Чекајте малце другари
Ете признавам женско сум! И аватарот означува почит спрема Дарт и добри цуци, не укажува дека сум девојка

@Van со тебе дискусија повторно- тоа дека секој пишува сешто на нет не се однесуваше на членовите тука, туку на било кој во светов, нешто како на Wikipedia што лупетаат глупости скоро. Погрешно си ме сфатил:)
Вака сега: генетски модифицираните организми се добиваат преку генетскиот инженеринг кој се основа на техниките на рекомбинантната ДНА технологија. Таа вклучува knock-out & knock-down техники, користење плазмиди како вектори, поттиснување на генската експресија постранскрипциски и постранслациски и уште неколку се сигурно. But no such thing as gene splicing! Сплајсирање на гени е RNA- сплајсирање кое се случува Природно кај секој жив организам за време на транслација. Тоа е процес кога од pre-mRNA со еден куп ензими се пресекуваат интроните (некодирачки делови) и сите егзони (кодирачки) се поврзуваат со лигази, се образува сплајсеозом. И така се добива една убава фина молекула од која можеш да добиеш ген со некакво значење.
Значи природен процес, не рекомбинантна техника.
Speaking of природно, рекомбинација на гени слична на техники се случува кај бактериите преку процеси на трансформација, конјугација и транзиција. Природно. Спонтано.
Врз основа на процесот трансформација кај бактерии е базирана и сета оваа технологија која не се одвива преку сплајсирање, туку рекомбинација на гени со плазмидни вектори, тоа се генски секвенци, а не ДНА хеликси.