Тоа можеби е и вистина, но тоа што сум ја тежок сељак не ја прави ГМО храната повеќе или помалку канцерогена.
Можеби не, но сепак тоа тебе те прави многу неподобен соговорник.
Да, но ние сме тука да дискутираме за ГМО, а не за личните карактеристики на учесниците во дискусијата. Кога наместо темата почнуваш да зборуваш за учесниците во темата, тоа се вика ad hominem и не е во ред во никој случај. Башка што е, онака, простачки да му кажеш на неистомисленкот „сељак“ кога овој на никој начин не те навредил ниту ти опцул мајка. Немој.
Конечно, зашто сум сељак? Затоа што не се согласувам со тебе? Или затоа што барам да ми дадеш книжна референца која ти ја криеш ко ѓавол од крст? Тоа ли е сељачкото? Не разбирам.
Хаа хахаха... oh the irony!
Некој што навистина сака да дискутира, не пишува „ај направи го пак тоа што веќе го направи 100пати, а јас однапред ти кажувам дека тој доказ не докажува ништо„!
Очигледно не разбираш што ти кажувам. Мојата забелешка е двојна: ем нема доказ дека некој гмо компир е канцероген (да го имаше ќе го видевме), ем и да има тоа не ни кажува дека гмо производите во принцип се штетни. Ќе се прашаш „е како бе не кажува“. Еве вака, bear with me:
Замисли две купчиња различни земјоделски производи. Едното купче се исклучиво гмо производи, другото купче се исклучиво не-гмо производи. Значи, двете купчиња заедно ги содржат сите можни производи на светот. Ако постои - или е гмо или не е гмо. Нема треќе.
И сега нурнуваме во „гмо“ купчето барајќи нешто штетно. Бараме, бараме, бараме и оп, охохооо, најдовме! Дали доколку во „гмо“ купчето најдеме
некои поединечни производи кои се штетни, треба целото купче да го означиме како „штетно“ и да не јадеме ништо од тоа купче?
Ако кажеш „да“, тогаш одиме понатаму, бркаме во второто, не-гмо купче. Ама, пази чудо, и таму наоѓаме штетни, отровни производи, кои не се за јадење. И сега шо праиме? И второто купче ќе го џитнеме?
Затоа цело време те предупредувам на грешката која ја правиш споредувајќи конкретни производи (како ддт) со цела класа на производи (како гмо), бидејќи таквата споредба
сама по себе води во парадокси. Се редуцира на апсурд.