Бордот ќе ти рачуна како да возиш на бензин, па зголеми го тоа за едно 20%.
15%
Процентот значи дека возилото е влезено мал процент (не 15 или 20) во сиромашна смеша на коректорите (Fuel trim).
Мојот мозок не ја испроцесира оваа реченица
Кај мене борд компјутерот покажува 12.x л просечна потрошувачка (исто ко на бензин) кога ја возам на плин. На бензин борд компјутерот речиси и да не лаже - проверено со фул полн резервоар, извозено одредено километри и пак наполнето фул.
На плин кога возам, потрошувачката е 13.5 л плин кога борд компјутерот покажува 12.1-2.
Што значи возилото е влезено мал процент во сиромашна смеша на коректорите ?
На следниов сајт може накратко да прочитате за бензинските коректори или ,,Fuel trim".
Накратко, одлична величина која е збир од информации на повеќе сензори, изразена во проценти, поточно, величина преку која сервисот кој го одржува возилото може да види колку сензорите на возилото отстапуваат од својата нулта (зададена од производителот) позиција, и кои дијагностични дејствија да ги превземе понатаму. (доколку е обучен до одреден степен за анализа на дијагностички податоци)
http://www.obd2crazy.com/techdata.html#ftrimМал превод:
Fuel Trim се однесува на подесувањата што се прават динамички на основната табела за гориво за да се добие потребниот сооднос на гориво и воздух. Short term fuel trim, се однесува на подесувањата кои се прават како одговор на привремени услови.Long term Fuel trim, се користи за да се компензира за услови кои изгледа како да се присутни во многу подолг период. Fuel trim, се изразува во проценти; позитивните вредности покажуваат сиромашно (додади гориво) а негативните вредности вредности покажуваат богато (одземи гориво). Fuel trim банки се однесува на цилиндерските банки во мотор во V стил. Цилиндер бр.1 секогаш е банка 1. Fuel trim обично се пресметува со користење на широко множество од податочни вредности, вклучувајќи O2 сензори, температура/притисок на влезниот воздух (или поелегантно сензор за маса на воздух), темепратура на моторот (средство за ладење), anti-knock сензори, полнење на моторот, позиција на лептирот (и промена на позиција на лептирот), дури и волтажата на батеријата може да влијае на протокот на гориво. Долгорочен проток на гориво обично не треба да надминува ± 10%.
-----------------------------------------------------
Доколку на твоето возило го збогатам вбризгувањето на плин во моторот, борд комјутерот ќе ти покаже помала потрошувачка од поставената на постот (Carrier166: 12.x л просечна потрошувачка (исто ко на бензин)), а во реалност ќе потроши повеќе од постираната (Carrier166: На плин кога возам, потрошувачката е 13.5 л плин).
Поентата ми е дека борд компјутерот, не мери проток на гориво, туку информации од повеќе сензори, и на основа на добиените резултати дава некоја вредност на потрошувачка.
Темата околу Fuel trim е доста поширока, и тоа е почетна точка при решавање на евентуалните проблеми при користење на плински погон кај новите современи мотори. (Бар овде во Плимонт)
Се надевам, нешто помогнав
Поздрав