Автор Тема: Bord kompjuter !  (Прочитано 7770 пати)

Отсутен ford ST

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Bord kompjuter !
« на: 01 Јули 2011, 20:17:33 pm »
Me interesira dokolku se vgradi plin na moderna kola so bord kompjuter,dali i ponataka ke moze da se otcita sredna,momentalna potrosuvacka...ili toa ke odi kako i kaj postarite koli princip polni cel rezervoar, vozi ,pa smetaj kolku si pominal kolku prosecno si potrosil i tn.I pokraj razlikata vo cena na benzin-plin nekako grdo mi izgleda i demotiviracki dokolku bord kompjuterot ja izgubi funkcijata za koja e namenet.
« Последно менување: 01 Јули 2011, 21:20:29 pm ford ST »

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Bord kompjuter !
« Одговори #1 на: 01 Јули 2011, 22:18:26 pm »
Бордот ќе ти рачуна како да возиш на бензин, па зголеми го тоа за едно 20%.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Bord kompjuter !
« Одговори #2 на: 01 Јули 2011, 22:33:38 pm »
15%
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Bord kompjuter !
« Одговори #3 на: 01 Јули 2011, 23:39:58 pm »
mene bordot na Ibizata mi pokazuva isto kako prethodno koga imav benzin taka da sam preracunaj si posle :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Bord kompjuter !
« Одговори #4 на: 02 Јули 2011, 00:22:22 am »
и на бензин и на плин, рачунај си од полн до полн резервоар. Во потрошувачката на плин никој не ти рачуна дека поминуваш 1-2км (зависи од временските услови и загреаноста на колата) на бензин. Ако праиш градски релации тоа ти е 10-15% пат на бензин.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Bord kompjuter !
« Одговори #5 на: 04 Јули 2011, 19:31:10 pm »
Бордот ќе ти рачуна како да возиш на бензин, па зголеми го тоа за едно 20%.

15%

Процентот значи дека возилото е влезено мал процент (не 15 или 20) во сиромашна смеша на коректорите (Fuel trim).

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Bord kompjuter !
« Одговори #6 на: 04 Јули 2011, 20:47:12 pm »
Бордот ќе ти рачуна како да возиш на бензин, па зголеми го тоа за едно 20%.

15%

Процентот значи дека возилото е влезено мал процент (не 15 или 20) во сиромашна смеша на коректорите (Fuel trim).

Мојот мозок не ја испроцесира оваа реченица  ???

Кај мене борд компјутерот покажува 12.x л просечна потрошувачка (исто ко на бензин) кога ја возам на плин. На бензин борд компјутерот речиси и да не лаже - проверено со фул полн резервоар, извозено одредено километри и пак наполнето фул.
На плин кога возам, потрошувачката е 13.5 л плин кога борд компјутерот покажува 12.1-2.

Што значи возилото е влезено мал процент во сиромашна смеша на коректорите ?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Maks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 253
    • RACE CHIP
Одг: Bord kompjuter !
« Одговори #7 на: 05 Јули 2011, 15:23:23 pm »
pred 10 godini koga bese prviot uvoz na koli,mi donesoa Alfa 155 so fabricki plin,koga ja nosev kaj skopskive togasni plinari tvrdea deka kolata nema plinski ured :), Znaci rasplinjaca ne postoese,imase dizni mnogu slicni na benziskite dizni ama metalni bea celi,vo sekoja od niv vleguvase konektor ist kako i kaj benziskite dizni,na plin odese pobrzo,trosese isto kako i benzin i sto e najbitno koga ke se prefrlese na plin i strelkata za rezervarot na shal tabla pokazuvase kolku plin ima.

bese sertificiran ALFA plin ama kaj nas na masinski ne projde zasto nasiov inzinjer sokolov mislese deka nasive majstori se postrucni odkolku vo fabrikata na ALFAROMEO.

