Автор Тема: ГМО  (Прочитано 407685 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1230 на: 08 Февруари 2015, 10:00:00 am »
Не е така. 10.000 години модификација е на база на природни методи. Растенијата биле компатибилни и се модифицирале. Црнец се ебел со кинескиња и се родило дете. Црнкиња се ебела со магаре ама се рацветала дундата, не се родило бебе-гаре. Пајакот и пченката се некомпатибилни и не можат природно да се вкрстат. Значи постојат дискретни вкрстувања кои се прават веќе 10.000 години а постојат и драстични вкрстувања кои се неприродни и никогаш не би се случиле природно. Организмите како конзументи се побезбедни при исхрана со дискретно модифицирани организми, а обратно при драстично модифицирани организми. Едните имаат потенцијал да се сериозни антигени а другите имаат помал потенцијал.

До кога ќе го игнорираш ова? Или пак ќе го демантираш?

Прво и основно, гмо не е тип на парење. Доста замишљаш делче од ген од мува во патлиџан како ебење на мува и патлиџан. Секоја паралела која ќе ја направиш меѓу сексуален однос и ГМО ти е погрешна у старт, да си знаеш.

Второ и основно, 10.000 години модификацијата е супервештачка. Рандом мутациите (кои можат да бидат било какви!) човекот вештачки ги одржува во живот. Пушти овца или свинче у природа и ќе изгине, ќе му се сотре семката за 24 часа. ПРИРОДАТА СЕЛЕКЦИЈА ќе ги елиминира свинчето и овцата. Затоа, човекот прави ВЕШТАЧКА СЕЛЕКЦИЈА (која е наспроти природната) и организмите кои во природа би умреле - ги одржува вештачки во живот: ги чува во вештачки трла, вештачки ги тера да одат ваму или таму, да јадат ова или она. Ништо од тоа не е „природно“.

Трето, ГМО не е драстично менување. РАндом мутациите можат да бидат каде-каде по драстични. Напротив, ГМО менувањето е прилично суптилно и се однесува само на некое изолирано, конкретно својство. Црвен „природен“ патлиџан и модар „природен“ патлиџан се КАДЕ КАДЕ драстично поразлични меѓу себе отколку црвен „природен“ патлиџан и црвен „гмо“ патлиџан.

Едните имаат потенцијал да се сериозни антигени а другите имаат помал потенцијал.

Да, ама ова не треба само да се КАЖЕ дека е така, туку и да се ОБЈАСНИ ЗОШТО тоа би било така.

Пошто иначе ваков е муабетот:

- Зошто гмо е поопасно од другите методи?
- Затоа што гмо има поголем потенцијал за сериозни (sic) антигени.
- Ама зошто гмо има поголем потенцијал за сериозни антигени??
- више ти објаснив

??

Не, никој не објасни. Само се КАЖА „гмо има потенцијал за сериозни антигени“. Ниту се објани зошто, ниту се докажа дека тој потенцијал е ПОГОЛЕМ отколку кај другите методи. Ниту се објасни зошто тој потенцијал би бил поголем. Ништо. Нула. Само се повторува едно те исто тврдење.

Тоа е само тврдење, базирано на fallacy, и непоткрепено со апсолутно ништо.

Затоа, по не знам кој пат: дајте да видиме ЗОШТО ГМО би имало ПОГОЛЕМ потенцијал да биде антиген од негмо. Само, ве молам, објаснувањето да биде со валидни, а не фалични („природно си е природно“) аргументи. Ако вие не знаете да објасните, пуштете линк каде што е тоа објаснето. Ама ТОА, не нешто друго.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #1231 на: 08 Февруари 2015, 14:30:09 pm »
@Миле ти кажав дека кактусите нема да ги јаде никој, али ако баш инсистираш ќе ти ја пекна глајцата xD
Поентава ми беше украсни растенија  да се модифицираат не би било воопшто штетно, ако се без семе како што кажа.
Во секој случај нуклеарките 45-та биле мн поопасни па ги преживеавме. Исто така чернобил кој зннае какви мутации има на растенијата, што нереков дека треба да јадеме чернобилски јаболка.
Во време на злетово во велес поради мутации населението се соочуваше со невидени проблеми, а и кој знае што јадеа, нешто сигурно многу поштетно и од гмо. Тамо секако им се гмо растенијата-загреота народот. 
Ако одбирам од глад и гмо ќе одберам гмо, али пре би каснал охридски патлижан(ван сезона, пошто е 2 пати поскап) или јабучар(или како се викаа) него некој мутант израснат со насиље.
Али тоа не значи дека треба да престанеме со одгледување на домажни животни и култури, со вештачко мрестење  итн... Па ќе испоцркаме за јадење. Крај краева подобро да умре 10% популација од гмо него 50% од глад.... така барем  е логично да е подобро. И да се разбериме, од јагодка нема поуба од шумските. Многу се убави, барем по мој вкус ии ама баш ништо не им фали. Не дека во нив па нема пластика олово и други глупости... штто е веке друг проблем


