Многу причини има. Лошо подесено управување, сопирачки, амортизација, потпирање..
си пробал па што викаш лошо?
ако е добро направено,ќе тера исто како фабрички
ако е лошо,никој нема да го купи а ни тој што е негово нема да го вози или ќе заврши кај некој дечишта па они ќе го направат БАШ тоталка
Сеа, зезаш и ти. Знаеш дека едно едино штрафче ако се извади, многу тешко е да се врати како што било. Уште повеќе - цела кола.
Вака да те прашам - хипотетичка ситуација:
Знаеш дека возилото Х е тоталка. Поправено е одлично, по твои стандарди, или по било чии. Едноставно, доведено е возилото до состојба "како ново". Цената му е релативно согласна со останатите понуди од таа класа, се продава.
Ти треба возило. Многу ти се допаѓа, и цената ти одговара. Знаеш дека е тоталка, и дека е поправано.
Би го купил? Спремен си психички да прифатиш дека возилото што ќе го возиш секојдневно, возилото во кое ќе се вози твоето семејство, "преживеало" тоталка, и е поправано од некој што не го познаваш?
Јас не, психата ќе ме отепа.