Автор Тема: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО  (Прочитано 40031 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #30 на: 28 Јуни 2011, 09:45:20 am »
Ја ви реков у претходната страна дека ова е за карбуратор,само таму има клапни и придушување ;) :D
+1 сега забележав.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #31 на: 28 Јуни 2011, 12:52:22 pm »
Ја ви реков у претходната страна дека ова е за карбуратор,само таму има клапни и придушување ;) :D

Има на сите бензинци „throttle body“. Во текстот се мислеше дека при затворен лептир, при првиот такт од 4-те, се создава подпритисок, (притисок помал од атмосферскиот) во системот, кој всушност треба клипот да го совлада при движењето надолу. Кога би бил лептрот отворен (фул гас) тогаш тој потпритисокот би бил помал и совладувањето би одело полесно. Вака теоретски држи (некоја капка) вода... амаа практичноооо не би реколлл..... :) фактори од типот емисија на штетни гасови, електронски регулиран лептир, палење, убризгавање.... не ќе биде се така едноставно :)
+1

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #32 на: 29 Јуни 2011, 16:18:25 pm »
ako na sekoe zastanuvanje na semefor stiskam gas do daska i na 2000 obrtai menuvam brzina, so ke bide od kolata, posle trganje vo prva za kolku sek so gas do daska stignuva do 2000 pa da smenis taka odma 2,3,4-ta i na kraj na seto toa toj sto vozi pred tebe sigurno ne go cital ova pa ke moram da kocam :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #33 на: 15 Ноември 2011, 16:39:35 pm »
Здраво на сите, ова е мој прв пост на овој форум.

Сето ова со полниот гас како метод на штедење гориво ви делува нелогично затоа што заборавате дека моторите со внатрешно согорување се исклучително неефикасни машини, машини кои само мал дел од горивото користат за пропулзија, а најголемиот дел преку ладилникот и ауспухот го трошат за загревање на атмосферата.

Во принцип, колку помалку пати клиповите ќе одат нагоре-надоле за една иста завршена работа, толку помалку гориво ќе се потроши за таа работа. Затоа, бавно „пензинерско“ тргнување и бавно „тегнење“ до посакуваната брзина ќе потроши повеќе гориво (т.е. клиповите повеќе пати ќе одат нагоре-надоле) отколку нагло и експресно стигнување до посакуваната брзина - при наглото тргнување секој пат на клипот надоле ќе предаде поголема сила на радилицата, со што се постигнува подобар однос корисна работа / загуби. Да, повеќе енергија е потребна за поголемо забрзување, но не заборавајте дека тоа се само 20-30% од вкупната енергија. Клучот е како да се намалат тие другите, 70-и-кусур посто, загубите.

На оваа тема отворив и еден блог кој - за жал - одамна не сум го апдејтувал. Ќе ми биде ќеф доколку го ѕирнете и потоа тука продолжиме со дискусија на оваа за мене секогаш интересна тема.

http://filipv.blog.mk/

Поздрав!

Отсутен Dejan_156 alfista

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #34 на: 15 Ноември 2011, 18:14:37 pm »

mnogu jasno napisano  i se slozuvam so konstatacijata samo so toa deka na ugornica so povisok stepen primer so mojata alfa 156 koga se vrakav od bugarija (kustendil) koj bil ja znae u ugornicata ja sam znaci prazen a tatkomi so isto taka 156 samo 1.9jtd a mojata 1.8 ts benzin iskacuvame so 4 brzina i onaka kolata pocna da omalaksuva zabe stskas na gasta kolata ne mrda pa morase da vratam vo 3ta a tatkomi so dizelot bes nikakov problem si ja iskoci do kraj sto znaci za zabrsuvanjeto se slozuvam a za ugornicata ne
Djevojka može da bude sa sela,
al' auto mora da bude iz Italije! ♥

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #35 на: 16 Ноември 2011, 10:50:00 am »
Таму идејата е за во град кога се вози што побрзо да се достигне саканата брзина и потоа само да се одржува.

Така е! За што пократко време до највисокиот степен на пренос, толку подобро. Ако тргнуваш од семафори и мислиш после да возиш 60 на саат, треба што побргу да стигнеш до 60 на саат. Ако се „тегнеш“ ко баба и ти треба километар дур да качиш 60 - ќе потрошиш повеќе гориво до следниот семафор.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #36 на: 16 Ноември 2011, 10:54:04 am »
Таму идејата е за во град кога се вози што побрзо да се достигне саканата брзина и потоа само да се одржува.

Така е! За што пократко време до највисокиот степен на пренос, толку подобро. Ако тргнуваш од семафори и мислиш после да возиш 60 на саат, треба што побргу да стигнеш до 60 на саат. Ако се „тегнеш“ ко баба и ти треба километар дур да качиш 60 - ќе потрошиш повеќе гориво до следниот семафор.
Не претерувај. Убаво и детално објасни, кога си тргнал веќе. Неможе на 6900 обртаја да мењаш и да заштедиш. Малце логика.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #37 на: 16 Ноември 2011, 10:58:11 am »
Moже да заштедам некое килце, ама ке изгубам живци читај здравје ...

