Хахахаах сега ќе се натпреваруваме кој е поголем сељак односно кој може да испие чаша оцет вс. хербицид. Полека се губиш. Како може да конзумирам хебрицид како што ти опишуваш? Иди ти конзумирај чаша прегорен зејтин од сендвичара. Ебате нивото на дискусија ти се вика ова.
И да, овој хербицид не е еклусизвен само за ГМО. Барем од искуство ти кажувам и на големо се користи во одгледување жито. Ова ти го тврдам со 100% сигурност барем во ЕУ.
Кога некој рандом човек со чиста совест и минимално разбирање на тоа како работи научниот свет, што е целта всушност, тогаш многу лесно ќе дојде до заклучок дека ти немаш абсолутно никаква врска односно си фанатик да ќе*аш за работи што во главата заради некоја неразјаснета причина ги сметаш како штетни по човековото здравје. И за среќа или несреќа овој пат е ГМО. Утре можеби вака сигурен ќе бидеш и со некоја нова форма на технологија која што е формирана во САД. Остави ги личните предрасуди на вакви сериозни теми.
Како игнорирам извештај од Светската Здравствена Организација кога јас го прокоментирав и реков дека е многу важен и допрва ќе следат повеќе информации околу оваа најнова вест дека овој хербицид е потенцијално канцероген. Нешто кое што ниту јас (па и да би сакал) ниту ти неможеме да го негираме но неможеме како тебе да донесуваме лажни заклучоци. Ваква фама се дига поради ликови како тебе.
“IARC has classified numerous everyday items in Category 2 including coffee, cell phones, aloe vera extract and pickled vegetables, as well as professions such as a barber and fry cook.”
Според логикава на Ван, кафето е канцерогено ако го пробаш, туршијата е канцерогена, ако збориш на телефон ќе добиеш рак, ако работиш на фритеза ќе добиеш рак итн.
И не мојата теза не е штетно роудап да се консумира, БЕ!!!! Тоа не е храна туку хебрицид кој што се користи во процесот на прозводство на храна. Повторно си читаш и донесуваш заклучоци за да го нахраниш твоето его. Погрешен пристап од самиот старт.
За останатите. Знаете ли што е штетно? Штетно е кога луѓето се прости и алчни и притоа к*р ги боли за здравјето по луѓето, дали тоа било ГМО, НЕ-ГМО, органско или што што сака нека е.
Најпрост пример од неодамна:
На две големи пратки со краставици од Македонија деновиве им бил забранет влез во Хрватска и тие се вратени од граница поради присуство на опасна хемиска супстанција над максимално дозволеното количество. Станува збор за остатоци од пестицидот хлорпирифос, кој бил откриен по хемиска анализа на краставиците, дознаваме од Европскиот систем за брзо предупредување на Европската Унија.
Производите се ставени под царинска пломба и веднаш се испратени на уништување. Од хрватското министерство за здравство посочуваат дека санитарната инспекција забранила македонските краставици да се стават во пазарен оптек за да се заштитат домашните консументи. Се работи за големи количества од 8.615 килограми краставици од прва класа и 25.510 килограми од втора класа, со потекло од Македонија. Во нив е откриено присуство од 0,14 до 0,26 мг/кг од опасната хемикалија иако, според законските прописи на ЕУ и Светската здравствена организација, максималното ниво на резидуи за краставици е 0,05 мг/кг, прифатливо дневно внесување. Ова не е прв случај на прехранбени продукти од Македонија да не им биде дозволен влез во земјите од Европската Унија поради хемиска контаминација, иако во меѓународни рамки државава се претставува како поднебје со чиста, здрава и еколошка храна.
Последен пат пратка за извоз од Македонија е вратена во ноември 2010 г. од Италија, исто така поради присуство на пестицидни остатоци (диметоат и ометоат) во јаболка. И додека во европските држави за ваквите скандали наголемо се зборува, поради превентива и предупредување на населението, кај нас нема ниту збор за сомнителната пратка. Кој е производителот, дали има и други домашни краставици зачинети со хлорпирифос и каде завршиле тие, не се знае.
Во Агенцијата за храна вчера го потврдија случајот и најавија истрага.
- Користени се пестициди два дена пред бербата, иако за да се разградат се потребни најмалку седум дена пред бербата. Пронајденото количество хлорпирифос е 10 пати поголемо од дозволеното. Вршиме истрага, иако се работи за искусна домашна фирма, која извезува и во други земји-членки на ЕУ - вели Абдулезел Догани, заменик-директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
И после муабети како во Македонија имаме најсочни патлиџани, највкусен кромид и краставици како се е природно. Абе и земјоделието е наука! Ајде Ван јас чаша роундап а ти чаша хлорпирифос?
