@Carrier & Chlink
Доколку не штети плинот на моторот на производителите многу поефтино би им било да нудат економично возило со плинска инсталација на постоечките бензински мотори отколку развивање на дизел мотор. На плин страдаат бомбини, свеќици, вентили, глава, сонди и друго 3 пати побрзо него ли на бензин, за перформанси неќу ни да зборам. Аналогно на тоа, доколку зимам веќе кола со која имам намера да заштедам некој динар, ќе си земам дизел кој по перформанси по дефаулт ќе биде подобар од бензинец адаптиран на плин, многу полесен за одржавање и нема да носам боца во гепек.
Грешка си околу повеќето работи. Mногу автомобилски компании нудат фабрички конвертирани возила на плин или метан.
Пример:
http://www.autoevolution.com/news/fiat-to-showcase-lpg-grande-punto-panda-and-bravo-3343.htmlhttp://green.autoblog.com/2009/10/04/opel-will-offer-two-factory-installed-lpg-models-meriva-and-cor/http://www.lanciapress.com/press/detail/11109и многу многу други фабрички конверзии. Оние дилери кои соработуваат со плимонт за монтажа на плин кои ја задржуваат гаранцијата, сигурно за тоа имаат одобрение од производителот, бидејќи производителот може да изврши контрола за повик на гаранција во било кое дилерство, па не верувам дека било кој дилер тоа на своја рака ќе го прави.
Нема никаков разлог плинот да ги троши повеќе деловите на колата од бензинот. Лошо наместен плин, кој таксистите го „стегаат“ да им троши помалку и праат сиромашна смеша,развива поголема температура која придонесува до побрзо расипување (горење издувни вентили и слични муабети) кои во суштина само придонесуваат кон прикаските. Мојата лада самара имаше плин монтирано веднаш по саглам ремонт, тогаш само макпетрол монтираше плинови, после тоа поминав 100.000км и повеќе без проблеми. Цитроенот на моите е конвертиран пред 90.000км, сега има 240.000 без пипнат мотор (1.8i) само потрошни резервни делови и уље и филтри. Моето искуство вели дека плин е ок
Што се однесува до бомбини и свеќици, исто така нема дилема тука, плинот е нешто поосетлив на лошо палење, со свеќици кои на бензин едвај работат, веројатно ќе имаш проблеми со плинот. Свеќици со неправилен зазор (истрошени) може побрзо да ги сјебат бомбините исто како и на бензин. За сондите нема муабет тука сондите може да се уништат ако имаш постојано богата смеша со несогорен плин. Исто е и со бензин, ако имаш постојано богата смеша ќе ти ги сјебе сондите и катализаторот (за овој не треба да се плашиш од плинот - остануе ко` нов). Плинот кога согорува, имаш многу малку цврсти честички и гареж, моторот е почист. Можеш тоа да го приметиш при промена на масло, маслото после неколку иљади км на бензин станува црно, а на плин при редовна промена (10.000 или 15.000 или 20.000 како е пропишано, не треба почесто) останува чисто.
И на крај, Еколошките придобивки од плинот се доста големи

Нема азотни оксиди, и освен CO2 и водена пареа друго од ауспух не искача

Во многу земји ако имаш инсталирано LPG или CNG си бенифициран со неплаќање на еко такси. Во Лондон не плаќаш congestion fee ако имаш плин (London Congestion Charging Exemptions Many LPG vehicles can be made exempt of the £8.00 per day London Congestion Charging, when fitted with the appropriate lpg system)
ИТН....
Не приоѓај со толку предрасуди кон lpg. И јас би возел цело време на бензин да не ми е заштедата од околу 1.200-300е годишно....