^^
Ниедна наука не е лоша, ниту може да биде лоша, сама по себе. Генетиката е извонредно важна научна дисциплина за иднината на човештвото. Генетските модификации, меѓу кои и генетскиот инжинеринг, се иднината на било кој успешен опстанок на човештвото и во блиска, и во далечна иднина... Но разберете бе луѓе, не е проблемот во науката - проблемот е во имплементацијата.
Системот е коруптиран. Имплементацијата на науката не е во име на прогресот и добробитта на човештвото. Имплементацијата на науката е исклучиво во име на профитот на најбогатите. Како резултат на тоа, страдаат обичните луѓе. Богаташите не купуваат ефтини производи од ГМО, богатите јадат исклучиво најквалитетна храна, а нам сите ни сервираат пропаганда дека од Х причини мора да се имплементираат генетски модификации кои ќе им го зголемат профитот. Се форсираат такави генетски модификации кои се добри за нивниот профит, наместо генетски модификации кои би биле наменети за добробита на луѓето.
Ете тоа е проблемот.
Еве еден банален пример што ми текнува во моментов. Патлиџаните. Нашите претци преку употреба на вековно докажани методи на генетски модификации (како генетска селекција, и др.), во зависност од локалните потреби произвеле разни автохтони видови на патлиџан. Таков еден е скопскиот Јабучар, прекрасен вкусен патлиџан кој денес скоро и да го нема на пазарот, и на нашите трпези. Јас го паметам од бавчата на баба ми од каде сам си берев пред оброци. Прекрасни големи црвени патлиџани, уште топли од сонцето, со специфичен мирис и неверојатен вкус.
Назад во реалноста. Денес на пазарот преовладуваат видови на патлиџан кои се генетски модифицирани за се, освен за вкус и здравје. Денешниот преовладувачки патлиџан е модифициран да биде отпорен на хербицидите со кој го комбинираат неговото производство, и модифициран е подолго да трае на полиците во продавниците. Споредете ги просечните цени на сегашните патлиџани, со просечните цени на поранешните цени на автохтони видови на патлиџан, каков преовладувал некогаш. Цените се многукратно покачени, и тоа не е само заради инфлацијата, туку и заради монополот на продавачите на семето за новите патлиџани. Системот е направен така да, наместо локални производители кои локално продаваат, имаме цел ланец на прекупци и потреба од невкусни нездрави патлиџани кои треба не се расипуваат долго време и да донесат профит на цел ланец прекупци (и продавачи на семиња и хербициди).
Која е крајната цел? Нечиј профит, или нашето здравје и задоволство?
Сигурен сум дека има и многу подобри примери, ама ете овој ќе послужи засега.