Со нетрпение го чекам времето, кога ќе најдеш време - да најдеш
научни студии кои се однесуваат на долгорочната безбедност од исхраната со ГИО. Можеби ќе помогне ако го вложиш времето кое го поминуваш во пишување напамет, и за се освен за
научни студии.
Верувај ми, јас лично и искрено сакам да видам такви истражувања. Јас
лично барав и не можев да најдам такви студии. Ете можеби ти ќе успееш таму каде што јас не успеав. Биди сигурен дека мене тоа повеќе ме интересира од тебе (судејќи според твоето „Не сме достојни, о не сме достојни, да дискутираме за генетски инжинеринг„).
Како да се дискутира чесно од човек кој што не е чесен и лаже?
Јас ти приложив извор од таму каде што само ти ги сметаш студиите за релевантни во кој што целосно ги соборува сите твои шпекулации. Место тоа да го прифатиш ти мене ме "учиш" дека четивото не е научна студија. Стварно?? Не сум знаел. Тоа не значи дека не е точно или релевантно, особено што доаѓа од "твоите" извори.
Тие студии кои јас сум ги ветил можеш слободно да ги најдеш на ncbi.nlm.niv.gov.
(кога ќе имам време ќе ти приложам научни студии кои што го тврдат спротивното од тоа што ти (сите)
Значи ако зборуваш за чесност, Ти самиот биди чесен и сети се дека културно се договоривме да употребуваме
научни студии во дискусијава. Всушност, токму ТИ беше тој кој ме обвини, многу страни поназад на темава, дека „на памет зборувам„ и дека не употребувам докази во облик на истражувања и научни студии.
Но сега кога го добиваш тоа што самиот го бараше - научни студии
токму ти си тој што е нечесен и сакаш разни публикации да подметнеш на местото на
научни студии. Никој (најмалку јас), не ја намалува научната вредност на разните научни публикации - арно ама тие не се замена за
научни студии, конкретно за нашата дискусија - потребни се докази, докази добиени со
научен метод и претставени во облик на
научна студија.
Затоа наместо нечесно (!) да обвинуваш за нечесност, и многу очигледно да дефлектираш и дигресираш - соочи се со реалноста дека
ти требаат научни студии и дека секакви разни публикации не се замена за
научните студии. Веќе ти објаснив, иако
научните студии СЕ публикации, сепак сите публикации
НЕ СЕ научни студии.
Повторно, не е никаков проблем да дискутираме и за публикации кои
не се научни студии.
Но првин инсистирам на резолуција на сегашнава фаза на дискусијава. За таква резолуција доволно ќе биде, или да покажеш такви
научни студии кои одат во прилог на тоа што го тврдиш (дека ГИО се долгорочно безбедни за исхрана)... Или да се согласиш со мојата констатација дека такви студии едноставно НЕ ПОСТОЈАТ (од разни причини, кои можеме, или не, да ги дискутираме - по твој избор).
Но ако инсистираш нечесно да избегнуваш и дефлектираш, преку посочување се и сешто - кога ти бараат точно и само
научни студии... Е тогаш пак ќе повторам, и ќе те замолам - најљубезно, да повечиш да ги игнорираш моите постови - ако веќе немаш намера да дискутираш чесно.