Симо, за било кој што е писмен да прочита - ти кристално јасно објасни дека не знаеш елементарни работи за биологија, и за агрикултура.
Во стерилна почва не е возможно да виреат растенија. Луцидна и смешна е твојата изјава дека „арското ѓубре полно со вируси и бактерии„ и заклучокот кој инсинуира дека како такво арското ѓубре е „опасно„ за употреба.
Па се разбира дека има бактерии во почвата. Почвата не би била... почва, без бактериите. Тоа е цел екосистем, се е поврзано и сите делови се неопходни за да системот функционира.
Симо, ова е заење од општа култура. Сметам дека нема потреба ни да се обидувам да ти посочам на кое ниво од формалното образование се учат вакви елементарни работи.
Иронијата е дека ти најде мене ми зборуваш за заклучоци донесени врз база на научни факти, а елементарните работи не ги разбираш. Дај среди си ги фактите, самиот се посрамуваш и резилиш со вакви гафови.
Тоа што ти не ги гледаш докажаните научни факти кои ти ги презентирав погоре, не значи дека не наведувам или дека не постојат. Тоа само ти не ги гледаш и си верглаш во празно.
Може не ти значи тебе пошто се праиш слеп. НЕ е куп сено, туку куп игли тоа што ти го пружив како литература, ти треба само да си ја избереш вистинската. Ама ти ни тоа не можеш. Сигурен сум дека не го ни прочита заклучокот што се однесува на безбедноста.
Човече кои научно докажани факти??
Факти за нутритивните вредности на храната од ГМО? Факти за безбедноста од исхрана со ГМО во период од пар месеци?
Толку не можеш да разбереш дека проблемот е во ДОЛГОРОЧНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ од исхрана со ГМО??
Па каква врска со добивање одговор на прашањето за долгорочните последици, имаат студии за нутритивните вредности, или студии за безбедноста од исхрана во кратки периоди како што се пар месеци???
Или ајде, по милионити пат: Еве јас не сум во право, еве ти нека си во право - и ако е тоа навистина така тогаш АЈДЕ ПОСОЧИ ЕДНА СТУДИЈА која докажува дека исхрана со ГМО е долгорочно безбедна пракса. Само една научна студија.
Ако навистина си во право, па колкав проблем е да покажеш таква студија?
Но не можеш, затоа што не постои таква студија. Едноставно не постои. Зарем не почнуваш да согледуваш дека и ти самиот си измамен со пропаганда која упорно вели „нема опасност„ ама никаде не покажуваат зошто и како дошле до тој, за индустријата одличен заклучок.
Неколку пати те замолив да изгуглаш
когнитивна дисонанца, направи си на себе услуга и прочитај што е тоа.
Aјде бе Ван, најди ми една ебана долгорочна студија која го покажува ефектот на исхрана со бардовска зелка наспрам исхраната со индустриска зелка? А? Немој да ми се вадиш „нема потреба“ зошто колку има потреба да се тестира ГМО, има потреба да се тестира било која друга храна.
Пак дилетантски нерелевантни паралели правиш. Пред ГМО дискусијава не ни претпоставував дека можеш да се сведеш на вакви демагогии и празни расправии - какви што применуваат таквите како филипв.
Дури и да се согласам дека во безбедноста може да се изедначи вештачката селекција со генетскиот инжинеринг - а не можат никако да се изедначат, но ете ако за атер на муабетот привремено се согласам со тоа... Епа дури ни тогаш нема потреба од „студии за испитување на безбедноста„ еден организам како што е бардовската зелка, организам створен (од човекот се разбира) уште пред илјадници години преку вештачка селекција.
Велиш зошто бардовската зелка нема потреба од испитување за безбедноста?
Па затоа што е испитан, и докажан дека е безбеден уште од пред илјадници години!
Па ова бе и на селанец му е јасно и сеедно што не го учел на универзитет, зошто со генерации наназад неговите претци во Бардовци саделе, одгледувале, и ЈАДЕЛЕ бардовска зелка без никакви последици (освен гасови, ако правеле купус).
Не може да се изедначуваат безбедносно меѓу себе сосема нов организам кој е медифициран со контроверзни нови методи, со еден стар организам кој со илјадници години безбедно се консумира.
Тоа е таа пропаганда на индустријата која си ја голтате како децата бомбони.