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: ГМО
« Одговори #1232 на: 08 Февруари 2015, 14:54:33 pm »
Еве нешто што треба малку да ги доведе работите во контекст..



http://geneticliteracyproject.org/2015/02/02/how-your-food-would-look-if-not-genetically-modified-over-millennia-2/

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1233 на: 08 Февруари 2015, 17:00:34 pm »
Moмци, не го разбирате вие бајсикл. Пејотл расте само во Мексико, а батево би сакал овде да го расте: но тој прво мора да се модифицира за адаптација на македонски услови!    ;D
@Bicikle те поздрави Кастанеда, и да знаеш шаманизмот навистина малку одстапува од концептот на интелегентен дизајн, но алас... сеуште го има истиот проблем како и сите религии. Ако некоја незамисливо интелегентна и семоќна убер интелегенција го создала универзумот, тогаш кој ја создал таа незамисливо интелегентна и семоќна убер интелегенција?    :P
Инача добра работа, те молам продолжи!  ;)


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1234 на: 08 Февруари 2015, 17:03:53 pm »
Еве нешто што треба малку да ги доведе работите во контекст..

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

http://geneticliteracyproject.org/2015/02/02/how-your-food-would-look-if-not-genetically-modified-over-millennia-2/

Зеро, ова многу пати го објаснивме. Ама ете ајде пак, те молам дај му шанса на текстот подолу... се разбира како сакаш да разбереш (а ваљда сакаш, чим учествуваш на темава).


ГМО храната МОЖЕ, односно има ГОЛЕМ потенцијал да се однесува како антиген затоа што е неприродна творба. И не важи тоа за сите. Дали важи за еден или друг ГМО зависи од тоа од каков тип е измената во генеткиот материјал и особините. На пример цитрусните овошја (агруми) имаат такви особини да се однесуваат како антигени кај голем дел од децата и бебињата, додека јаболката и бананата скоро никогаш не се однесуваат како антиген. Разликата меѓу не-ГМО и ГМО антигените е што во првиот случај ако се случи не-ГМО да ти делува како антиген ќе го знаеш тоа и едноставно нема да го конзумираш. Ќе конзумираш нешто друго. Во другиот случај ти не знаеш дали нешто е ГМО или не е. Они имаат намера најосновните прехранбени продукти да ги модифицираат, но нив не можеш да ги избегнеш и елиминираш од исхраната. Особено не може тоа да го направи целата популација од планетава на масовно ниво.

Бачка, ајде малку да го рафинираме ова напишаново -со акцент на болдираниот дел, ама и од аспект на грешките што... едукативно загрозениов дечко со ник филипв, сака да ни ги пласира.

Прво ГМО е погрешен акроним, ГИО е посоодветен. Адвокатски гледано (здраво филипв) описот ГМО ги опфаќа малте сите одгледувани видови храна со кои човештвото се храни. Минус дивеч, риби & морска храна, и диви овошки/зеленчуци. Зошто од технички аспект навистина сите одгледувани видови храни (и месото од добитокот) се генетски модифицирани.
Знам Миле дека го знаеш ова, ама други не го знаат па затоа го повторувам (зеро, поздрав и до тебе и до табелата што си ја поставил  ;) ).

Значи модификацијата на генетскиот материјал е сеприсутна низ историјата, и неоспорна. Но таа генетска модификација не се правела со методот на генетски сплајсинг, туку со стари докажни методи како генетска селекција и во други случаи со вкрстување. Разликата од старите традиционално безбедни методи до методот на генетски сплајсинг не можам да ја доловам ни со клишето: небо и земја.

