Кажав...
...
И не е претенциозно, укажано е само дека е од гугл читано, што според мене и не е најрелевантен извор на информации. Повеќе верувам на книгите од кои сум учела 4 години на факс.
Претенциозно е. Не знаеш какво е моето формално образование, ниту јас твоето. Претпоставуваш, и прејудицираш.
За почеток, ако Монсанто како дефакто и дејуре стожер на ГИО(гмо) индустријата
самите кажуваат дека употребуваат (и) техника на генетски сплајсинг... зарем навистина ли сега мора слепо да се држиш за тоа што пишува во еден учебник од нашиот „безгрешен„ едукативен систем (сега филипв би ти барал одма да го напишеш насловот, и кој е авторот на тој учебник).

Пази само дека тоа е официјалниот сајт на Монсанто. Не е „гугл„.
Никој не сака да ја намали вредноста на формалното едуцирање. Но не е во ред на јавен форум да декларираме авторитет. Од каде знаеш дека Миле Џонтра не е професор емеритус на Штуловиот Универзитет? Или дека Бајсикл не е реинкарнација на Кастанеда? Или дека филипв, не е аватар на Филпак Чопра? Јас можеби сум Баал, симнат на земјава да ве убедувам дека ГМО е штетно заради некои мои божествени махинации.
Не знаеме ништо, анонимни сме и како такви сите имаме еднаков авторитет. Затоа на јавен форум декларативно не настапуваме, туку колку што можеме објективно зборуваме и дискутираме, а потоа кажаното го проценуваме (наместо да го проценуваме авторитетот).
Мое лично мислење е дека ти е голема грешка што понатаму не ги збогатуваш знаењата надвор од формалното образование. Гугл е само пребарувач а не медиум или материјал. Гугл
(или јаху, или уште подобро дак-дак-гоу) ќе те донесе и до добри и до лоши материјали. Преку твоето образование и искуство, ќе процениш што е добро а што лошо и безвредно. Учебниците не се догма, науката е променлив материјал.
Дури и Дарвин имал некои сосема погрешни ставови за генетиката, разбирливо со оглед на развојот на науката во тоа време (сеуште не била „откриена„ ДНК). Но тоа не значи дека дека неговата теорија за еволуцијата не е едно од најзначајните научни дела за човештвото, од стекнувањето свесност па до ден денес.
Теретана зове, не можам на долго да се објаснувам 
Кажав ...
Крај! Збогум памети... Таков аватар, паметна (носиш наочари, м’хмм...?), и сега тек кога кажа дека вежбаш редовно во теретана.

Реакција на форумската популација:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ај кога ќе се вратиш од теретана, може ќе најдеш време да ми одовориш на последното прашање од овој
пост.