ОК фер одговор. И сосема на место и конструктивни ви се примедбите, и твоите и тие од велештрумф. Но ни ти, ни веле, не го допирате суштинскиот проблем на сето ова.
Зошто јас го нарекувам филипв неук?
Не го правам тоа само затоа што нему му фали многу знаење од тематикава. Полошо е што тој или игнорира шанси да научи нешто, или не е способен да научи. Јас мислам дека е првото, заради некој инат или искомплексираност... сеедно, зошто резултатот е истиот. Реплики во auto-reminder стил. Праќаш имеил, автоматски добиваш одговор „Миле е на одмор„. Праќаш нов имеил, автоматски добиваш ист одговор „Миле е на одмор„.
Таква е и дискусијата со филипв. Што и да објасниш, објаснетото не се коментира, туку се вртат муабети за некакви логички грешки, се коментираат изрази и термини, и... ме разбираш. Типот е како расипана плоча, како лош адвокат кој се фаќа за ситници очајнички обидувајќи се да го одбрани клиентот кој е во крв до лактите, а го фатиле на дело со нож во рака како ги касапи, жена му и швалерот. Но ете филип се надева дека џандарот на уапсениот не му ги прочитал неговите права (и дека е доволно глуп за да го признае тоа), и сега до бесвест дискутира за тие техникалии наместо за самото злосторство.
Знаеш, на тема која се занимава со општо позната проблематика... лесно се гледаат позерите и фејкерите (на жалост филипв го увидов за ваков на неколку теми со поспецифична проблематика). Но овде на оваква тема, на која сеуште се кршат копјата и во научниот свет (заради големите влијанија на можната индустрија)... овде позери како филипв можат да доведат во заблуда многу неинформирани читатели. А такви се барем 9 од 10 (и ова е преоптимистички).
Јас интимно сум заинтересиран за исходот од оваа... криза на човештвото. Ме погодува незнаењето и општата незаинтересираност на широката популација, ме нервираат злосторствата што ни ги прават на сите нас. Затоа се обидувам да направам нешто во поглед на едукацијата на луѓето, за подигање на свесноста за нешто што многу ќе влијае на нашата колективна иднина.
Но никаде, на ниеден форум или во муабет, немам сретнато за некој потврдоглав а во исто време и без соодветни знаења за тоа што папагалски го повторува од нечиј туѓ текст.
Нејсе, доста е. Забегав.
Ме погодува тоа што не се разбира и коментира суштината, туку некаква политичка некоректност на ословувањето на некој што нема знаење на оваа тема.