Штета што не сум се родил 30 години порано.
Сакам коли од железо не од пластика,пластични имав пред пубертет.  

FrontWD Sucks!!!

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Bord kompjuter !
« Одговори #8 на: 05 Јули 2011, 19:11:10 pm »
Бордот ќе ти рачуна како да возиш на бензин, па зголеми го тоа за едно 20%.

15%

Процентот значи дека возилото е влезено мал процент (не 15 или 20) во сиромашна смеша на коректорите (Fuel trim).

Мојот мозок не ја испроцесира оваа реченица  ???

Кај мене борд компјутерот покажува 12.x л просечна потрошувачка (исто ко на бензин) кога ја возам на плин. На бензин борд компјутерот речиси и да не лаже - проверено со фул полн резервоар, извозено одредено километри и пак наполнето фул.
На плин кога возам, потрошувачката е 13.5 л плин кога борд компјутерот покажува 12.1-2.

Што значи возилото е влезено мал процент во сиромашна смеша на коректорите ?

На следниов сајт може накратко да прочитате за бензинските коректори или ,,Fuel trim".
 Накратко, одлична величина која е збир од информации на повеќе сензори, изразена во проценти, поточно, величина преку која сервисот кој го одржува возилото може да види колку сензорите на возилото отстапуваат од својата нулта (зададена од производителот) позиција, и кои дијагностични дејствија да ги превземе понатаму. (доколку е обучен до одреден степен за анализа на дијагностички податоци)

http://www.obd2crazy.com/techdata.html#ftrim

Мал превод:
Fuel Trim се однесува на подесувањата што се прават динамички на основната табела за гориво за да се добие потребниот сооднос на гориво и воздух. Short term fuel trim, се однесува на подесувањата кои се прават како одговор на привремени услови.Long term Fuel trim, се користи за да се компензира за услови кои изгледа како да се присутни во многу подолг период. Fuel trim, се изразува во проценти; позитивните вредности покажуваат сиромашно (додади гориво) а негативните вредности  вредности покажуваат богато (одземи гориво). Fuel trim банки се однесува на цилиндерските банки во мотор во V стил. Цилиндер бр.1 секогаш е банка 1. Fuel trim обично се пресметува со користење на широко множество од податочни вредности, вклучувајќи O2 сензори, температура/притисок на влезниот воздух (или поелегантно сензор за маса на воздух), темепратура на моторот (средство за ладење), anti-knock сензори, полнење на моторот, позиција на лептирот (и промена на позиција на лептирот), дури и волтажата на батеријата може да влијае на протокот на гориво. Долгорочен проток на гориво обично не треба да надминува ± 10%.

-----------------------------------------------------
Доколку на твоето возило го збогатам вбризгувањето на плин во моторот, борд комјутерот ќе ти покаже помала потрошувачка од поставената на постот (Carrier166: 12.x л просечна потрошувачка (исто ко на бензин)), а во реалност ќе потроши повеќе од постираната (Carrier166: На плин кога возам, потрошувачката е 13.5 л плин).
Поентата ми е дека борд компјутерот, не мери проток на гориво, туку информации од повеќе сензори, и на основа на добиените резултати дава некоја вредност на потрошувачка.
Темата околу Fuel trim е доста поширока, и тоа е почетна точка при решавање на евентуалните проблеми при користење на плински погон кај новите современи мотори. (Бар овде во Плимонт)

Се надевам, нешто помогнав
Поздрав

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Bord kompjuter !
« Одговори #9 на: 05 Јули 2011, 19:34:32 pm »

