Pinky се продава пунто 2 класик со дизел мотор за околу 8000.
Нема 2 недели откако бев во салонот на Фиат. Пунтото повеќе не се произведува воопшто. Ми понудија Линеа со 1.3 дизел и Ево со... Ок... тоа му е работа, макар што пунтото за мене е далеку пред Линеа.
ОПШТО ЗЕМЕНО: многу е лесно да речиш „фрли уште 2000 евра, ќе знаеш што возишш“. Ама не е така...
Добриот пазар е понуда само за тој што има капитал.
Сервисот на Линеа што се прави на 10 000 кошто околу 100тина евра, исто како кај Ибица, исто како кај C-elysee...
За некого се релативно малку, за некого сочно многу. Зошто? Епа сега, во Скопје стандардот е повисок, во провинција далеку поопаднат. сервиси 200 евра годишно + регистрација + гориво + гуми...
На годишно ниво - околу 700 евра без горивото...
Истите километри ги врвам со Шкодата со 6.5 на 100 потрошувачка, со нецели 4000 денари сервис годишно (масло, филтри, платина , кондензатор + некоја ситна зафрканција како на пример брисачи, дихтунче некое што капи, или дефект кој никогаш не бил поскап од 1000 денари...) само што таа носи 13ки или 14ки (зависи од изведба) наместо 16ки бандаши и гумите коштаат половина од цената на другите...
Добро, генерално задоволен од искуството, па кога би имал шанса би одбирал повторно кола без опрема, релативно едноставна за сам да ја одржавам пошто ми е кеф + 13ки или најмногу 14ки тркала...
И сум ја товарал и сум ја извалкал и сум возел на отворено и на планина и секаде...
НЗС... си се откажал од клима, од сила, електрични стакла, ABS, GPS, ESP , AirBag... си добил подобри off-road способности, си заштедил на сервис драстично, на регистрација драстично...
Едноставно, ТАКВИ МИ СЕ ПОТРЕБИТЕ... Која кола сега одговара на овие барања?
Муабетот од Фаланга го гледам како многу суштински дел на дискусијава. Кинезите допрва ќе земаат залет, како што беше случајот и со скутерчињата...
Никогаш не можеш да знаеш. Но, тоа што го гледам како негативно, на ефтините фуш кинески коли се става дополнителна сложена опрема што ја прави далеку понесигурна отколку да беше без неа... фуш AirBag, ABS, серво волан...