Ќе пишам еднаш и ќе се обидам на тоа да останам (впрочем и затоа се регистрирав на форумов, испровоциран и од новиот закон но и од муабетов овде).
ОХ мори мајко! ...ми доаѓа да речам од прва. Се чувствувам како магаре. Не сум некој гомнојадец опозиционо ориентиран вака или онака, но ајде објаснете ми како може овој нов закон да биде добар за мене. Да, и мене Грција ми е под тераса, али одам само на одмор еднаш годишно, плус тоа за моја несреќа имам Мондео со 115КС. И сега шо праам!???
Драг мој пишувачу од претходно шо јадеше гомна демек тие со над 90КС се курчеле, без оглед на твоето искуство на форумов може да речам слободно дека многу искомплексирано сереш безвеза! За какво курчење ми збориш пријателе, мојата кола има 25КС повеќе од твојата??? Ти се молам!!! Дај малце размисли дали ако те престигнам на автопат и ти личи дека ти стоиш во место тоа е резултат исклучиво на КС!?? Очекувам од некој што е зачленет на форум со име „CarClub“, да е љубител на автомобилите и да има респект за секоја една КС во сопствен или туѓ автомобил. За жал, јеби га.
Навистина барав логика да најдам каква врска има снагата на моторот со цената на зелениот картон!? И благодарение на претходен еден ваш пост кој вели дека зелениот картон ја покрива штетата што евентуално би ја направил во странство, искубав една каква-таква логика што може да има некакава врска, но исклучиво според асоцијации на трговско-политички ум. А тоа е следново:
- Ако имаш некоја коњска сила повеќе во колата тоа би значело дека ти би возел побрзо од останатите а тоа аналогно би значело дека ако лупнеш некого од поголемиот залет жртвата што ќе ја лупнеш ќе претрпи поголема штета па осигурањето ке кошта повеќе.... Хахахахахахаха....
Каде ли живеам луѓее! Се срамам од ова шо ми го прават.
Како и да е, ми го спопикаа од убаво поубаво, сега ќе платам 5.500ден за да одам да се избањам само во еден наврат на едно 80км од кај што живеам. Да, од Гевгелија сум.
Најстрашното од се... ќе јадеме гомна по форуми, ќе знаеме што треба а што не треба да се направи... и толку!
Ајде, да стиснеме заби оти осеќам... ќе биде скоро и групњак!!!