Ако сакаш да „заштедиш“ на струјата, најдобра варијанта е да се исклучи ременицата на алтернаторот со спојка (нешто како клима-компресорот) и во тие моменти да се ослониш само на струјата од акумулаторот. Втора варијанта е, над 3000 вртежи да го прекинеш полнењето и пак да се ослониш на акумулаторот, ама пак ти е закачен алтернаторот како паразитен елемент на моторот.
Како и да е, со „стабилизатор“ ништо не добиваш. Пред се`, улога на стабилизатор има самиот акумулатор, а втора работа, ако евентуално имаш падови на напонот при користење некои електрични потрошувачи (тука мислам на сабвуфер и аудио опрема) повеќе работа ќе ти врши солиден кондензатор.