Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408242 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #765 на: 12 Јули 2014, 13:17:17 pm »
Aло, јен два, дали имаме контакт? Ало!

Toa што банкарите прават мучки не значи дека од вакцина се добива аутизам.

Тоа што голдман сакс ја покраде пола планета не значи дека не прскаат од авиони.

Тоа што монсанто прави далавери не значи дека од гмо се прави рак.

Овакво нижење на некохерентни аргументи се вика "Not even wrong". Мислам дека више го пуштив, ама кој да почита. Сите читаат само она што им иде у прилог, а грубо игнорираат све друго.

По стоти пат: сигурно дека постојат некои теории на заговор кои се точни.  Но, треба да се има критериум како да се разликуваат точните од неточните, а не пошто нешто испаднало точно, све друго у кофа да се прифаќа, само затоа што ги потврдува твоите претходни паранои.

http://rationalwiki.org/wiki/Not_even_wrong

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #766 на: 12 Јули 2014, 13:25:05 pm »
Јас ја разбирам темава како поле за разговор на темата „Теории на заговор“. Затоа тука го префрлив муабетот.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #767 на: 12 Јули 2014, 13:25:34 pm »
Ахахаха... „Не ни видов што пишува унутра, може и точно си пишувало„.
Каков комедијант, втф коментираш нешто што не си го ни отворил... колку покварено е тоа, а?

Што тоа тебе те прави авторитет за проценка на „кредибилитетни извори„??
Можеби баратањето со вики дефиниции за се и сешто (кои не умееш да ги примениш и во своја насока). Или можеби си во тешка заблуда која не сакаш, или не можеш да ја признаеш.

Или можеби причината е што се чуствуваш посигурен во твојот розов свет.
Се ќе биде ОК се додека совесно си ја работиш својата работа, се вклопуваш во твојата улога во општеството и не таласаш. Си размислуваш, „тие горе мислат за доброто на нас, зошто ние им требаме и не можат без нас„. Наједноставно и најлесно е да веруваш во суптилниот маркетинг, нема потреба да размислуваш критички, а тие што го прават тоа се непријатели на системот и шират „теории на заговор„.

Ширум си ги затвараш очите пред многуте докази од чесни луѓе кои си ги жртвуваат кариерите (често и животите) заради совеста, наместо да ја жртвуваат совест заради парите. Докази не гледаш затоа што докази не сакаш да видиш.
Има многумина што воопшто не сакаат да се замараат со вакви работи, но ти не си од нив. Ти си од тие што насетуваат дека нешто не е во ред, но многу сакаш да веруваш дека се ОК и дека се розово. Сакаш да веруваш во сигурноста на розовиот свет кој секојдневно ни се сервира преку меинстрим медиумите. Ама сепак дури и таквите како тебе, и вас ве копка јанѕата... Којзнае, некогаш можеби ќе се „заебете„ на момент да ги отворите очите, и тогаш сонот за розовиот свет ќе пропадне во калта на реалноста.


И се разбира, кој ќе ја отера дискусијава во офтопик ако не ти. А кога веќе сме таму, да спомнам една работа која (мислам дека) не сум ја спомнал овде.
Се работи за едноставен принцип кој е скоро па непогрешлив, ако упорно се следи до самиот крај: „Следи ги парите„!!!
Кога не знаеш или не можеш да разбереш зошто нешто се случува... само следи ги парите. Парите кажуваат СЕ. Кажуваат зошто се промовира ГМО храната, и кажуваат зошто таа промоција нема врска со добробитта на човештвото и напредокот на науката.

Парите кажуваат многу работи, и тоа си заслужува одделна тема. Која јас нема да ја отворам. Но ќе земам учество во неа, ако некој друг ја отвори.
До тогаш, би замолил да се избегнува упорно труење на оваа тема со офтопик работи.



едит: П.С. Здраво и на тебе Васил, како е под земјата? Поздрави ги другите ноеви!
BTW, ako сакаш да зборуваш за светската економија... не само што ова не е тема за тоа, туку и ти (заедно со Филипчо) прво на тие вики страните за дефиниции за се и сешто, пронајдете што значат поимите: фиат валута и онтопик конверзација

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #768 на: 12 Јули 2014, 13:31:44 pm »
Се работи за едноставен принцип кој е скоро па непогрешлив, ако упорно се следи до самиот крај: „Следи ги доказите„!!!

