Автор Тема: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО  (Прочитано 40464 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #45 на: 16 Ноември 2011, 22:21:45 pm »
Прашањето е малку дубиозно бидејќи се базира на терминот „оптеретеност“ кој допрва треба еднозначно да го одредиме. Што е „повеќе оптеретен“? Продуцира поголема моќност (коњи/вати)? Или можеби повеќе сила (Nm)? Или качување во угорница во петта на 1200 rpm? (ниту коњите се на макс, ниту моментот е макс). Така да не можам да ти одговорам на вака поставено прашање.
Под оптеретен мотор се подразбира побогата смеса со гориво отколку кај неоптеретен мотор. Или пак, повеќе стисната папуча за гас отколку idle. Без да се зема во предвид бројот на вртежите, и во случај кога набљудуваме еден ист мотор.
Во кој случај моторот е поефикасен? Кога е оптеретен (забрзување од 0-60 за 5 секунди) или неоптеретен (0-60 секунди за 20 секунди)?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43723
  • Il Moderatore
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #46 на: 16 Ноември 2011, 22:34:49 pm »
Јас сум сигурен дека N/A бензинец е најефикасен кога може ефикасно да ги наполни цилиндрите со гориво (смеса воздух/бензин) и истото ефикасно да согори. Тоа се случува само со папуча притисната до крај. Секоја друга ситуација се вика „throttling" или во превод пригушување. Така се регулира снагата на моторот. Се пригушува доводот на воздух, а со тоа се скратува полнењето на цилиндрите со гориво. Е сега, тука има малку и динамика на флуиди, па при поголеми брзини на клиповите поради инертноста на воздухот не се исполнуваат стално идеално со гориво, па оттаму и најголемиот обртен момент некаде во средината на вртежниот ранг на моторот (зависи од оптимизациите кои се правени при конструкција на моторот).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #47 на: 16 Ноември 2011, 22:36:32 pm »
Фаланга која е понтата на поставување на глупи и нелогични прашања?

1) Оптеретеноста на моторот нема никаква врска со побогата смеса.
2) При лер гас папучата не е стисната. И тоа нема врска ниту со оптеретеноста, ниту пак со богатството на смесата.
3) Ефикасноста на моторот зависи од неговата геометрија; количеството на запаллива смеса; соодносот на гориво и кислород во запалливата смесата; времето дадено за усис, согорување на смесата и издув; тајмингот на палењето; некои други параметри и финално оптеретувањето на моторот. Значи тоа не зависи од параметрите кои ги спомна (збогатена смеса и отвореност на грло на усисна грана) и зависи од многу повеќе по број параметри кои не може да се зададат во единствено и едноствно сценарио.
4) Нема одговор на последното прашање бидејќи е нелогично и недостасуваат влезни информации за да може да се даде фази-одговор
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #48 на: 16 Ноември 2011, 22:45:27 pm »
Добро Гојдо. Ти си закон. Ај да видиме како ќе се развива темата.
Hint: пократко време со поголемо оптеретување vs подолго време со помало оптеретување.
Кој победува во поглед на:
1. Потрошувачка
2. Економичност

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #49 на: 16 Ноември 2011, 22:48:21 pm »
Некако многу се оптеретувата со објаснувања,а резултатите се минимални,така да мислам дека воопшто не вреди да се ‘соли памет‘ за ефект повисок или понизок од 1л бензин  ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43723
  • Il Moderatore
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #50 на: 16 Ноември 2011, 22:48:56 pm »
Добро Гојдо. Ти си закон. Ај да видиме како ќе се развива темата.
Hint: пократко време со поголемо оптеретување vs подолго време со помало оптеретување.
Кој победува во поглед на:
1. Потрошувачка
2. Економичност

Falanga, мислам дека малку терминологијата ти е „незгодна“, пошто кога ќе стиснеш педал ту д метал, не значи дека моторот е пооптеретен. Ако рачунаш дека фрикционите сили во самиот мотор се подеднакви на 4000 вртежи и со пола гас и со полна гас, помало оптеретување трпи моторот кога е полна гас, затоа што повеќе енергија произведува машината (поголем однос на снага  наспрам загуби на енергија).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #51 на: 16 Ноември 2011, 22:49:16 pm »
Потрошувачка => Економичност ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #52 на: 16 Ноември 2011, 22:53:30 pm »
Ајде вака да пробаме:

Кога е оптеретен (забрзување од 0-60 за 5 секунди) или неоптеретен (0-60 секунди за 20 секунди)?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #53 на: 16 Ноември 2011, 23:02:31 pm »
Фаланга прашај што не ти е јасно и ќе ти се објасни. А не поставувај глупи прашања ко демек све ти е јасно па да го провериш filipv или некој друг до каде стигнал со разбирање на работите.

На прашањето, ти реков, глупо е, недостасуваат влезни податоци.
1) Секогаш има некакво оптеретување, па и кога работи во лер. Значи дефинирај што ти значи оптеретен, а што не оптеретен.
2) Дај кракатеристики на моторот во зависност од вртежите и во зависност од отвореноста на грлото на усисната грана при различни оптеретувања
3) Кажи со кој преносен однос и во кој опсег треба да се вози
4) Дај динамика на возењето. (функција од отвореност на грло на усисна грана во зависност од времето на возење).

Или ако сакаш да направиш некаква поента, искажи се без да поставуваш прашања, притоа поткрепи го кажаното со научни факти.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #54 на: 16 Ноември 2011, 23:10:59 pm »
Зошто се мора да биде толку комплицирано кога не мора да биде?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #55 на: 16 Ноември 2011, 23:12:48 pm »
Ајде де, биди едноставен и искажи се.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43723
  • Il Moderatore
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #56 на: 16 Ноември 2011, 23:13:15 pm »
Damn, Falanga, абсинт да не си пиел денес ;D ;D ;D

Инаку од моето искуство со преку 20.000км годишно, последниве 12 години, никад не ми уштедело гориво стискањето на папучата на гас ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Dejan_156 alfista

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #57 на: 16 Ноември 2011, 23:17:27 pm »
Многу научници многу факти а сите низ град обожаваат да возат 40 km/h ај во строк центар  ок ,ама и онаму каде што е дозволено 60 сите возат пензионерски па не да троши треба да бидеме срекни што ја вадиме таа потрошња..
Djevojka može da bude sa sela,
al' auto mora da bude iz Italije! ♥

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #58 на: 16 Ноември 2011, 23:19:27 pm »
Hint: пократко време со поголемо оптеретување vs подолго време со помало оптеретување.
Кој победува во поглед на:
1. Потрошувачка
2. Економичност


Мислам дека ова е вистинското прашање на темата, за да може секој да разбери
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #59 на: 16 Ноември 2011, 23:19:40 pm »
Инаку од моето искуство со преку 20.000км годишно, последниве 12 години, никад не ми уштедело гориво стискањето на папучата на гас ;D
Пуна гас, ама како?

Да тргнеш со трета брзина и држиш пуна гас на неоптоварено возило од 0 до 60
или
Да тргнеш од лер со 4500RPM па прва со шкрипка до исклучување, па менуваш втора со папучата притисната до крај?

Како ќе потрошиш помалку гориво како едно од горните сценарија или ако тргнеш културно во прва па со делумно притискање на гас да дигнеш до 3000 вртежи, па втора и исто така делумно притискање на гас да дигнеш 3500 вртежи и да убациш во трета на 60km/h?

ЕДИТ: под делумно притискање на гаста подразбирам да се вози во closed loop.
Ум шо идит отпосле не јет ум!