Автор Тема: CARclub: State of the Union 2014  (Прочитано 12622 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
CARclub: State of the Union 2014
« на: 12 Март 2014, 23:45:47 pm »

Драги форумџии и за нијанса подраги форумџики (иако скоро ве нема).

Дојде време за моето годишно обраќање кон членовите на форумот, со краток извештај за генералната состојба на заедницата и плановите за понатаму, како и апел за некои суштински промени.

Прво - убавите работи! Меѓу другото, минатата година ја завршивме со 26 тестови на автомобили - највеќе од сите автомобилски медиуми во Македонија, а оваа година веќе објавивме 9 тестови а 10-тиот се крчка. За оваа година се планираат неколку настани, меѓу кои е и првиот собир кој веќе се планира и организира за средината на Април. CARclub мрежата ќе добие уште еден додаток кој се надеваме дека ќе биде интересен за сите, а истовремено расте и нашата заедница.

Од друга страна, се соочуваме со проблеми во самата заедница. И токму за овие работи сакам малку повеќе да позборувам (добро де, да пишувам).

Пред некој ден имаше забелешка дека атмосферата на форумот се претопува во взаемна нетрпеливост и едноставно станува непријатна. Како што сум правел и досега, ќе направам и овој пат, и ќе ги замолам сите членови да повнимаваат малку на своето однесување за форумот да остане тоа што треба да биде. Значи, да се намали ароганцијата, нетолеранцијата и елитизмот, а да се посвети малку повеќе внимание на главната тема за која сме сите тука - автомобилите!

Неколку пати јавно сме објасниле дека форумот е заедница која зависи од сите учесници - ако се претопиме во хаос, ќе го изгубиме форумот и она на кое сите му посветивме многу внимание. Не знам дали приметивте, ама ја надминавме бројката од 600.000 пораки на форумот! Со гордост можеме да кажеме дека го имаме еден од најголемите форуми во Македонија и дека имаме одлична заедница, која од време на време станува малку нервозна.

Јас сум неизмерно горд на CARclub и на сето тоа што успеавме да го направиме. Успеавме да докажеме дека можеме да изградиме не само заедница, туку и релевантен и читан медиум кој итекако допринесува за квалитетните информации околу автомобилите во нашата мала земја. Форумот е без сомнение заслужен за тоа, но навистина почнува да ми смета што се праи муабет за тоа кој си купил тренерки, наместо за најновите автомобили од Женева, или пак да се дискутираат возилата кои сме ги возеле на тест.

Знам дека и ние модераторите носиме огромна одговорност за овој хаос, и затоа ќе почнеме маааааалку построго да ги контролираме работите и ќе инсистираме да се следат правилата. Ќе обрнуваме повеќе внимание на бришење оф-топик пораки и непотребни муабети. Ништо лично кон никого, едноставно сакаме да се намали тупењето, мерењето к*рови и непотребното дрвење, а да се поттикне муабетот за автомобилите и околу нив. Сепак, ова е CARclub, а CARclub не е заебанција!

Имајте прекрасна вечер!

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #1 на: 13 Март 2014, 00:37:32 am »
OK !
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #2 на: 13 Март 2014, 13:59:18 pm »
Се согласувам во целост со г-дин Сигнал.

И во делот за поголемо трпение и да се размисли 2 пати пред да се напише некој напнат пост и во афект. Како и во делот дека Карклуб не е кајгана па да се пишува за се, па и за коли.

Совети за патики, тренерки, гевреци, како и информации дека сте купиле нешто од погоренаведеното мислам дека не се соодветни за овој форум. Особено затоа што овие дискусии се позастапени од дискусиите за автомобили.

За ова треба највеќе да реагираме ние модераторите, но и членовите да знаат дека мора да се промени нешто.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #3 на: 13 Март 2014, 14:29:51 pm »
Јас би додал уште:



Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #4 на: 13 Март 2014, 14:34:21 pm »
Една многу вистината работа ми кажа еден човек (сега починат, нека почива ...)

