Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408128 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #825 на: 26 Јули 2014, 16:07:09 pm »
http://www.novi-svjetski-poredak.com/2013/07/08/argentina-i-indija-stravicni-primjeri-posljedica-gmo-uzgoja/

Во останатите вести од овој феноменален извор:

http://www.novi-svjetski-poredak.com/2014/07/15/kako-nastaje-rak-kada-znate-kako-nastaje-mozete-ga-i-pobijediti-lako/

"Tumor je košara za smeće u koju tijelo odbacuje otrovne materije i stvara ovojnice okolo da bi se izolirala od otrova"

"Kada frekvencija tijela padne ispod 58 Hz pojavljuju se simptomi prehlade, na 55 Hz kandida, na 42 Hz rak. Svaka bolest ima frekvenciju"

Ќе тобијам тумор од читање на глупостите концентрирани во овој сајт и нему сличните.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ГМО
« Одговори #826 на: 28 Јули 2014, 22:49:26 pm »
Која фреквенција ти зрачи мозокот?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #827 на: 29 Јули 2014, 01:11:55 am »
-16 Mhz со исклучено Турбо

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ГМО
« Одговори #828 на: 29 Јули 2014, 13:22:44 pm »
Треба ЕЕГ да направи :)

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #829 на: 29 Јули 2014, 21:24:08 pm »

@djidji во врска со информациите од линкот што го постираше пред некој ден:
http://www.naturalnews.com/046193_GMO_crop_failures_farmer_suicides_India.html
Nearly 300,000 suicides in India so far from GMO crop failures


П.С. Еве и Филип да не се мачи:
http://rationalwiki.org/wiki/NaturalNews   :P

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #830 на: 29 Јули 2014, 22:32:30 pm »
Ме насмеа овој дел од описот на RationalWiki за NaturalNews.com:

Цитат
Even other quacks think it's a quack site

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #831 на: 30 Јули 2014, 12:06:53 pm »
Што говно патлиџани има по пазариве тоа чудо..

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #832 на: 30 Јули 2014, 14:00:09 pm »
Но затоа не се расипуваат и добри се за индустријата.
Ваквите ГМО варијанти се креирани да издржуваат долг транспорт и високи температури при складирање и превоз. Тоа и помага на индустријата да има значително пониски цени од индивидуалните произведувачи, кои обично продаваат во релативна близина на местото на производство.

Вкусот (и безбедноста) се споредни, во однос на профитот. Купуј народе, евтини патлиџани.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #833 на: 31 Јули 2014, 11:23:08 am »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #834 на: 03 Август 2014, 08:54:30 am »
Еве уште еден платеник на Монсанто.... или неписмен глупак кој не разликува вештачка селекција од сплајсинг.


Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #835 на: 03 Август 2014, 09:36:18 am »
Човекот е астрофизичар. Брилијантен, и многу елоквентен астрофизичар.
Но биолог и генетичар, тоа Нил Тајсон не е.


Вертикалниот трансфер на гени секогаш ќе биде нешто сосема различно од хоризонталниот.

На сите им се случуваат лапсуси, а самото име ГМО е секако погрешно одбрано. Ако идеме директно по дефиницијата за ГМО, Тајсон е во право погоре во видеото. Скоро се што јадеме денес навистина е генетски модифицирано. Но спорниот момент е модификација со генетски сплајсинг (хоризонталниот трансфер на гени)... кој во оваа фаза на развој и со овие методи и стандарди за тестирање, дефинитивно НЕ Е безбеден.


На она што денес се означува со ГМО дефинитивно му треба ново име. Јас гласам за: ФРАНКЕНФУД! 

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #836 на: 03 Август 2014, 09:45:33 am »
Човекот е астрофизичар. Брилијантен, и многу елоквентен астрофизичар.
Но биолог и генетичар, тоа Нил Тајсон не е.

Затоа ти си биолог и генетичар (со непрочитана ниту една книга од областа на генетиката), иди објасни му дека вертикалниот и хоризонталниот трансфер се сосем различни. Он не разбира, за разлика од тебе. Пиши му меил, просветли го човекот.

Q: Кој се разбира повеќе во генетика, Тајсон или Ван?
А: Ван.

