Автор Тема: Осигурителни компании  (Прочитано 137419 пати)

Отсутен ScarfaceMkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #285 на: 30 Март 2016, 11:38:24 am »
Денеска регистрирав и сменив компанија со што попустот ми остана.

Нормално. Авто одговорноста оди преку НБО. Исто така да си знаете и при купување на ново возило а го продадете старото може да си го префрлите попустот. Секако ова никој нема да ви го каже. Ќе треба сами да си побарате.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #286 на: 30 Март 2016, 11:41:53 am »
А Кроација осигурување ? Претходното, а и сегашното возило таму ми се осигурани.
Колку што имам слушано се исто бараби. Пробуваат да заташкаат па со полиција да приберат пари во џеб.
За скршена рака во ФЕ-НИ Кавадарци му понудиле 300 денари обештетување.


^- Пред недела дена другарка на факс си ја исекла раката, експериментирале нешо хемии физики... во болница ја средиле, ја зашиле. Од Винер и исплатиле 3000 денари оштета.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #287 на: 30 Март 2016, 13:25:56 pm »
Во Триглав ми дадоа ваучер со 20% попуст ако правам технички во АМСМ. И така натаму бев тргнат.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #288 на: 30 Март 2016, 17:30:07 pm »
Има еден Зоки у Триглав. Виртуоз во спремност за понуда. Чоек Цар. Ми стана матичен осигурувач :)

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг:
« Одговори #289 на: 30 Март 2016, 18:33:14 pm »
^ Груевски се презива?

Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #290 на: 05 Април 2016, 16:08:55 pm »
Broj da dadeshe od covkot :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #291 на: 06 Април 2016, 00:37:29 am »
Има еден Зоки у Триглав. Виртуоз во спремност за понуда. Чоек Цар. Ми стана матичен осигурувач :)


Зоки е фантастичен со години :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #292 на: 21 Април 2016, 10:54:00 am »
http://www.akademik.mk/pravno-mislene-na-vrhovniot-sud-za-vozachot-pochetnik-vo-sluchaite-koga-go-upravuva-voziloto-sprotivno-na-propishanite-uslovi/

Цитат
До Врховниот суд на Република Македонија – Одделот за судска практика, поради воочената неконзистентна примена на Законот, од апелационите судови на територијата на Република Македонија било доставено барање за правно мислење по следното прашање:
Дали се смета за лице без соодветна возачка исправа возач почетник кој го управува возилото спротивно на условите од членот 240 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на РМ“ бр. 54/07) или, пак, се работи само за сторен прекршок од што зависи и правото на регрес од членот 16 став 2 т. А од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот („Службен весник на РМ“ бр. 88/2005)?
Одделот за граѓански дела при Врховниот суд на Република Македонија, расправајќи по ова прашање, донел правно мислење, според кое:
 
Возач почетник кој поседува возачка дозвола, а возилото го управува со брзина поголема од дозволената, односно со возило чија сила на мотор е поголема од дозволената со закон, или го управува возилото во патниот сообраќај во времето одредено со закон (23:00 часот до 5:00 часот) без присуство на лице-возач од соодветната категорија предвидена со закон, не се смета за лице без соодветна возачка исправа, па друштвото за осигурување што ќе ја надомести штетата предизвикана на тој начин, нема право на регрес за исплатениот износ.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #293 на: 21 Април 2016, 11:01:17 am »
Имам неколку вакви пресуди, одлично што и Врховниот суд го завзеде овој став.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #294 на: 21 Април 2016, 11:13:44 am »
Ова е за трето лица или за каското?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #295 на: 21 Април 2016, 11:16:49 am »
Јас како економист, гледам од аспект на тоа, ако можат да земат пари за возач почетник и да наплатат плус 5-10% екстра премија, не гледам зошто би се воделе на тоа дека во дадена ситуација да биде третиран како воопшто да нема возачка. Поедноставено, ем сакаат пари да збираат ем да немаат никаков ризик.
Стварно неможам да сфатам како толку различно се толкуваат одредбите од законите, од страна на судиите или сепак тука игра улога како и секогаш во државава, на кој му е поголем :)

Иначе, незнам колку знаат клабериве, али од еден англиски форум, дознав дека во Англија ако се случи сообраќајка и имаш несоодветна димензија на гуми, пример треба 205/60-16 а имаш 205/55-15 тогаш губиш право на оштета :), едноставно не си се придржувал кон препораките на произведувачот ...

Замисли, ова кај нас да се воведе, а е само еден пример ...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #296 на: 21 Април 2016, 11:18:14 am »
Ова е за трето лица или за каското?

За двете.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #297 на: 17 Јули 2016, 14:42:08 pm »
Дечки, дали постои можност да се префрли попустот за осигурување од една на друга кола? Ако да, која е процедурата :)

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2851
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #298 на: 17 Јули 2016, 14:52:05 pm »
Дечки, дали постои можност да се префрли попустот за осигурување од една на друга кола? Ако да, која е процедурата :)
Неможе.
Тој попуст е само за тоа возило со тие регистарски таблички
Јас во петокот ја регистрирав мојата и имам 47% попуст пошто 15 години е на ист сопственик
Ако ја префрлам на мое име ке го изгубам тој попуст и ке треба да плаќам дополнителни 6-7 000 денари + пошто сум 22 години.Од 18 до 24 години се сметаат за ризична категорија на возачи незнам дали сте знаеле и доколку поседувате возило на ваше име имате дополнителни 6-700 денари повисока регистрација.
Така беше минатата година,незнам дали важи уште ова чудо,Мене статусот на сопственост на возилото ми е решен со полномошно од страна на татко ми 600 денари на нотар заверен.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #299 на: 17 Јули 2016, 15:45:19 pm »
Те излажале дека неможе.