Матеј, по ново сега, секој влог е осигуран до 30 000 Е, 100% во фондот за осигурување на депозити ...
Но она што го мислев е дека, ако еден ден не решат веќе да и помагаат на ГЕЈЛАДА финасиски, еврото ке изгуби на својата вредност...Не знам како следиш глобална економија, ама и Германија а и Франција полека се заморуваат со овој проблем со Грција... Плус сега и националниот долг на УСА е во плафон...
Ти ке си ги земеш назад 30 000 Е + камата, само што истите пари ке бидат со намалена куповна вредност ...
истото важи и за нашиот денар, слепо врзан со фиксен курс со Еврото ... Помала инфлација и ке почнат да бришат нули од банкнотите како во бившата Југославија ...
Ако грешам у моите претпоставки, S1+6 може да ме исправи, у таа бранша е, и Falanga чинам ...
уште една работа што не иде у прилог е фактот дека каматни стапки на депозитите, полека, но сигурно си паѓаат ...
Пред година и пол имаше банки кои нудеа околу 9-10% стапка на денари ... сега е околу 6% со тенденција да паѓа ...
Затоа и според мое мислење е најдобро да се инвестира во недвижнини, чисто за изнајмување ..
Тука пак цената на метар квадратен е во постојан пораст ..
Забегавме од темата, ама интересна дискусија ...
Да во право си знам дека направија некои промени во законот додека беше кризата кај нас актуелна.Пратам економија бидејќи тоа студирам и ме интересира посебно глобална
.Германија и Франција помошта што и ја дадоа на Грција некаде читав дека тие пари веќе ги сметаат како изгубени бидејќи кога ја прочешлаа цела говнарија излезе дека се заглавени многу повеќе одколку што сите мислеа дури и цркавата прикривала данок
но мислам дека со нивната финансиска моќ и цела индустрија ќе опстои еврото бидејќи ако падне еврото ќе падне и цела унија.
За долгот на УСА баш сега дека сум тука и пратам дека се во преговори да го намалат долгот за цели 4 билиони долари како што сака Обама додека,републиканците сакаат многу помалку намерно за во случај ако му успее планот да ја намалат опасноста од пораст на популарноста така да добри денови претстојат за твојата валута
Каматите нормално е да се намалат после период на инфлација бидејќи секогаш растат во време на инфлација се со цел да се соберат што повеќе слободни пари во економијата така да не те чуди тоа може и уште повеќе да паднат.
Затоа убаво си кажа само недвижнини доколку имаш можност во Скопјево во наредниве 10 години сигурно ќе бидат во пораст.Живеам во Дебар Маало во Скопје и гледам колку брзо се продаваат станови во новоизградени згради и колку лесно се издаваат.