молекулите во нив се размножувале. Делови од таа бариера стамувале специјализирани за некоја работа, пак на терет ан енергија и на терет на размножувањето. Па затоа и почнале да ја пренасочуваат енергијата кон други форми на заштита, односно инвестиција за идните генерации.
Бариерите и механизмите, со текот на времето формирале основна клетка. Односно голем број на молекуле се здружиле во целина која може да функционира самата. Борбата на бариерите, за зачувување на информацијата која ја носи молекуот продолжила. Се формирале се подобри и подобри бариери и кклетки. Се со цел да се зачува таа сега веќе позната како „генетска информација“.
Клетките формирале, покомплексни и покомплексни форми и единки. Тие станале огромни тела на животни кои ја носат и ја штитат таа генетска информација. При размножувањето на овие единки, пак се почнува од таа основна информација на почетокот. Само една единствена клетка е доволна за да отпочне нов живот. Таа самата ќе си формира оклоп како на нејзините претходници. Информацијата е тука. И таа информација не не ништо повеќе отколку информација за како да се изгради тој оклоп. Па стигнавме и до луѓето. Тој оклоп се развил до масивен степен, каде со брутални заби и канџи, каде со парки и остри заби, каде со голем мозок (барем кај некои човекови единки). Тие оклопи сме ние. Информацијата се менувала многу малку низ генерациите, заради процесот на скоро совршена репликација. Значи нитката на репликација на еден молекул довела до тебе. До тој „оклоп“. Секоја единка жива денес води потекло од тие реплицирачки молекули пред милијарди години. Тие молекули поминале низ риби, низ влекачи и цицачи. Тие молекули оформиле оклоп кој издржал милијарди години. Информацијата ја зачувал некако. Успеал да ја зачува. Карпа нема толкава моќ на зачувување на информација. Ако се запише информација на карпата, таа ќе се излиже, ќе се избрише после 100-1000 па и 10000 години. Еве нека се и милион. Овие информации останале со милијарди години. Не се истите молекули кои биле тогаш, но информацијата е таа. Да, се гребнала низ годините. Паднало некое парче, ама битно се чита.
Твојот, мојот и на Јонче Христовски прадедо не е ист, но е сличен. Тој е дедо кој живеел прошлиов век. Но, нашите пра-пра-пра-пра...дедовци од пред 2000 години биле слични. Тие биле глупави луѓе кои не знаеле многу. Верувале дека плимата ја носи комшијата кога се моли. Нашите прадедовци од пред 10000 години се слични меѓусебно. И тие седеле по рамнините во африка. Од тие потекнуваме. Имаме скоро исти гени со нив. Тие со само 300-400 генерации стигнале до нас. Не се тоа којзнае колку генерации. Можеш семејно дрво да направиш со 300 генерации нагоре и да го испечатиш.
Таа молекулна инфомација за репликација и заштита е битната. Таа е онаа која не формира нас, и според која функционира живиот свет. Таа има само една цел, а тоа е да ја пренесе информацијата на било каков начин понатаму.
Немањето на ниедно дете, значи дека оваа нишка која ја споменавме - застанува. Нема понатаму. Траела таа информација 4-5 милијарди години и и дошол крајот. Не успеала да се реплицира понатаму. Умрела. Се потрошила нејзината способност за понатамошен развој. Нема веќе ништо после оваа нејзина последна копија. Толку е. Четири милијарди години чување на тој код, и завршува тука. Ете баш тука, во Бутел. Во дупката под каменот. Крај. Џабе е креиран оклопот, џабе потрошената енергија за изградба и конфигурирање на системот. Основна единка на животот е таа молекула. За нејзе живееме, сакале или не. Таа не води низ животот наш кратот, ние сме само мала и кратка етапа од нејзиниот живот. Функционираме се додека не дојде времето да искочи нов модел на оклоп и да продолжи понатаму. Додека оклопот не е доволно силен, се чува стариот за да не не успее новиот. Откога ќе се стабилизира и ќе стане барем онолку силен колку стариот - веќе нема потреба од стариот оклоп. Може да се фрли во дупката под каменот. Тоа е вредноста на имање на 1 дете наспрема ниедно. Да, две е поредундантно решение од 1. Но и лавицата го дави едното лавче ако смета дека тоа ќе овозможи подобар живот на другите три лавчиња.