Затоа не треба да се употребува називот ГМО кој намерно ни е натурен да се употребува, за да се прават забуни. Правилниот назив е ГИО, или генетски инжиниран организам (организам добиен со генетски сплајсинг).
Ова е важно да го расчистиме за да не доаѓаме во заблуда дека сите методи на генетска модификација се еднакви. НЕ СЕ. (уште еден поздрав за филипв, исто и за зеро, и за сите што се во заблуда)
Но да не биде здраво-за-готово муабетот, ајде да објасниме зошто методот на гентескиот сплајсинг е толку различен од традиционалните методи на генетска модификација.


Лаичко прашање: Како е можно да е безбеден модриот патлиџан, кој генетски е многу поразличен од патлиџанот... отколку што ГИО патлиџанот е различен од стариот добар не-инжиниран, не-сплајсиран патлиџан?

Поводот за ова прашање е валидната забелешка дека процентот на сличност во ДНК записот е многу поголем меѓу патлиџанот и ГИО патлиџанот (во однос на модриот патлиџан).
Но тоа што лаиците не го знаат, а пропагандната машинерија на индустријата го пласира во неедуцираните глави на момците (и девојките) како што е филипв, е следново:
(и се разбира дека ќе симплифицирам, за да ме разберете... а ако некогаш на темава налета некој што може ова по-елоквентно да го напише, или е поначитан и поедуциран од мене, го молам да ме дополни или исправи ако грешам некаде)
(не не филипв, ти дефинитивно не си тоа)   :D


ОК. Патлиџанот, исто како и модриот патлиџан, исто како компирот... исто како и многу други виодви од истата фамилија Solanaceae, сите тие имаат своја ДНК спирала составена од комбинација од делови на ДНК спиралите од нивните претци поназад во еволуцијата.
ОК? Краток пасос и јасно кажано за лесно да се разбере.

Тие делови од ДНК спиралата наследени од нивите претци, разберете ги како рецки од клуч (за отварање на врата, се разбира). ОК? Разберете ги како како делови од еден долг сложен клуч.

(замислете оваков клуч, ама многу подолг и посложен)

Имуниот систем е бравата, а дигестивниот систем е вратата во човековиот организам. За храната да влезе во сложениот систем наречен човек, имуниот систем мора да ја отвори вратата. Или да ја затвори, ако внесеното е штетно и непожелно. (симплифициран хинт: премногу алкохол доведува до што... -повраќање се разбира, а системот има и други методи на детоксификација)
ОК? Јасен сум до сега?

Значи што е проблемот со ГИО?
Проблемот е што билдинг блоковите, деловите од неговата ДНК се изменети со непрепознатливи делови. Клучот добива изменет распоред на рецките и... не може да ја отклучи бравата. Имуниот систем не ја отвара вратата, погрешно или правилно (сеедно) ама храната од ГИО ја идентифицира како АНТИГЕН.
Затоа имуниот систем се активира и се дешава што се дешава натаму кон разни форми и степени на автоимуни заболувања, или алергии (во поблага форма на сето тоа). Иначе од овде натаму процесот е веќе над мојата компетентност издржано да зборувам (иако имам добра концепција што следува), некој поедуцуран би направил добра работа да ме дополни.


Ете ова е уште еден начин да го објаснам антиген својството на ГИО, од аспект на консумација (човечка или добиточна, сеедно). Поедноставно кажано... здравје. Мислам дека ова е прилично лесно за разбирање и за лаици, но ако некој може подобро секако нека повели... се разбира дека и тоа како може подобра работа да се заврши од оваа мојава. (не не филипв, не ти)   :D

@Миле ај у опклада дека па ќе има ботување?    :P



Значи назад на генетската конекција меѓу видовите, да резимираме. Овие видови еволуирале заедно со еволуцијата на самиот човек. Претците на човекот ги јаделе тие јадливите претставаници од фамилијата Solanaceae. Се разбира не се сите видови Solanaceae јадливи, некои се прилично отровни. Дотолку што од некои nightshade се правеле најсилните отрови, и кога иницијално патлиџанот бил донесен од Америка, некои сеуште не го јаделе зошто плодот многу личел на поголема варијанта од европски вид кој служел за правење отров.  :)
Се разбира тие што се обидувале да јадат од отровните примероци од Solanaceae, не успеале да придонесат кон развивање на отпорност затоа што самите ги отстранувале своите гени од човечкиот генотип.   :P
Еве пак каде се е распространет животниот хабитат на Solanaceae фамилијата:


Квиз прашање: дали знаевте дека во Solanaceae припаѓа и пиперката (кои денес и одамна одпорано) ние луѓето со задоволство ги јадеме?  :)
http://en.wikipedia.org/wiki/Capsicum
In Bulgaria, South Serbia, and Macedonia, peppers are very popular, too. They can be eaten in salads, like shopska salata; fried and then covered with a dip of tomato paste, onions, garlic, and parsley; or stuffed with a variety of products, such as minced meat and rice, beans, or cottage cheese and eggs. Peppers are also the main ingredient in the traditional tomato and pepper dip lyutenitsa and ajvar. They are in the base of different kinds of pickled vegetables dishes, turshiya.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1235 на: 08 Февруари 2015, 17:11:11 pm »
Цитат
Патлиџанот, исто како и модриот патлиџан, исто како компирот... исто како и многу други виодви од истата фамилија Solanaceae, сите тие имаат своја ДНК спирала составена од комбинација од делови на ДНК спиралите од нивните претци поназад во еволуцијата.

Исто и ГМО патлиџанот.

Цитат
Проблемот е што билдинг блоковите, деловите од неговата ДНК се изменети со непрепознатливи делови.

Истото важи и при природни рандом мутации.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #1236 на: 08 Февруари 2015, 17:39:17 pm »
Едино у Македонија консументот го одобрува ГМО продуктот, и покрај тоа што истиот ја има само формата и бојата на својте предци ..

Таква е нашата жална и припростичка нација ...

Од друга страна производителот кур го боли, него го интересираат само приноси и намалување на трошоци ..

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1237 на: 08 Февруари 2015, 18:10:23 pm »
Цитат
Цитат
Проблемот е што билдинг блоковите, деловите од неговата ДНК се изменети со непрепознатливи делови.
Истото важи и при природни рандом мутации.

Едукацијата е важна работа. Тој што се едуцирал, тој знае дека природните рандом мутации се многу посуптилни (во однос на генетскиот спласинг). Парафразирано во мојата илустрација во претходниот пост, измените во рецките од клучот се помазни и затоа тој клуч без проблеми ја отклучува вратата која е имуниот систем.

Каде во природата се случува да излегуваат на ијадници нови видови во кои природните рандом мутации се идентични на вкрстување меѓу жаба/риба/лебарка и некое растение?
Природните рандом мутации се однесуваат на суптилни промени на типичните карактеристики на (во случајов) самото растение. На пример, промените можат да бидат такви да плодовите од црешата се покрупни и поблаги кога ќе созреат. Црешата може да биде поотпорна на екстремни временски влијанија. Земјоделецот ќе посади садници од најдобрата цреша, не од најлошата.
Во природата, природната селекција ја врши истата работа... Гените ги пренесуваат организмите со најуспешните особености.

Кон истото (или слично) се стреми и генетскиот ижнинеринг кога со генетски сплајсинг на ДНК спиралата вади мал селектиран дел и на тоа место вметнува дел од ДНК спиралата на друг сосема различен организам, со што се добива ГИО. Но  генетскиот ижнинеринг / генетски сплајсинг прави многу подрастични промени. Таквите подрастични промени, прикажани во мојата илустрација во претходниот пост, измените во рецките од клучот се пооштри и затоа тој клуч во многу случаи нема да може да ја отклучи вратата која е имуниот систем.
Се разбира, како што кажа и Миле... различни луѓе -различни генетски карактеристики, затоа некои луѓе имаат „полабави„ брави и кај нив влагаат и клучеви со погруби изменети рецки. Еволуциски гледано тие луѓе имаат повеќе шанса да остават повеќе потомци (пошто другиве ќе имаат проблеми со авто-имуни болести) и отпорноста кон исхрана со ГИО да ја пренесат на следните генерации.

Заебанцијата е денес реалноста е дека нови генетски инжинирани модификации се јавуваат малтене секојдневно и секако премногу често. Тие модифицирани организми се користат/садат 7-8 години пред да станат застарени и неисплатливи (билките и инсектите за тоа време стекнуваат отпорност на измените).
Ни еволуцијата ни имуниот систем не функционираат во временски распони кои се мерат со една цифра години... Солидни пет цифри се некој минимум за видливи резултати во еволуцијата.


Нејсе, „природните рандом мутации„ едноставно прават многу посуптилни промени во ДНК спиралата (барем тие промени што успеваат да се пренесат на следните генерации се секогаш суптилни а не драстични).
Еволуцијата делува чекор по чекор. Суптилно и постепено се менуваат организмите кога еволуираат. Ако природата ја илустираме како планина која има две страни. Едната страна е стрма и скоро вертикална литица или гребен, но другата страна е со тап агол и лесен успон... Еволуцијата можеме да ја илустираме како качување по таа планина која ете ќе ја наречеме планината МалкуВеројатна. Еволуцијата е можна само по страната на планината МалкуВеројатна која е постепено се дига спрема врвот, и успонот е постепен и лесен.

