Некој да ми кажи што како е за кај осигурителниве компании, мислам имам прашувано предходно али не ми текина.. Дома имам преку 5 возила што се регистрираат и се возат.. 2 така стојат чекаат подобри денови

..
Моментално сум во еуролинк, и досега 2/3 пати им текна да ми дадат гратис патници (150 денари) и тоа е тоа.. Последен пат пред 1 месец бев да ја осигурам јамахата, баш ги прашав дали даваат нешто пошто знам кај другите све и свашта поклонуваат или па некој си дополнителен попуст (патосници, пп апарати, кабли...) и ми се изнасмееја ми викаат такво нешто не постои никаде блабла, другите тоа го правеле колку да те залажат да појдиш кај нив...
Дали да ги соберам сообраќајните од сите возила и да појдам по осигурителниве компании да прашам кој што нуди како нуди попусти едно друго ? или па нема смисла ?
Наводно разбрав демек као такси компанииве на незнам колку возила, едно имаш гратис осигурување..
Што препорачувате ?