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #38 на: 16 Ноември 2011, 11:08:03 am »
Таму идејата е за во град кога се вози што побрзо да се достигне саканата брзина и потоа само да се одржува.

Така е! За што пократко време до највисокиот степен на пренос, толку подобро. Ако тргнуваш од семафори и мислиш после да возиш 60 на саат, треба што побргу да стигнеш до 60 на саат. Ако се „тегнеш“ ко баба и ти треба километар дур да качиш 60 - ќе потрошиш повеќе гориво до следниот семафор.

логички не е така, ако развиваш бавно брзина трошело повеке бидејки повеке време треба. А па ако натепаш гас до даска развива побрзо ама па повеке сила развива моторот значи пак повеќе троши. Башка во град со семафори на секој метар и гужва оди стискај гас на тргање и после одма кочница и на крај и ке ти троши поише и плочки ке си смениш побрзо:D

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #39 на: 16 Ноември 2011, 15:06:36 pm »
Таму идејата е за во град кога се вози што побрзо да се достигне саканата брзина и потоа само да се одржува.

Така е! За што пократко време до највисокиот степен на пренос, толку подобро. Ако тргнуваш од семафори и мислиш после да возиш 60 на саат, треба што побргу да стигнеш до 60 на саат. Ако се „тегнеш“ ко баба и ти треба километар дур да качиш 60 - ќе потрошиш повеќе гориво до следниот семафор.

Муабетов држи вода...

Интересен момак си Филип...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #40 на: 16 Ноември 2011, 16:51:59 pm »
Филип едно прашање:

Кога ефикасноста на моторот е поголема? Кога е повеќе оптеретен или помалку оптеретен? Или пак ефикасноста е иста?

Те молам одговори го ова пред да пишеш било што друго.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #41 на: 16 Ноември 2011, 16:56:39 pm »
Филип едно прашање:

Кога ефикасноста на моторот е поголема? Кога е повеќе оптеретен или помалку оптеретен? Или пак ефикасноста е иста?

Те молам одговори го ова пред да пишеш било што друго.
И јас сакам да го чујам одговорот.

Во намалување на потрошувачка темата сум објаснил...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #42 на: 16 Ноември 2011, 17:06:30 pm »
Ја знам ама не кажуам ;) ;D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #43 на: 16 Ноември 2011, 17:52:23 pm »
Филип едно прашање:

Кога ефикасноста на моторот е поголема? Кога е повеќе оптеретен или помалку оптеретен? Или пак ефикасноста е иста?

Те молам одговори го ова пред да пишеш било што друго.

Прашањето е малку дубиозно бидејќи се базира на терминот „оптеретеност“ кој допрва треба еднозначно да го одредиме. Што е „повеќе оптеретен“? Продуцира поголема моќност (коњи/вати)? Или можеби повеќе сила (Nm)? Или качување во угорница во петта на 1200 rpm? (ниту коњите се на макс, ниту моментот е макс). Така да не можам да ти одговорам на вака поставено прашање.

При крстарење на регионален пат воопшто не е потребен голема пропулзија, па најефикасното можно претварање на горивото во сила е сепак фрлање стоденарки низ ауспух: таа сила воопшто не е потребна.

Возење при макс. момент не е секогаш најштедливо возење, особено не кај бензинците. Kомпликацијата ја прави интристичната неефикасност на моторот - дури и кога е најефикасен сепак е прилично неефикасен. Мора да се земат во предвид еден куп други фактори за точно да одговориме на прашањето „како со најмалку гориво од точка А до точка В“.

Денес тргнав да пишувам еден охохо пост, подолг (пошто темата е - ќе повторам - комплексна, а мене ми е интересна) и уште не сум го довршил. Молам за трпение.
« Последно менување: 16 Ноември 2011, 18:23:47 pm filipv »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #44 на: 16 Ноември 2011, 21:32:00 pm »
И јас би сакал да го прочитам тој долг пост. Не стигнав да прочитам што имаш напишано на блогот, но ќе се потрудам да го сторам деновиве. Од последниот твој пост можам да заклучам дека горе-долу ти се јасни работите, а останатото во принцип се сведува на математика - обемна.

Во секој случај, кога велиш бензинците на пример кај делот „Возење при макс. момент не е секогаш најштедливо возење, особено не кај бензинците“ имај наум дека денес се возат и турбо-бензинци кај кои пикот од моментот не изгледа како тријаголник туку како трапез кој почнува уште од многу рани вртежи, слично како и кај турбо-дизелашите.

Се надевам дека во контекст ќе ги обрзаложиш режимите на возење во оpen loop и closed loop во долгиот пост. :D

BTW, ако темата е стручна и научно поткрепена, предлагам да оди на портал. Ќе помогнеме околу средување на текстот, цртање графици, табели и слично.
Ум шо идит отпосле не јет ум!