Автор Тема: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО  (Прочитано 40013 пати)

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5518
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Според процените на стручњаците, во просек се изгорува за третина повеќе гориво од потребното, повеќе од незнаење или од немарност

Намалувањето на потрошувачката на гориво веќе со десетлетија е приоритет на автомобилската индустрија, а с` поскапото гориво станува тежок товар во секојдневното користење на возилата. Затоа возачите с` повеќе размислуваат за штедење на горивото. Повеќе изгорено гориво значи и повеќе штетни гасови, и затоа штедењето е апсолутен приоритет.

Штедењето почнува со купување на автомобилот, а поштедливите возила во практика се поскапи, особено оние со дизелски мотори. Многу зависи и од начинот на возење, па оној со потешка нога, склон кон спортско возење, може да потроши и двојно повеќе од оној возач што е штедлив. Според процените на стручњаците, во просек се изгорува за третина повеќе гориво од потребното, повеќе од незнаење или од немарност.

Во последно време во Германија дошле до интересни сознанија дека горивото може да се штеди и со полн гас! Таа неверојатна констатација вреди само за бензинските мотори и во посебен режим на работа, а кај дизелските мотори тоа е контрапродуктивно. Но дизелските мотори се уверливо поштедливи од бензинските агрегати (особено во подрачјето на мало и средно оптоварување), па начинот на возење кај нив пропорционално помалку влијае на потрошувачката на гориво.

Кај бензинските мотори силата и брзината на вртежите на моторот се регулира со придвижување на вшмукувачката плочка (лептир), односно вшмукувачкото пригушување. За тоа пригушување се троши ефектна работа на моторот, бидејќи во првиот такт се создава релативно голем потпритисок (0,2 до 0,8 бара).

Кај помало оптоварување, кога вшмукувачката плочка е најмногу затворена, вшмукувачките губитоци се најголеми. Кај дизелските мотори вшмукувањето е слободно, а силата се регулира со промена на количината на вшприцано гориво. Заради тоа е најголемата разлика во потрошувачката на гориво меѓу бензински и дизелски мотор при мало, односно делумно оптоварување. Тогаш бензинскиот мотор е значително придушен, а дизелскиот непридушен. При полно оптоварување разликата во потрошувачката се намалува бидејќи двата мотора работат практично без вшмукувачки придушувач.

Токму тука лежи главната резерва за штедење на горивото. Ако кај бензинските мотори при мало оптоварување притиснеме на педалот за гаста до крај, тогаш моментно се намалува отпорот и потрошувачката драстично опаѓа.



КАКО ДА СЕ ШТЕДИ СО ДИЗЕЛСКИ МОТОР

l Кај дизелашите приказната е поинаква бидејќи моторот има пригушено вшмукување, а со притисок на педалот за гас се менува количината на вшприцано гориво. Кај таквите мотори некои од правилата за штедење при возењето се исти, а некои поинакви во однос на бензинските мотори.

l Треба да се вози во што повисок степен на пренос и со пониски вртежи

l При забрзување треба да се оди нешто над вртежите на најголемиот вртежен момент

l Треба да се избегнува возење со полн гас, бидејќи тогаш се вшприцува најмногу гориво


Постојат и генерални правила за штедење, а најважни се:


l Треба да се избегнат ненадејни забрзувања и сопирање, бидејќи така најмногу се расипува горивото

l Треба да се вози со рамномерна брзина и со што помалку сопирања

l Треба да се избегнуваат големи брзини бидејќи расте и аеродинамичниот отпор и потрошувачката на гориво.

КАКО ДА СЕ ШТЕДИ СО БЕНЗИНСКИ МОТОР

l Треба да се тргне во прв степен на пренос

l По десетина метри да се префрли во втор степен и да се притисне педалот за гаста до крај

l При приближно 2.000 вртежи во минута треба да се префрли во трет степен на пренос и повторно гас до крај. Постапката се повторува и во повисоките степени на пренос

l На нагорнини подобро е да се вози во повисок степен со повеќе притискање на гаста, отколку да се турира во понизок пренос

 

Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #1 на: 25 Јуни 2011, 19:57:41 pm »
тоа гас до даска за бензин не ми е јасно !? баш го читав во весник истово ....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #2 на: 25 Јуни 2011, 20:05:04 pm »
Дали има врска за бензинецот дали е со директно вбризгување или не?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10949
  • 430i
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #3 на: 25 Јуни 2011, 20:22:04 pm »
На TSI при полна гас на 2000врт/мин, чуда се дешаваат ;D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #4 на: 25 Јуни 2011, 21:29:42 pm »
Нема логика ова, ти само што си тргнал у прва си преку 2000 обртаи, ок ај у втора-вика гас до даска до 2000 обртаи, па у трета ??? Хахаха Па гас до даска до 2000 обртaи, па у четрврта, да не е преводот нешто згрешен или контра логика некоја, башка види и на бордот како се понаша тогаш, а за кола напротив е смрт за моторот да ја мучиш на угорница у висок степен на пренос и ниски вртежи...има вентилите да ти пролупаат :) Незнам, нешто је труло у држави Данској, ама како и да е, ЧАК и стварно да може вака да се заштеди - ги поеба моторот и живците, па сеа на кој му се исплаќа нека штеди ;)
« Последно менување: 25 Јуни 2011, 22:10:37 pm djidji »

Отсутен TSI

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 202
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #5 на: 25 Јуни 2011, 21:35:12 pm »
На TSI при полна гас на 2000врт/мин, чуда се дешаваат ;D

Да и ако заштедиш нешто на гориво (што искрено не верувам) ќе ги дадеш за нови гуми.  ;D

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИС
« Одговори #6 на: 25 Јуни 2011, 22:12:02 pm »
Луѓе ова за бензинец да не важи за мотори со карбуратор ??
Само таму има лептир и е придушено под мал гас,а со додавање се отвора лептирот ? ;D
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #7 на: 25 Јуни 2011, 22:39:49 pm »
да видам,нема да ми се верува...според мене големи глупости
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5518
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #8 на: 25 Јуни 2011, 22:55:15 pm »
I mene ne mi se veruvase, posebno za toa za ugornicite, pa zatoa go postirav tuka.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #9 на: 26 Јуни 2011, 01:01:11 am »
Колку не го прочитавте тоа за угорници, ТОА ЧУДО ЕДНО!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #10 на: 26 Јуни 2011, 01:05:23 am »
тргнуваш со прва, гас до даска до 7.000, па втора гас до даска до 7.000, па трета гас до даска до 6.500, па кочиш - семафор!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #11 на: 26 Јуни 2011, 01:09:42 am »
тргнуваш со прва, гас до даска до 7.000, па втора гас до даска до 7.000, па трета гас до даска до 6.500, па кочиш - семафор!
Па за Интеграта, тоа би значело да мењаш на ниски вртежи демек?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #12 на: 26 Јуни 2011, 01:11:11 am »
тргнуваш со прва, гас до даска до 7.000, па втора гас до даска до 7.000, па трета гас до даска до 6.500, па кочиш - семафор!
Па за Интеграта, тоа би значело да мењаш на ниски вртежи демек?
Незнам за интегра, ама ја така „штедам“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #13 на: 26 Јуни 2011, 04:11:20 am »
И јас гласам за немање логика во муабетот...

1) Најголемата ефикасност модерните бензински мотори ја постигнуваат од 3000 до 4000 вртежи. Доколку се вози возилото во тој опсег на вртежи во најголем степен на менувачот, а притоа гаста не е притисната до крај тогаш и економијата треба да биде најголема.
2) Кај модерните бензински мотори ЕГР-от при оптимално возење, т.е. круизање може да заштеди до 10% гориво.  При полна гас ЕГР-от не е во функција.
3) Кај модерните мотори, колку и да притискаш на гаста, дотокот на гориво го регулира компјутерот. Па така уште е понелогичен муабетот со 2000 вртежи.
4) При низок обрт, снагата и вртежниот момент на моторот се мали. Па така моторот ќе се малтретира да ги постигне посакуваните вртежи, т.е. посакуваната брзина на движење на автомобилот. За разлика од тоа доколку бензинскиот мотор се вози во средни вртежи каде снагата е прифатлива и вртежниот момент е при врвот, не само што горивото ќе се исползува поефикасно туку за многу покусо време ќе се постигне посакуваната брзина. Па така кога ќе се спореди, во вториот случај секогаш ќе се потроши помалку гориво одошто во првиот.
5) Според производителите најголемата економичност бензинските мотори постигнуваат при круизање во последен степен од менувачот на брзина од 90 до 120 km/h. А тоа практично е во рамките на вртежите каде моторот е најефикасен или на нешто понизок обрт(компромис направен за економичност и на малку поголема брзина каде отпорот на воздухот драстично се зголемува)

и тн...
« Последно менување: 26 Јуни 2011, 04:14:37 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #14 на: 26 Јуни 2011, 11:13:03 am »
И мене не ми е многу за верување... она па во втора и пун гас, иначе подполно се сложувам со вас и ова горе напишаново на гојдо, бидејки ептен реален пост напиша...