Автор Тема: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?  (Прочитано 34399 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #60 на: 07 Август 2014, 21:32:17 pm »
Simple as that, да се изнапешачиш дур да избереш ауто...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #61 на: 07 Август 2014, 21:34:01 pm »
Fiestata е ракета со тие 120кс спрема астрата

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #62 на: 07 Август 2014, 21:34:37 pm »
Пре би фиестичево напукано со опремата што ја спомна Џони Вокер отколку астрата.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #63 на: 07 Август 2014, 21:35:29 pm »
Simple as that, да се изнапешачиш дур да избереш ауто...

Симо, ти не разбираш. Опел е за упорни. Треба стварно да сакаш да купиш Опел за да можеш да го купиш. Не е за секого. Као Ферари е, мора да докажеш дека си лојален.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #64 на: 07 Август 2014, 21:38:11 pm »
Па не купуваш секој ден кола како што купуваш џиџи-миџи па штракаш на интернет само и гледаш цени. За кола има да шеташ наокулу, да се испичкараш додека договориш цена и слично. Не мораш да шпарташ ако нејќеш, ете ти точна информација. Затоа сме тука, да пренесеме информација ако ја имаме.

Гевгеличанец, не станува збор за ракети, станува збор за подобар избор на возило. 1.3 турбодизел кој е докажано добар во голема и комотна кола наспроти експериментално моторче во мини табакера? За иста цена? Од аспект на перформанси да, од аспект на разумен избор.... тешко.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #65 на: 07 Август 2014, 21:40:42 pm »
Колата е голема и комотна. Моторот е тотален промашај за таа кола.

Поентата е дека си инат, ќе браниш погрешен избор на Опел, само пошто е Опел. И самиот си свесен дека во денешно време е моронско да немаш цени на интернет објавено ако нешто продаваш, макар и индикативни.

Јас секогаш би идел на опцијата помала кола со повеќе опрема, отколку поголема кола со ич опрема. Ќе се мразам секој ден кога ќе седнам на никаквите седишта, ќе ги гледам раткапните и ќе го држам во рака гумениот волан.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #66 на: 07 Август 2014, 21:42:14 pm »
Замисли да не живееш во Скопје на пример.
Замисли да немаш кола и да треба да одиш кола да купуваш...
Замисли....

Уствари што ќе замислиш, палиш патиките и трк по салони.... Од Ресен ако треба ќе се зам`кнеш до Скопје,  за да се пичкараш со ликовите по салони и нивните шефоиви. Прекрасен бизнис план.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #67 на: 07 Август 2014, 21:42:22 pm »
Чисто да се знае, Астра е ауто во споредба со Фиеста во секој поглед без разлика со кој мотор е астрата. Различна класа се колите со предност за астрата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #68 на: 07 Август 2014, 22:02:07 pm »
Поентата е дека си инат, ќе браниш погрешен избор на Опел, само пошто е Опел.

Поентата е дека ти си забеган тотално и со паметот и со односите према луѓето. Ти тролаш на сопствен форум само заради инат и заради тоа што јас сум јас.

Епа господине Алфа и Омега можеш слободно по дифолт да ме тргнеш од било каква дискусија затоа што очигледно ти пречам. Јас пишав информација за цената на астрата затоа што патот ме донел случајно таму и сум ја видел информацијата од прва рака а не зошто Опел е Опел. Наместо да кажеш фала за информацијата ти тролаш и одиш офтопик, си ги газиш сопствените правила на однесување.

Чао, пријатно. Чим така тогаш договорено.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #69 на: 07 Август 2014, 22:07:11 pm »
Какво тролање, баш ми беше интересна цената и побарав да видам што има по сајтовите. Факт е дека цената е добра, али не и неочекувана пошто они имаат одлични акции.

Се изненадив кога видов дека нема никаков ценовник по сајтовите. Сметам дека тоа е монументална глупост, од неколку различни причини. 100% се кладам дека ако некој друг го направеше тоа, и ти ќе се смееше и ќе кажуваше дека е глупост.

Уствари, некој друг го направи истото во Македонија. BMW. Видовме до каде стигнаа.

Не е дека ми пречиш, глупости. Во ниеден момент не сакав да те навредам. Само малку ги гледаш Опел и неговите дилери низ розеви наочари. Ете, и самиот пишуваш дека си ја видел информацијата пошто патот те однел таму (случајно). Што мислиш, нема да е подобро цената да е јавно објавена, макар и за 2-3 коли, за луѓето да знаат, и actually да купат кола?

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #70 на: 07 Август 2014, 22:22:56 pm »
Сигурно ако ја сакаш таа кола, немањето цени на сајтот нема да те отфрли од намерата да ја купиш.
А инаку што е крајно глупаво и примитивно немањето цени, Е. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #71 на: 07 Август 2014, 22:40:36 pm »
Се разбравме со Фаланга. Мал неспоразум, идемо даље. :)

Останувам на ставот дека тој мотор не одговара во Астра, ама па се добива економична кола за пристојни пари, ако човек е подготвен да живее со глацијалните перформанси.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #72 на: 07 Август 2014, 22:58:02 pm »
Незнам што толку значи кај луѓево "поголема кола". Преку к*р, ако сакам детенце ќе натискам во Lotus Exige затоа што ја обожавам таа кола.

Смешна работа кога ќе видиш млад брачен пар, си добиле детенце и одма бараат караван, автобус, боинг.. да не го пуштате да трча детето низ кола? :)
Има да го пикам преку седишта, ама ќе возам Интегра рецимо, на него ништо не му значи во што ќе се вози (сигурно нема ноџињата да ги стиска во седиштето пред него), а јас нема да возам пежо партнер и да се осеќам како пољопривредник (не дека има нешто лошо во тоа, али не ми е омилена дисциплина).

Малку си забегав, али се надевам не е многу оф топик. :)))

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #73 на: 07 Август 2014, 23:03:37 pm »
Мало дете = количка, па она чудото „релаксатор“ што го викаат, па точаци, па за на одмор една торба со алишта за детето зашто ќе се с*ре на 15 минути, и тако даље. Јас ќе си земам една Alfa GT, има доволно голем багажник. Ако пак ми мањка место, 156/159 SportWagon, зависи универзумот како ќе го начекам.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Која НОВА (од салон) кола за 10-15 илјади евра?
« Одговори #74 на: 07 Август 2014, 23:11:17 pm »
Прво напраите деца, па после мислете за колата во која ќе ги возите ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.