Пред 2-3 дена, возам по Партизанска од Влае накај Центар. Дечко на точак пројде на црвено на семафорот после мостот Обединети Нации, и после тоа на црвено на секој семафор до Универзална. Намерно возев многу полека за да го следам. Не ни успоруваше на семафорите, него едноставно си пројде.
За пензионери на новите семафори (кај Хотел Карпош, Броз Кафе, итн) да не праам муабет... Не ни погледнуваат лево-десно.
Моторџии генерално под-успоруваат кога ќе стигнат до семафор, погледнуваат лево-десно и проаѓаат. Меѓу нив ги бројам и оние на скутерчиња, што ми се особено суицидни.