„Не се обидувај човек да го смениш, или прифати го или замини си“

Па оттука и моментот дека секогаш ќе има членови што се ќе си сфаќаат лично, ќе тераат инат, ќе бидат најпаметни, ќе бидат некултурни, ќе пишуваат надвор од темата итн.. тоа не може да се смени со никакви правила, банови, бришење на пораки ... секогаш ќе доаѓаат нови членови кои ќе припаѓаат на горенаведената група.
За мене тоа се луѓе што не се изградени како личности, слаба самодоверба па оттука и се лесно разјадливи и нападни. Останува на тие што не се вакви да не се претопат како нив (па и онаа изреката „не се обидувај да се расправаш со идиоти/кретени итн. зошто најпрвин ќе се спуштиш на нивно ниво а потоа ќе те победат со нивното искуство) или да го напуштат форумот како што знае да се случува. На крајот на краиштата не сме сите исти а нели во тоа е убавината на различноста ...

Е сеа, добрите вести. Јас на форумот запознав добри луѓе кои ги ценам и почитувам(луѓе во вистинска смисла на зборот) па оттука и мојот став дека заради некои погоредефинирани личности нема да го напуштам овој форум, туку како и до сега си внимавам што пишувам, не навлагам во расправии кои само ќе го трошат моето време ...

п.с. администрацијата треба да обрне повеќе внимание и на „Пријателите на форумот“ како и потенциалните, во делот на тоа како се претставуваат и колку внимание обрнуваат на комуникацијата.
Уште една работа не ми се допаѓа а тоа е понекогаш едноумието. Се случува да сме уочиле дека некој производ/сервис/ е добар и како слеп за стап да не сакаме да прифатиме нешто ново и секогаш кога некој нов член ќе праша сите со истиот одговор како папагал а доколку даде некој поинаков одговор веднаш се дискредитира. Можеби грешам, незнам ...

Поздрав и продолжете со успешната работа !!!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #5 на: 13 Март 2014, 14:45:20 pm »
Се согласувам дека секогаш ќе има членови кои нема да ги почитуваат правилата, но поентата е тие да не бидат доминантни на еден форум.

Како што не е страшно да се збори за тренерки на форумов, ама не тренерките да бидат во прв план, а колите во трет.

ЕДИТ: И најчесто проблем е што 3-4 што се досадни, се расправаат и објаснуваат за секоја ситница, што тупат кај што не треба се многу по забележливи од членови на пример како Олмајти кој не се расправа, кој пишува издржани постови и само кога треба да напише нешто, а не по секоја цена во секоја тема да е присутен.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #6 на: 13 Март 2014, 14:52:51 pm »
Се согласувам дека секогаш ќе има членови кои нема да ги почитуваат правилата, но поентата е тие да не бидат доминантни на еден форум.

Како што не е страшно да се збори за тренерки на форумов, ама не тренерките да бидат во прв план, а колите во трет.

ЕДИТ: И најчесто проблем е што 3-4 што се досадни, се расправаат и објаснуваат за секоја ситница, што тупат кај што не треба се многу по забележливи од членови на пример како Олмајти кој не се расправа, кој пишува издржани постови и само кога треба да напише нешто, а не по секоја цена во секоја тема да е присутен.

God bless you.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #7 на: 13 Март 2014, 15:55:48 pm »
Roger Boss and keep up the good work!

