Ахахаха... „Не ни видов што пишува унутра, може и точно си пишувало„.
Каков комедијант, втф коментираш нешто што не си го ни отворил... колку покварено е тоа, а?
Што тоа тебе те прави авторитет за проценка на „кредибилитетни извори„??
Можеби баратањето со вики дефиниции за се и сешто (кои не умееш да ги примениш и во своја насока). Или можеби си во тешка заблуда која не сакаш, или не можеш да ја признаеш.
Или можеби причината е што се чуствуваш посигурен во твојот розов свет.
Се ќе биде ОК се додека совесно си ја работиш својата работа, се вклопуваш во твојата улога во општеството и не таласаш. Си размислуваш, „тие горе мислат за доброто на нас, зошто ние им требаме и не можат без нас„. Наједноставно и најлесно е да веруваш во суптилниот маркетинг, нема потреба да размислуваш критички, а тие што го прават тоа се непријатели на системот и шират „теории на заговор„.
Ширум си ги затвараш очите пред многуте докази од чесни луѓе кои си ги жртвуваат кариерите (често и животите) заради совеста, наместо да ја жртвуваат совест заради парите. Докази не гледаш затоа што докази не сакаш да видиш.
Има многумина што воопшто не сакаат да се замараат со вакви работи, но ти не си од нив. Ти си од тие што насетуваат дека нешто не е во ред, но многу сакаш да веруваш дека се ОК и дека се розово. Сакаш да веруваш во сигурноста на розовиот свет кој секојдневно ни се сервира преку меинстрим медиумите. Ама сепак дури и таквите како тебе, и вас ве копка јанѕата... Којзнае, некогаш можеби ќе се „заебете„ на момент да ги отворите очите, и тогаш сонот за розовиот свет ќе пропадне во калта на реалноста.
И се разбира, кој ќе ја отера дискусијава во офтопик ако не ти. А кога веќе сме таму, да спомнам една работа која (мислам дека) не сум ја спомнал овде.
Се работи за едноставен принцип кој е скоро па непогрешлив, ако упорно се следи до самиот крај: „Следи ги парите„!!!
Кога не знаеш или не можеш да разбереш зошто нешто се случува... само следи ги парите. Парите кажуваат СЕ. Кажуваат зошто се промовира ГМО храната, и кажуваат зошто таа промоција нема врска со добробитта на човештвото и напредокот на науката.
Парите кажуваат многу работи, и тоа си заслужува одделна тема. Која јас нема да ја отворам. Но ќе земам учество во неа, ако некој друг ја отвори.
До тогаш, би замолил да се избегнува упорно труење на оваа тема со офтопик работи.
едит: П.С. Здраво и на тебе Васил, како е под земјата? Поздрави ги другите ноеви!
BTW, ako сакаш да зборуваш за светската економија... не само што ова не е тема за тоа, туку и ти (заедно со Филипчо) прво на тие вики страните за дефиниции за се и сешто, пронајдете што значат поимите: фиат валута и онтопик конверзација