OK @velestrumf фер објаснување, процедурално настапуваш.
Но јас те разбрав и претходниот пат, а ти сепак и по објаснувањето извесно не разбираш дека овакви дискусии на научни теми одат рака под рака со квалификации од видот неук (кон) начитан (кон) стручен (кон) итн итн...
Значи кога во дебата со некој како филипв, после еден куп ситуации каде извесно е јасно дека човекот тотално не знае за што зборува... нормално е да го констатирам за неук. Тоа всушност е финале на критиката кон неговите ставови. Да дискутираш со неук е полошо од тоа да дискутираш со глув човек без да го знаеш јазикот на глувонемите.
Научна е темава а не можеш да комуницираш за наука со некој неук кој не го знае јазикот на науката.
Неук не е навреда, неук е констатација за нивото на неговата едукација на оваа тематика.
Како за компарација, и јас сум релативно неук за разликите на квалитетот на различни моторни масла... Неук сум ама не се правам паметен туку си прашувам коректно на темата за масла, и макар да и јас имам некои фаворити за кои навивам сепак немам никаква намера да ги „едуцирам„ некои кои на таа тема се извесно поискусни и поедуцирани од мене. Не сум компетентен да дискутирам за масла. Читам, учам и ако имам нешто прашувам.
Ова ти го кажувам за да ме разбереш дека со човеков не можам да дискутирам, кога не разбира за што му зборувам. Не мора да бидеш којзнае колку компетентен на тематикава за се вратиш неколку постови поназад и да заклучиш колкави големи дупки има во знаењето за основни работи како имуниот систем на човекот. И како сега јас да му објаснам како ГМО делува антигенски, без тој да седне неколку денови (недели во неговиот случај) и да се едуцира... Но тој всушност не се ни обидува да се едуцира. Нема никава намера. Но инсистира ОН нас да не „научи„ како стојат работите.
Како лош адвокат е, кој сака на техникалии да го заврти секој муабет. Logical fallacy oва logical fallacy она, а нема појма ни што е антиген, ни имун систем, ни генетски инжинеринг. Впрочем ова за филипв сигурно го знаете и подобро од мене, јас не го читам на сите теми на форумов. Да имате опција за блокирање на форумот, немаше ни овде да го читам. До толку е бесполезна дискусијата со него.
Заради тоа го нарекувам климач со глава, зошто постојано цитира и пастира пропаганда иако ПОЈМА НЕМА што е напишано во тие материјали. Кога дискутираш со него е како да разговараш со лошо напишан компјутерски бот, сувопарно цитира туѓи текстови (кои не ги разбира) и кога ќе критички ќе одговориш на тоа, повторно сувопарно цитира туѓи текстови (кои повторно не ги разбира). Ниту тоа не е навреда, туку квалификација која тој има полна слобода да ја демантира и да покаже дека јас не сум во право.
Затоа @velestrumf фер е што отворено кажуваш дека не си компетентен да дискутираш на темава, претпоставувам дека затоа и читаш овде -можеби ќе имаш можност да научиш нешто што не го знаеш. Но на жалост некомпетенцијата на тематикава те прави и некомпетентен да процениш колку е неук некој како филипв.
Види го сето ова од овој аспект: Претпостави дека ГМО не е многу коментирана тема на македонскиот интернет. Претпостави и дека просечниот човек кој овде дошол пребарувајќи на интернет (или на форумов), не е покомпетентен од тебе.
Ако некој не го покаже филипв за тоа што е, неук, тој читател што дошол овде во потрага по знаење... ќе остане неук како филипв.
Јас за сето ова што е поврзано со ГМО (ГИО) имам многу научено од разни форуми (воглавно на англиски јазик). Притоа не научив толку од дискусиите колку што научив од материјали кои биле посочувани преку тие дискусии. На почетокот и јас бев проГМО, логично е нели напредок на науката и сето тоа... Но по детално читање и следење на овакви теми го сменив ставот. Потребните докази колку и да се обскурирани од пропаганда, од напорите на индустријата, тие докази сепак се тука. Но бараат предзнаења и отворен ум за да се разберат и увидат.
Ретко кој од нас (што не сме по вокација инволвирани во ова) имаме доволно знаење за тематикава, но најлошо е кога некои од нас немаат отворен ум. Тогаш нема можност за едуцирање. Тогаш можеби и несакајќи стануваат алатки на пропагандата.