Планетата и сега има доволно ресурси за без проблеми да се храни населението со нормална храна. Според некои предвидувања дури има простор и за некои 30-40% пораст на популацијата.
Но зборуваме за глобални ресурси на планета, не за поединечни држави. Ако (на пример) во Индија идат на 10-20 деца по семејство, ни ГМО ни репликаторот од Ентерпрајз не им врши работа.
Генетскиот сплајсинг не е зрела технологија, нејзините резултати се недоволно испитани. Дури и без научните студии кои кои покажуваат дека исхраната со ГМО влијае како антиген: Се додека не се воспостават меѓународни тела и методи за испитување на безбедноста, јасно е дека тие од индустријата нешто кријат.
Приказните дека избрзувањето со ГМО ќе го „спасува„ населението се глупости. Најпосле ГМО најмногу се употребува во САД, не знам дали таму умираат од глад... но според типичните амери не ќе да се гладни.
Сржта на промоцијата на ГМО, не е само профитот... уште повеќе се работи за моќта на контролата врз храната како ресурс. Сите ГМО се патентирана сопственост.
Старите семиња полека се губат и ги снемува, намерата на тие што ја поседуваат ГМО индустријата е некогаш да не постојат други семиња освен тое што ги продава ГМО индустријата. Семиња за кои секоја година мора да се плаќа одново, сеедно што фармерот можеби од ланската сеида ги зачувал.