Лексусчето е прилично импресивно. Иако мене не ми е убаво од напред, поготово кога убаво же го загледаш. Али секако е невообичаено!
Тоа што до 50км/х не произведува никаков звук е ретардирано интересно. Неможам да опишам колку е чудно и интересно. Уклучувањето на моторот е толку супер изведено и не се осеќа.
Внатре да не праиме муабет, колата е одлична. Има доста моменти кои се интересни, како тоа регулирањето на климата со „галење“. Тоа напред километражникот е нешто ненормално. Значи идејта е прекрасна! изведбата уште повеќе.
Убаво вика и Класен, како плејстејшн е. Само е малце комплицирано. Може со тек на време се учи али ипак. Знам беше до толку комплицирана што неможевме да најдеме колку КМ има изминато колата. Имаше секакви параметри, што ни на крај памет не би ми текнале а колку км има изминато беше тешко да се најде.
И тоа што можеш да и прајш кастмајз на се е добро, каква боја да ти биде стрелката каква боја бројките за брзина и слично е доста интересно. Што би рекол Хамонд - 10годишни деца да имаат возачка ова би им била омилена опција
Како и да е импресивно парче е лексусот