Во спротивно го единствена друга можна опција е токму религискиот концепт на интелегентниот дизајн, пошто само тој може да ја искачи стрмата страна на планината МалкуВеројатна. Во нашиов случај пандан на религијата е генетскиот ижнинеринг преку генетски сплајсинг на ДНК записите. Правиш ГИО, го јадеш и се молиш (на Рандом или на Зевс/Господ/Мухамед/Баал, сеедно) да не добиеш аутоимуна болест.  
Впрочем ова (на моја жалост) не е мој личен концепт, не дека не би сакам да можам да се изразувам така елоквентно како Ричард Докинс (Тhe God Delusion). Да не беше ваков бот, можеби и ќе размислев да ја позајмам книгата.. иако содржината најверојатно ќе биде изгубена на тебе, сепак надежта последна умира.  ;)


едит: @Mиле за колку минути следниот аутореспонс?   ;D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1238 на: 08 Февруари 2015, 18:11:27 pm »
Каде во природата се случува да излегуваат на ијадници нови видови во кои природните рандом мутации се идентични на вкрстување меѓу жаба/риба/лебарка и некое растение?

Никаде.

Но, ни ГМО не е вкрстување меѓу жаба/риба/лебарка. Друго е ГМО.

Ама дури и ГМО да беше вкрустување меѓу жаба и лебарка (а не е! тоа е популарна, но потполно погрешна мисконцепција), тоа повторно ништо не ни зборува за безбедноста на храната која ќе искочи од тоа.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1239 на: 08 Февруари 2015, 18:16:16 pm »
едит: @Mиле за колку минути следниот аутореспонс?   ;D

АХахахааха... човече, ликов ме изненадува и во налудите очекувања. РЕСПОНДИРАШЕ ПРЕД ДА ЗАВРШАМ ЕДИТ, ЗА 1МИН ПОСЛЕ ПОСТИРАЊЕТО!!!!   ;D ;D ;D ;D

Ауу свака част, каков БОТ!   :D


П.С.   ;)
http://en.wikipedia.org/wiki/Autoresponder

П.П.С. Cherry Picking во најекстремно светло... алгоритамот му филтрира секоја содржина која има можност за нешто има шанса да го едуцира, и вади само неколку збора на кои може да се респонира со своите незнаења.  ХАХАХАААА види ЕЕЕЈ, респонс за 64 ебани секунди... Човечеее!!!  ;D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #1240 на: 08 Февруари 2015, 20:28:22 pm »
"Moмци, не го разбирате вие бајсикл. Пејотл расте само во Мексико, а батево би сакал овде да го расте: но тој прво мора да се модифицира за адаптација на македонски услови!"    Ете кој ме разбрал, па нели се прекрасни кактусите? :P да не ја менувам цела клима ќе ги менам кактусите - логично не?
Патем ме занима мислење од противнициве за ГМО што ќе изјават за мутираните УКРАСНИ растенија- за или против?
Од една страна се носи закон за увоз/извоз и одгледување на ГМО кај нас, од друга пак те трујат со пропаганди за здравахрана... Али нафтата оефтине ќе си се напија едно килце таман ќе ми е...  :) Пошто нема никаков непобитен доказ дека гмо-то е штетно/здраво, инаку и темава не би била... 2и2 се 4 и нема тука што да седискутира нели? 
Дали таа мала секвенца што ќе се мени ќе има влијание на цела днк структура и на натамошниот развој на плодот во целост, бидејќи нели, на пример кај човекот различни органи се направени од една иста клетка, па ако се мени сосем малце таа клетка, би требало цел развој натака да биде драстично изменет.
Штетна или- најверојатно ќе бидиме сигурни за неколку десетици години, али енно ми гледа сигурно-сакале или не ќе ја јадиме сите, како што непушачите се трујат со чад од цигари(btw јас сум цигараш), како што пиеме кој знае каква вода, дишиме нечист воздух и тн...
Патем Ван таа интелегенција е семоќна ако сака да постои ќе постои-, ако не сака нема да постои, нема ни потреба некој да е создава пошто може сама од себе(од ништо) да си се создаде или да исчезне(прекршувајќи ги физичките закони). Сепак физичките закони се релативни и променливи со самото тоа што во физиката е дозволена промена на фундаменталните честички а со тоа промена и на самите закони.... (ќе прообам да ја најдам документарката ако занима некого ова со ќршење на физичкиве закони...)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1241 на: 08 Февруари 2015, 20:32:31 pm »
Тие делови од ДНК спиралата наследени од нивите претци, разберете ги како рецки од клуч (за отварање на врата, се разбира). ОК? Разберете ги како како делови од еден долг сложен клуч.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(замислете оваков клуч, ама многу подолг и посложен)

