Уредот кој ти го нудат е мулти-поинт инџекшн, т.е. посебни бризгалки за секој цилиндар, а дозирањето е раководено од засебен компјутер согласно мапата од бензинскиот-фабрички компјутер. Параметрите на плинскиот компјутер се штелуваат компјутерски, така да не се секирај за перформанси. Најмногу што може да изгубиш се 2~3% од максималната снага, т.е. на високи вртежи при големо оптеретување(натоварен, угорница, маскимална брзина). Но таа загуба е абсолутно незабележителна, а ако веќе и тоа ти е битно со едно притискање на копче се префрлаш на бензин, за да ја докорнеш колата. Од друга страна пак со плинот ќе добиеш нешто поголема снага на средни вртежи. Ѕирни ги сликите од собир. Гугле ја возеше Маздата на плин до максимална брзина - 210km/h, исто колку што и јас ја возев на бензин.