(аплауз)

Него, не ми кажа дали Докинс е платенк на Монсанто? Е или не е? Ако не е, веројатно и на него ќе треба да му ја објасниш разликата меѓу хтг и втг...

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #837 на: 03 Август 2014, 10:02:20 am »

Филипчо, не смарај и земи едуцирај се за разликите меѓу вертикален и хоризонтален трансфер на гените.

Ти реков дека упорно дрвење на тема за генетски модифицирана храна, ќе те направи познавач колку што седење во гаража може да те направи автомобил.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #838 на: 03 Август 2014, 12:22:13 pm »
Човекот е астрофизичар. Брилијантен, и многу елоквентен астрофизичар.
Но биолог и генетичар, тоа Нил Тајсон не е.

Затоа ти си биолог и генетичар (со непрочитана ниту една книга од областа на генетиката), иди објасни му дека вертикалниот и хоризонталниот трансфер се сосем различни. Он не разбира, за разлика од тебе. Пиши му меил, просветли го човекот.

Q: Кој се разбира повеќе во генетика, Тајсон или Ван?
А: Ван.

(аплауз)

Него, не ми кажа дали Докинс е платенк на Монсанто? Е или не е? Ако не е, веројатно и на него ќе треба да му ја објасниш разликата меѓу хтг и втг...
Слушај ме сега внимателно: кога темата е контроверзна (некои релевантни мислат вака, а некои релевантни онака) не се аргументира со авторитет.

https://yourlogicalfallacyis.com/appeal-to-authority

Повикувањето на авторитет треба да задоволува повеќе услови за да не биде fallacy:

1. Лицето на кое се повикуваш треба да има доволно стручен во областа за која се дискутира. Тука си добар - авторитетите на кои се повикуваш се навистина доволно стручни.

2. Темата треба да биде внатре во рамките на експретизата на авторитетот на кој се повикуваш. И тука си добар.

3. Постои согласување меѓу другите авторитети за таа тема (неконтроверзност). Е, тука имаме проблем. Не сите експерти сметаат дека новите правила се глупи. Напротив.

4. Авторитетот не смее да биде пристран (biased). Тука не знаеме на што сме. Авторитетите кои ги наведе можеби се пристрасни, можеби не се.

5. Областа на стручност на авторитетот е легитимна област на истражување. Сака да каже дека не може експерт за тарот карти да ти објаснува баш ништо па дури ни за тарот. И тука си добар.

6. Авторитетот мора да биде идентификуван. И тука немам забелешки.

Значи, твојот аргумент не задоволува барем еден од шестте услови за да биде валиден. Така да не е валиден, па макар и господ бог лично се симне од небото и каже „не чинат новите правила“. Џабе. Аргументирање со повикување на авторитет е во ред само кога на темата има консензус во стручните кругови. Така да внимавај во иднина што презентираш како аргумент вс личен емотивен став завиткан во целофан на кој пишува „аргумент“.


Пронајди го натрапникот...Кога му одговара да се повикува на авторитети - тоа го прави. Кога друг се повикува на авторитети - држи лекции од филозофија.



Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #839 на: 03 Август 2014, 12:36:53 pm »
Добро бе, пичка му матер, за украс ли пишувам зборчиња? А убаво те предупредив да читаш внимателно. Но, не, џабе, пишувај Филип ти ако си немаш друга работа...

Слушај ме сега внимателно: кога темата е контроверзна (некои релевантни мислат вака, а некои релевантни онака) не се аргументира со авторитет.

За безбедноста на гмо постои научен консензус, што е обратно од контроверза.

Слично е и за вакцините. Нема котроверза во научните кругови ако Џени мисли дека од нив се добива аутизам, пошто Џени се разбира у вакцини исто колку и Ван у генетика - разбрано-недоразбрано.

Иначе, има морлоци кои тврдат дека земјата е рамна плоча и дека масоните не лажат дека е тркалезна, но бидејќи не се релевантни - нема контроверза.

http://theflatearthsociety.org/cms/

Башка што јас не ги користам Тајсон и Докинс како аргумент. Само ме интересираше дали Ван ги смета за платеници на монсанто или незнајковци. За жал, никогаш не одговори на тоа прашање, али навикли смо веч...

Уствари, чекај, зашто ти праам муабет? Уште сум ти лут! Мрш!