Имуниот систем е бравата, а дигестивниот систем е вратата во човековиот организам. За храната да влезе во сложениот систем наречен човек, имуниот систем мора да ја отвори вратата. Или да ја затвори, ако внесеното е штетно и непожелно. (симплифициран хинт: премногу алкохол доведува до што... -повраќање се разбира, а системот има и други методи на детоксификација)
ОК? Јасен сум до сега?

Значи што е проблемот со ГИО?
Проблемот е што билдинг блоковите, деловите од неговата ДНК се изменети со непрепознатливи делови. Клучот добива изменет распоред на рецките и... не може да ја отклучи бравата. Имуниот систем не ја отвара вратата, погрешно или правилно (сеедно) ама храната од ГИО ја идентифицира како АНТИГЕН.

Сакаш да кажеш дека клучот е DNA молекулата? Дека антителата знаат да ја читаат таа DNA молекула и да препознаат дали е настаната со хоризонтален или вртикален трансвер на гени од некоја друга „одобрена“ DNA молекула?

Се спомнува клуч и брава како популарна апстракција за опис на интеракцијата помеѓу антитела и антигени, ама не така како што ти си разбрал.

Цитат
There are several types of antibodies and antigens, and each antibody is capable of binding only to a specific antigen. The specificity of the binding is due to specific chemical constitution of each antibody. The antigenic determinant or epitope is recognized by the paratope of antibody, situated at the variable region of the polypeptide chain. The variable region in turn has hypervariable regions which are unique amino acid sequences in each antibody.

Далеку е ова од мојата струка и општи познавања, ама ко што гледам ти си уште подалеку.

И покрај тоа, инсистираш на пишување на реферати за работи кои се гледа дека не ги разбираш како што треба, а ги обвинуваш останатите кои цитираат заклучоци донесени од луѓето најспремни и најповикани да дадат одговор на овие прашања.

http://blogs.scientificamerican.com/guest-blog/2013/05/30/allergic-to-science-proteins-and-allergens-in-our-genetically-engineered-food/

Цитат
The potential for any protein to be a food allergen is difficult to predict with any accuracy. A decision tree that has been developed by the World Health Organization involves asking questions about whether the protein exhibits characteristics that might increase its probability of being an allergen. These include sequence‐relationship to other known allergens and the stability of the protein to gastric digestion. Such a decision tree, however, is only a guide and not a good rigorous predictor of allergenic potential or potency. Much has been learned about the protein sequence epitopes of food allergens by using epitope maps constructed with overlapping short peptides encompassing the entire protein. The linear epitopes recognized by IgEs from sensitive people have been mapped and for most food allergens the linear epitopes consist of a few too many non‐contiguous sequences that map to the surface of the allergenic proteins. A database of allergenic proteins and epitopes has been compiled and public access is available on the web (http://www.allergome.org/ and http://fermi.utab.edu/SDAP/sdap_man. html). What is striking about these data is that within gene families there are members that vary widely in stimulating an allergenic response. For instance the 2S family of seed storage proteins contains some of the most potent and dangerous of the plant allergens while other members of this gene family do not appear to be allergens.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1242 на: 08 Февруари 2015, 20:52:24 pm »
Цитат
Далеку е ова од мојата струка и општи познавања, ама ко што гледам ти си уште подалеку.

Не нудите ништо друго освен празна демагогија.
Не знам дали и ти и филипв имате претстава колку сте смешни со цитирања на рандом текстови во кои се содржани неколку киворди кои се во врска со муабетот...

Ајде ако имаш три чисти објасни што си цитирал, во контекст на дискусијава. Ете јас сум далаку, ти си демек, поблиски. Нема да ти бе тешко да објасниш така за да разбереме ние простите.


