„Во Солуна грош сомуна, ама до Солуна пет сомуна“ - Народна поговорка.
Мене никогаш не ми излегла твојава математика. Прво 5 души во кола не би сакал да се возиме, па уште во мало аутце нема шанса. Прв излегувам од кола и им викам среќен пат. Стално кога идам на шопинг во Солун трошам бар 50 евра на глупости, т.е. незнам ни јас зошто...ред були, гира, сладоледи, бомбони, сокчиња, пица-чкарт, старбакс...Во Космос никад не идам пошто нема избор и цените се секогаш повисоки. Во Космос одат оние кои не го познаваат Сомун и тоа најчесто со т.н. „шопинг турите“ (читај мрцварење турите) со автобуз каде шоферот шверца свашта и со кои на граница те чешлаат 3 саати. Најопремени се продавниците низ ценарот, а и за време на попуст таму цените се најниски. Понатаму, кога идеш према краците кон излез имаш еден аутлет, отворен е пред некоја година. Таму имаш најефтина спортска/копачка опрема и најголеми попусти за време на попусти. Одма тука ти е и големото Плаисио каде имаш прифатливи цени на електронски уреди и компјуерски делови, но најбитно го враќаат ДДВ-то во целост за разлика од останатите. А исто има и карши уште една продавница, на врв јазик ми е името ама не ми текнува каде исто имаш голем избор на компоненти и враќаат ДДВ.
Е сега паркинг низ центар-центар е од 3.5 до 5 евра на час во зависност од тоа каде ќе паркираш и колку време ќе седиш. Има еден ефтин паркинг шом ќе влезеш после пристаништето, ама има многу пешадија за до тие продавниците за ташни-машни како H&M и слично. Па затоа и не се ни замарам таму да паркирам и да акам со саати пеш. Автобуските карти се по пола евро, некогаш и нив ги користам кога нема логика да се враќам по кола. Но автобуси во прицнип не сакам, а таксистите се рекетари и нив не им давам пари.
Ако правие муабет за исплатливост секако дека се исплати да идаеш на шопинг со 300+ евра по чоек. Со помалку ја и жена ми во принцип не идеме. Ама за пар опинци нема поента, па макар и 4 души да купеле по еден пар. Ама ако така сега гледаме со 600+ евра се исплати да идеш и до Хамбург/Штудгард/Франкфурт/Дизелдорф/Берлин/Минхен во Германија со кола или два месеци однапред да си букираш повратна карта за 150 евра + 50 евра + 30 евра за метро и јадење/пиење за да преспиеш...Со 400 евра купувам повеќе и поквалитетна гардероба одошто во Грција. Ама ако одам натаму нема да останам еден ден и нема да се стискам да спијам УПМ во ефтино мотелче и скромно да јадам и пијам, туку гарант ќе распукам уште 200 за таа цел. А што правиме со посета до локалните пуф-ови? Така да шопингот во Солун е еден муабет, а цената на зелените куртони е друг и тие два немаат никаква врска во принцип.