Автор Тема: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?  (Прочитано 195971 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14190
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #615 на: 10 Ноември 2016, 11:51:22 am »
Сега во Ново Лисиче, поточно кај Февруарски Поход и кај последна 5/15ка прават раскрсници со семафори.Зашто се толку глупи не ми е јасно, ама ние станарите има да го јадеме у велико со чекање безпотребно.Од сите можни решенија овие мислам дека ко за инат го прават тоа што е најглупо и најдегенско,и што ќе ни го зголеми патувањето од и до дома за 3-4 минути најмалце.

Знаете дека спремаат да стават семафори? :)

Неам видено подебилно сообраќајно решение. 

Бидејќи тука живеам, немате појма колку пати се имаат испочукано коли.

Пред некоја недела еден го собраа со мотор од самиот хаос што се предизвикува.

Ако веќе мораше да се прави регулација, доволно беше кружен тек.


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #616 на: 10 Ноември 2016, 18:25:04 pm »
Сега во Ново Лисиче, поточно кај Февруарски Поход и кај последна 5/15ка прават раскрсници со семафори.Зашто се толку глупи не ми е јасно, ама ние станарите има да го јадеме у велико со чекање безпотребно.Од сите можни решенија овие мислам дека ко за инат го прават тоа што е најглупо и најдегенско,и што ќе ни го зголеми патувањето од и до дома за 3-4 минути најмалце.
Отвори граѓански сервис на општина аеродром и читајте колку се жалеа жителите и колку бараа да се стават семафори таму. Не се погодува на секој како и да е.

Sent from my Huawei P9


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4288
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #617 на: 10 Ноември 2016, 20:48:08 pm »
Не е работата за погодување или не,туку за практични и корисни решенија за добробит на сите жители.А со семафорите,нити ќе биде побезбедно,поготово за децата во школо што идат,нити ќе биде проточно.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #618 на: 10 Ноември 2016, 21:23:18 pm »
Семафорите се ставија заради децата во школо. Зашто мислиш дека не е безбедно со семафори за нив?

Sent from my Huawei P9


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4288
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #619 на: 10 Ноември 2016, 21:33:11 pm »
зошто еден куп деца изгазија на раскрсници со семафори,затоа мислам дека не се безбедни ни со семафори.Дека се побезбедни него ли со семафори,можам да се сложам,ама дека се безбедни не.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #620 на: 11 Ноември 2016, 23:04:43 pm »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29801
    • CARclub.mk
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #621 на: 23 Ноември 2016, 17:46:50 pm »
Многу се радувам што цела Партизанска има велосипедска патека. Потег за поздрав и апсолутно го поддржувам движењето во таа насока.

Се спремам сега за неизбежното кукумјавчење на некоја друга тема од точакџиите што се однесуваат како да се над законот. Дополнително, пошто сега цела Партизанска има велосипедска патека, барам законски да имам право да го опалам со отворена врата во движење секој точакџија што ќе вози по коловозна лента. Фер?

(Плус, предлог-закон - секој точакџија што ќе биде фатен како проаѓа на црвено, да му биде конфискуван точакот и пред него поминат со ваљак. И тоа е фер.)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17608
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #622 на: 23 Ноември 2016, 17:54:38 pm »
Колку што е фер и сите коли и пешаци што поминуваат на црвено да бидат поминати со ваљак.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29801
    • CARclub.mk
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #623 на: 23 Ноември 2016, 17:58:36 pm »
Ние плаќаме казни. Точакџиите не.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17608
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #624 на: 23 Ноември 2016, 18:00:50 pm »
Да видиш како плаќаат ако се фатени на дело. И пешаците исто. Проблемот настанува кога нема кој да ги фати на дело и нив, и овие со коливе, бидејќи нема полиција на терен.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55053
  • Махер
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #625 на: 23 Ноември 2016, 18:02:02 pm »
Ваљациве незнам, ама за вратата со сигурност.

На илинденска откога се направи патеката веќе немаше зошто да се ризикува да се меша точак со колите. А сега и на Партизанска ако е, ќе е супер. Ем повеќе луѓе ќе се одлучат за точакување, ем повеќе ленти слободни.

Башка што заличе конечно Партизанска на нешто. Дојдена беше до степен пешаци да мораат да одат по улица од крајно несовесно паркирање. Вака пешаци и коли и точакџии минимално да се мешаат меѓусебно. Најдобро и единствено логично решение.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #626 на: 23 Ноември 2016, 18:03:32 pm »
@Класниот: Па онда нека го казнат соодветно, или ако се оди по твојава аналогија, нека ги ваљацираат колите на тие што ќе поминат на црвено... За пешаците не знам, ќе треба да се најде нешто у истиот домен... Да им ваљацираат обувките или нешо, шо знам.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29801
    • CARclub.mk
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #627 на: 23 Ноември 2016, 18:08:09 pm »
Да видиш како плаќаат ако се фатени на дело. И пешаците исто. Проблемот настанува кога нема кој да ги фати на дело и нив, и овие со коливе, бидејќи нема полиција на терен.

Понекогаш сарказмот е тешко прифатлив.

Нејсе, ете, така нека биде. Јас во моето 14-годишно возачко искуство во Скопје можам да ги избројам на прсти инстанците што сум ги видел и што ги знам кога пешаци и велосипедисти добиле казна.

Дури, и на форумов кога се дискутирало казнување на велосипедисти, нивниот (арогантен) став бил „ако ме фати нека ме казни.“

Тоа што јас го барам е еднаквост пред законот, за сите учесници во сообраќајот.

Башка што заличе конечно Партизанска на нешто. Дојдена беше до степен пешаци да мораат да одат по улица од крајно несовесно паркирање. Вака пешаци и коли и точакџии минимално да се мешаат меѓусебно. Најдобро и единствено логично решение.

Ептен е така. Затоа и се радувам и го поддржувам ова. И воопшто не сум саркастичен со поддршката. Напротив - еве, и од себичен аспект, колку повеќе луѓе на точаци, толку помалку луѓе во коли, толку пораат јас ќе возам.

--

My point is.. Не може една група од учесниците во сообраќајот да биде окривувана дека е крива за све цело време, и само таа група да биде казнувана. Треба да се размислува малку здраворазумно, и да се обезбедат услови за нормално (и еднакво, како по условите, така и пред законот) одвивање на сообраќајот. Не може за едни казната за црвено да биде 300 евра и одземање возачка, а за другите да нема никаква.

Баш ме интересира, ај нека ѕирне некој од правниците - колку е казната за проаѓање на црвено со велосипед?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20145
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #628 на: 23 Ноември 2016, 18:23:54 pm »
Може како не може, исто како белите христијански мажи што се криви за се во светот така и со колите. Од друга страна сега да ги решат колите пред кафичите на Партизанска и мирна глава конечно.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29801
    • CARclub.mk
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #629 на: 23 Ноември 2016, 18:34:42 pm »
Еволуциски сме далеку од тоа.

Треба да се заоѓа од казни пишување за паркинг. И ако те казнат втор пат на истата локација, пошто не ти дошло памет од првиот пат, дупло поголема казната да биде.

Паркирањето пред Броз ме вади од кожа. Дувло на сељачизам.