Сега е доста појасно. малку ме збуни (кратката) реченица претходно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Bord kompjuter !
« Одговори #10 на: 05 Јули 2011, 19:35:48 pm »
pred 10 godini koga bese prviot uvoz na koli,mi donesoa Alfa 155 so fabricki plin,koga ja nosev kaj skopskive togasni plinari tvrdea deka kolata nema plinski ured :), Znaci rasplinjaca ne postoese,imase dizni mnogu slicni na benziskite dizni ama metalni bea celi,vo sekoja od niv vleguvase konektor ist kako i kaj benziskite dizni,na plin odese pobrzo,trosese isto kako i benzin i sto e najbitno koga ke se prefrlese na plin i strelkata za rezervarot na shal tabla pokazuvase kolku plin ima.

bese sertificiran ALFA plin ama kaj nas na masinski ne projde zasto nasiov inzinjer sokolov mislese deka nasive majstori se postrucni odkolku vo fabrikata na ALFAROMEO.

LPG provides about 8% more energy per unit weight (LHV = 19,757 BTU/lbm) than gasoline. Theoretically, vehicle operation with LPG should be more efficient than with gasoline, i.e., the vehicle should attain better specific fuel consumption and improved mileage. However, this will only happen if the engine design is optimized for LPG fuel. If a gasoline engine is converted to operate on LPG this increased efficiency will not be realized due to the lower density of LPG compared to gasoline and also its slightly higher oxygen demand (LPG stoichiometric A/F = 15.8 ). The lighter density fuel displaces air in the intake manifold, and thus, less air per cycle is induced to the cylinders. This translates to a decreased volumetric efficiency and a loss of power compared to the original gasoline rating of the engine.

Мислам дека тука лежи зецот Таа 155-ка била оптимизирана за работа со плин.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Bord kompjuter !
« Одговори #11 на: 05 Јули 2011, 19:56:39 pm »
pred 10 godini koga bese prviot uvoz na koli,mi donesoa Alfa 155 so fabricki plin,koga ja nosev kaj skopskive togasni plinari tvrdea deka kolata nema plinski ured :), Znaci rasplinjaca ne postoese,imase dizni mnogu slicni na benziskite dizni ama metalni bea celi,vo sekoja od niv vleguvase konektor ist kako i kaj benziskite dizni,na plin odese pobrzo,trosese isto kako i benzin i sto e najbitno koga ke se prefrlese na plin i strelkata za rezervarot na shal tabla pokazuvase kolku plin ima.

bese sertificiran ALFA plin ama kaj nas na masinski ne projde zasto nasiov inzinjer sokolov mislese deka nasive majstori se postrucni odkolku vo fabrikata na ALFAROMEO.

Проблемот со првиот увоз на возила на плински погон,не потекнуваше од Машински Факултет и Соколов. Имаше многу гласини и незадоволство кај корисниците на тие возила и сервисите кои се бават со автогас, и поради тоа машински факултет свика дебата во просториите на факултетот, за да  ни (увозниците на автогасна опрема) дефинираат што предвидел законот (во тоа време), поточно, што може да помине.
Накратко, во 2001 (мислам дека беше таа година), Македонија немаше потпишано договор со Европска Унија, или некоја од нејзините членки, за меѓусебно признавање на регулативите.Тоа значи дека, доколку некој на машински факултет потпишал за тоа возило, ќе направел кривичен прекршок. Возила кои можеа да поминат А-тест, беа оние со фабрички вграден плински уред. Ќе повторам, фабрички ( плинскиот уред да е запишан во TUF).
Во пракса, тешко може да се налета на такво возило. Иако, плинскиот уред е намонтиран во зоната на самиот производител на тоа возило, во нивната документација стои дека уредот е вграден после поминати 5 километри.  Нашиот закон, како и европските регулативи, возилата ги делат во две групи, односно, половни возила (во кое спаѓа и возилото со поминати 5 километри), и нови возила. Регулативата за половни возила е доста поедноставна (и поевтина).

За првата реченица од постот не би коментирал, не е логична. секој производ од ,,Landi Renzo" кој е уште во фаза на испитување, добиваме техничка документација за тој производ. Алфа ромео има договор со Ланди рензо за вградување на плински уред на нивните возила.
поздрав