Матеј, по ново сега, секој влог е осигуран до 30 000 Е, 100% во фондот за осигурување на депозити ...
Но она што го мислев е дека, ако еден ден не решат веќе да и помагаат на ГЕЈЛАДА финасиски, еврото ке изгуби на својата вредност...Не знам како следиш глобална економија, ама и Германија а и Франција полека се заморуваат со овој проблем со Грција... Плус сега и националниот долг на УСА е во плафон...
Ти ке си ги земеш назад 30 000 Е + камата, само што истите пари ке бидат со намалена куповна вредност ...
истото важи и за нашиот денар, слепо врзан со фиксен курс со Еврото ... Помала инфлација и ке почнат да бришат нули од банкнотите како во бившата Југославија ...
Ако грешам у моите претпоставки, S1+6 може да ме исправи, у таа бранша е, и Falanga чинам ...
уште една работа што не иде у прилог е фактот дека каматни стапки на депозитите, полека, но сигурно си паѓаат ...
Пред година и пол имаше банки кои нудеа околу 9-10% стапка на денари ... сега е околу 6% со тенденција да паѓа ...
Затоа и според мое мислење е најдобро да се инвестира во недвижнини, чисто за изнајмување ..
Тука пак цената на метар квадратен е во постојан пораст ..
Забегавме од темата, ама интересна дискусија ...