А за да се направи уште подобар осет за квалитетот може во салон да отидеме со моето ЦРВ како еден од конкурентите на Антара, па тамам ќе може и горе доле да се направи директна компарација како стои Антарата во однос на еден од конкурентите.
Дарко
Јапонците се добро заштрафени и не крцкаат, но по правило се тврда пластика.
Антарата е добро зашрафена, не крцка и има убава фина мека пластика, пријатна на допир
или?

Што е толку тешко да се прифати нешто што е реално.. Антарата дефинитивно е прилично лош СУВ.
Да подобар е од Вартбург, Југо и останато. Ама ние само споредуваме према некаков критериум поставен од конкуренцијата, односно што би можел да купи човек во таа класа, за таа намена, за слична сума пари, и дали можеби е тоа подобар дил.
Колку и да ми се бендисува Honda како бренд, кога јас купував не отидов директива и ај Honda без да видам што друго. Дадов шанса и на други марки (дури сеуште тврдам дека Мазда е подобро возило, ако не гледаме сума на пари), и дури кога направив некаков критериум отидов и купив.
Инаку како репер за вредноста на Антарата нека послужи дека во еден период се зимаше CRV и за доста под 22000 со малку среќа, и тоа со мноооогу опрема и погон на сите тркала.
@Cuore: Колку и да мислиш дека не ти значи опремата, верувај ми на оваа димензија од возило, со намалена прегледност поради висината во рикверц и те како ти помагаат паркинг сензорите. Јас имам прилично тесна гаража, и да не се паркинг сензорите веројатно многу поспоро ќе паркирам без да оштетам.
Ксенон -от го доживувам како качување на пасивната безбедност (мене побитна ми е пасивната безбедност што помага да се спречи несреќа од колку активната).
На крај краева сите детали го прават финалното чуство што човек го има за време на поседувањето на возилото.
Првично е суштината (квалитет, возни перформанси, практичност), ама па и све друго влијае..
Антарата за жал освен пониска потрошувачка за дизел варијантата (дури и за ова не сум сигурен колку у ствари троши таа верзија, можда испадне дека и ова не е предност), не нуди апсолутно ништо друг што би ја направило поинтересна за купување од конкуренцијата..
Дарко