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #8 на: 13 Март 2014, 17:02:10 pm »
Под-форумот генерални муабети се сфаќа прегенерално, па така имаме тема за бодибилдинг, но и тема за диета и слабеење, тема за ефтино сместување во Скопје, нешто што сметам дека може да се праша и во рекла-казала или пак да се отвори една тема за сеопшти прашања, која што нема да се труе со непотребни муабети и каде што ќе можат да се постават вакави прашања. Да не редам примери, има премногу теми, а притоа не се обрнува внимание дали веќе има слична тема.
Треба малце да се "стегне" пристапот и муабетот во под-форумот генерални муабети, затоа што наликува на фејсбук чет, не е поентата праење муабет преку постови(и коа ќе тргне ова, тури и пепел на дискусијата за некоја работа, зашто после нема ни да можеш да ја најдеш ако ти треба, поради еден куп непотребни посотви), туку јасно и прецизно да се каже доколку има што да се каже во врска со поставеното прашање или почнатата дискусија.

Билдањето на постови сметам дека е сериозен проблем, иако можеби тоа е несвесно, но мора да се доведе во некаков ред(чисто сумљам за ова, пошто многу пазарски народ сме). Од прв ден сум на форумов, а немам ни 3000 постови, приметувам дека многу луѓе со кои што имаше добра дискусија се повеќе ги нема, некогаш самиот муабет во одредена тема те спречува да пишеш нешто, пошто осеќаш дека поентата е утната 300 посто.

За крај го оставив инфантилното понашање и потребата нечиј збор да биде последен, а ќе го заборавев за малку и инатот кој што е се поприсутен, ко да се шири и да зафаќа поголеми размери. Треба малку повеќе самоконтрола, затоа што администрацијата сама нема шанси да постигне да ги среди тие работи, едноставно не може да допази и да ги дозибрише сите глупости што се треснати и сите вреќи сол што се изедени. Затоа, бидете посмирени и гледајте на форумов како место за релаксација и место за пријатна дискусија на нашата омилена тема автомобилите, а не како место каде што ќе дојдете да си ја истурите нервозата.


Ајт поздрав и ако не ви се допаѓа мојот пост не коментирајте ;D (уозбилете се малце со ваквите работи)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #9 на: 13 Март 2014, 17:46:25 pm »
Се слагам со погоренаведените.
Мене многу ми е жал што во некој глупи теми секојдневно се вртат глупи муабети додека вчера Класниот извади тест на Мазда и едвај имаше 2 коментари. Мислам не ми е јасно, форум за автомобили и не ве интересира како прошла новата Мазда 6 на тест, не е интересна?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #10 на: 13 Март 2014, 18:05:28 pm »
Се слагам со погоренаведените.
Мене многу ми е жал што во некој глупи теми секојдневно се вртат глупи муабети додека вчера Класниот извади тест на Мазда и едвај имаше 2 коментари. Мислам не ми е јасно, форум за автомобили и не ве интересира како прошла новата Мазда 6 на тест, не е интересна?
Истото беше и со лексусот кој е меѓу најинтересните коли.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,12931.msg610606.html#msg610606

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #11 на: 13 Март 2014, 21:15:11 pm »
Очајно треба опцијата за игнорирање на членови, форуми и подфоруми. На кого не му се читаат нека не ги гледа, како на пример Генерални муабети и рекла казала.
Ама да се рестриктира пишување во тема со име Генерални муабети мислам дека е контрапродуктивно. Јас овде запознав луѓе кои денес ми се „БРАЌА“, што немаше да биде можно да не беа генералните муабети и можноста секој да си каже што има. Знам дека истото се однесува и на голем број други форумџии.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20113
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #12 на: 16 Март 2014, 02:31:02 am »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub: State of the Union 2014
« Одговори #13 на: 20 Март 2014, 11:53:43 am »
Како што приметивте, почнавме малку повеќе внимание да обрнуваме на (и да санкционираме) оф топик постирање.

Истото ќе продолжи и во иднина. Дополнително, ќе се менуваат малку правилата за објавување огласи.

- Огласите на продадени работи место само да се затвараат, ќе се бришат.
- Ќе се бришат огласи постари од 60 дена во кои немало никаква активност.
- Ќе ги поделиме форумите за продавање и купување на Автомобили и Автомобилски делови и Останато.