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1243 на: 08 Февруари 2015, 20:53:40 pm »
П.П.С. Cherry Picking во најекстремно светло... алгоритамот му филтрира секоја содржина која има можност за нешто има шанса да го едуцира, и вади само неколку збора на кои може да се респонира со своите незнаења.  ХАХАХАААА види ЕЕЕЈ, респонс за 64 ебани секунди... Човечеее!!!  ;D

Van, почнав да читам и уште на почетокот прочитав за вкрстување меѓу жаба и растение.

Со кој интерес би продолжил да читам долг текст кој на почетокот има погрешна премиса? Исто ко некој пред тебе на табла да почне да изведува некој сложен математички исказ, ама уште на почетокот прави некоја грешка. Дали ќе продолжиш да го следиш изведувањето, или ќе го прекинеш „ало, тука имаш грешка“?

Но, ајде, за атер на другите кои можеби ја следат оваа наша „дискусија“ (обрни внимание на наводниците) го прочитав остатокот од она што си го пишал и еве ги моите забелешки:

Природните рандом мутации се однесуваат на суптилни промени на типичните карактеристики на (во случајов) самото растение.

1. Не нужно. Мутациите се најчесто суптилни, но можат да бидат и радикални. Тоа одлучува богот рандом, со целосна слобода на одлучување. Tој нема обврска да генерира само суптилни мутации.

2. ГМО модификациите се суптилни. Се модификува само малo фрагментче од геномот.

Мислам дека ова ве бе буни и заради тоа сте уплашени:

Треба да се разликува „ген од мува“ од „мало специфично фрагментче кое го посакуваме во патлиџанот и сме го препознале некаде во геномот на - ете - мува“. Тоа исто такво фрагментче може да го има и во печурка, и во модро-зелена алга и во бенгалски тигар. Тоа е само фрагмент кој сам за себе не е специфичен за мува и не содржи некое екслкузивно мувско свосјтво. Ама, ете, кај мува сме го нашле. Врши работа. Може утре истата секвенца ќе ја најдеме кај папагал или вишна па ќе може да го зимаме и од таму. Не праи разлика, се додека е правата секвенца која (мислиме дека) ни треба да го добиеме бараната одлика.

Конечно, огромен дел од тие секвенци се потполно идентични и кај топола и кај луцерка и кај црвче и кај човек.

На пример, промените можат да бидат такви да плодовите од црешата се покрупни и поблаги кога ќе созреат. Црешата може да биде поотпорна на екстремни временски влијанија. Земјоделецот ќе посади садници од најдобрата цреша, не од најлошата.
Во природата, природната селекција ја врши истата работа...

Овој дел ти е добар.

гените ги пренесуваат организмите со најуспешните особености.

Никако. Гените ги пренесуваат сите информации за сите организми, и успешни и неуспешни. Откако ќе бидат пренесени, природната или вештачката селекција ги селектира „успешните“. Селекцијата е чекор кој доаѓа после препишувањето на гените.

Но  генетскиот ижнинеринг / генетски сплајсинг прави многу подрастични промени.

Не, не прави. ГМО не е ознака за степенот на драстичност на промените. Исто како и природните мутации, така и ГМО „мутациите“ можат да бидат и суптилни и драстични. Ако веќе тврдиш дека промените при сплајсингот се по дефиниција ПОдрастични отколку „природните“ мутации, тоа е сериозно тврдење кое бара сериозен аргумен. Но...

Таквите подрастични промени, прикажани во мојата илустрација во претходниот пост, измените во рецките од клучот се пооштри и затоа тој клуч во многу случаи нема да може да ја отклучи вратата која е имуниот систем.

...некаква лефтерна аналогија со некаков си клуч не е сериозен аргумент. Во недостаток на објаснување, побарав и линк кој ќе каже „ГМО промените се подрастични од природните / ГМО храната е поверојатна да делува како антиген“ но ни тоа не видовм. Па така, останува да ти веруваме на збор: само тврдиш дека ГМО подразбира подрастични промени на геномот отколку друите методи на генетско модификување, но таа поголема драстичност е без сериозна поткрепа. Тоа ти просто го тврдиш и толку.

Заебанцијата е денес реалноста е дека нови генетски инжинирани модификации се јавуваат малтене секојдневно и секако премногу често.

Сега за сега единствена комерцијално достапна култура во која преовладуваат ГМО сорти е сојата. Во мал процент од вкупно саденото, ГМО има пченка, пченица, ориз, памук и шеќерна репка (ако не заборавив нешто). Наскоро планираат да воведат и ГМО компир. ГМО патлиџан, кој го утепавме од спомнување, нема.

Тоа што во лабораториите секојдневно се појавуваат нови варијанти на ГМО култури е добро и треба да го поддржиме. ГМО е иднината на земјоделието . ГМО не може да се појавува „премногу често“ туку евентуално „премногу ретко“ заради разни политичкуи притисоци  во форма на разни легислативи. Тие се можен (и, за жал, во некои земји актуелен!) резултат на притисокот од страна на гласачкото тело кое има ирационален страв од новото и непознатото. Против тој страв треба да се бориме, а не да го подгреваме.

Солидни пет цифри се некој минимум за видливи резултати во еволуцијата.

Уште една популарна мисконцепција, овој пат од областа на еволутивната биологија. Скоковити, нагли промени во еволутивниот развој на некој организам се и тоа како можни, само што се ретки.

Нејсе, „природните рандом мутации„ едноставно прават многу посуптилни промени во ДНК спиралата

Уште еднаш само повторено неточно твдење, без одговор на прашањето „зошто тоа би било така“.

(барем тие промени што успеваат да се пренесат на следните генерации се секогаш суптилни а не драстични).

Ова е условно точно но само во случај на природна селекција. При вештачката селекција можеме кои сакаме промени да ја пренесеме на следните генерации, не само суптилните. Тоа е целата финта со вештачката селекција. Се разбира, тие промени се најчесто суптилни, но не мораат да бидат такви. И кога нема да бидат суптилни, тоа не е пречка со вештачко селектирање да ја продолжиме пропагацијата.

Еволуцијата делува чекор по чекор. Суптилно и постепено се менуваат организмите кога еволуираат. Ако природата ја илустираме како планина која има две страни. Едната страна е стрма и скоро вертикална литица или гребен, но другата страна е со тап агол и лесен успон... Еволуцијата можеме да ја илустираме како качување по таа планина која ете ќе ја наречеме планината МалкуВеројатна. Еволуцијата е можна само по страната на планината МалкуВеројатна која е постепено се дига спрема врвот, и успонот е постепен и лесен.

Ова е горе-долу точно, но важи исклучиво за природната селекција. Ова би бил добар аргумент не само против ГМО, туку против вештачката селекција воопшто, агрикултурата, доместикацијата на животните… против секое, какво било мешање во природниот тек на еволуцијата - нешто што го правиме со милениуми.

. Правиш ГИО, го јадеш и се молиш (на Рандом или на Зевс/Господ/Мухамед/Баал, сеедно) да не добиеш аутоимуна болест.

Тој ризик постои секогаш кога јадеш нешто што не си јадел до сега, без оглед дали е ГМО или не. Тој ист ризик човекот свесно го прифаќа во последните 10.000 години.
  
Впрочем ова (на моја жалост) не е мој личен концепт, не дека не би сакам да можам да се изразувам така елоквентно како Ричард Докинс

Кога веќе го спомна, што вика Ричард Докинс? ГМО е поопасно од другите видови генетско менување или не? Што вика? Плашете се луѓе, или не плашете се луѓе?

...

Како што гледаш, се држев за темат: зборував за гмо и само за гмо, без при тоа да ги спомнам твоите карактерни особини. Очекувам да возвратиш на ист начин.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1244 на: 08 Февруари 2015, 21:02:33 pm »
Патем Ван таа интелегенција е семоќна ако сака да постои ќе постои-, ако не сака нема да постои, нема ни потреба некој да е создава пошто може сама од себе(од ништо) да си се создаде или да исчезне(прекршувајќи ги физичките закони). Сепак физичките закони се релативни и променливи со самото тоа што во физиката е дозволена промена на фундаменталните честички а со тоа промена и на самите закони.... (ќе прообам да ја најдам документарката ако занима некого ова со ќршење на физичкиве закони...)


Можеби мислиш на некоја од различните теории за мултиверс универзумот. Еве еден интересен муабет од Мичио Каку (занемари го насловот на видеото):
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=FS_H9vMHoWU

Него за семожната интелегенција, гледај најлесно е да кажеш „таа е надвор од природните закони„ без никаков доказ освен лична верба изградена преку индоктринација или евентуално некои лични доживувања (што е секако повеќе за риспект, ама сеуште не валидна причина некој да наметнува нешто на друг).
Всушност ја не гледам никаков проблем со религиите кога се за лично духовно искуство... проблемот настанува кога покварени коруптирани индивидуи од религиските искуства прават институции за искористување на широката проста популација.