Поправено

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #769 на: 12 Јули 2014, 13:35:16 pm »

Јас од друга страна не завземам страна.
Имам тенденција да бидам склон кон теориите на заговор

Дали си свесен за ироничноста на оваа контрадикција?

Дали си свесен ти дека поима немаш од македонски јазик? Сакаш на англиски да ти напишам?
Како што кажав имам само ТЕНДЕНЦИЈА за одредени работи (што не мора да значи за во овој случај) да бидам СКЛОН (значи само склон, не значи дека сум) кон теориите на заговор.

Секогаш се држат зад наводни научни објаснувања но тоа не е точно.

Затоа, зошто ти побогу мислиш дека и повеќе во право од Ван, или од мене

сум спремен да го сменам ставот под притисок на доказите. И, за разлика од вас, не прифаќам аргументи кои што логички водат во парадокси и бесмислици.

Исто и јас. Сега ќе крадеме туѓи констатации во одсутство на паметни коментари? Јас тоа ти го зборувам веќе година дена а ти сега најде да крадеш од моја уста и да ставаш во своја?

И уште една друга работа не сфаќаш што мајка барам јас во темава. Баш ме интересира колку месеци ќе ти требаат за да сфатиш.

Се работи за едноставен принцип кој е скоро па непогрешлив, ако упорно се следи до самиот крај: „Следи ги доказите„!!!

Поправено

Доказите со пари се купуваат

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #770 на: 12 Јули 2014, 13:46:08 pm »
Ако се и секој може да се купи со пари, тогаш веќе имаме изгубено и нема поента да се прави муабет на овие теми.

Ставот на Van дека вакцините се ОК, само во случај кога фармацевтските компании би правеле повеќе пари ако продаваат лекови за болестите кои се покриваат со тие вакцини, ме води до заклучок дека целава оваа насока на размислување има корења во огромната омраза кон оние со пари и моќ. А знаеме дека омразата знае да не заслепи.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #771 на: 12 Јули 2014, 14:17:21 pm »
.... што не гледам ништо лошо во твојот заклучок. Нормално дека е така. Тие со пари и моќ тешко дека ти мислат добро.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #772 на: 12 Јули 2014, 14:18:31 pm »
„Следи ги парите„!!!

Браво, ја откри америка!

И? Што откако ќе ги следиме парите? Парите се трошат и за арно и за лошо, само се враќаме кон тоа дека мораш да имаш критериум на разликување. Парите сами по себе не се критериум, следењето на парите може да те одведе на различни места. Иначе, во пазарно стопанство, нормално дека све функционира на база на профит: со пари се купува и хероин и инсулин. Што е тука толку за болдирање, демек ние не знеме дека све е за пари?

Како со следење на парите ќе откријам дали гмо прави рак или не?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #773 на: 12 Јули 2014, 14:18:57 pm »
Windows користите?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #774 на: 12 Јули 2014, 14:20:53 pm »
Како со следење на парите ќе откријам дали гмо прави рак или не?

Како? Па кој колку пари вложува во тоа да докаже дека ГМО е океј? Монсанто нели? А колку пари вложуваат заговарачите? Ај спореди.
Така да сосем е логично дека со пари се купуваат докази дека ГМО е океј.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #775 на: 12 Јули 2014, 14:27:12 pm »
Како со следење на парите ќе откријам дали гмо прави рак или не?

Како? Па кој колку пари вложува во тоа да докаже дека ГМО е океј? Монсанто нели? А колку пари вложуваат заговарачите? Ај спореди.
Така да сосем е логично дека со пари се купуваат докази дека ГМО е океј.

Не сите истражувања на безбедноста на ГМО се финансирани од Монсанто. Што правиме со тие другите, кои исто велат дека ГМО е безбедно? Што правиме со научниот консензус? Монсанто ги поткупи повеќето научници на светот? Монсанто ги укина сите акаунти на википедија на луѓе кои не се поткупени од монсанто, па овие не можат да ја едитираат википедија статијата? Се слушате ли што зборите бе??

Башка, вака претставен критериумот е бизарен: испаѓа дека за да ја видиш вистината треба ова:

1. Гледаш кој све истражувал на одредена тема (напр гмо)
2. После гледаш со колку пари е финансирано секое од тие истражувања
3. Списокот на истражувања го сортираш според тоа кој потрошил највише пари за истражување.
4. Од врвот на списокот го зимаш резултатот
5. Вистината е обратното од тој резултат

Со други зборови, со „следи ги парите“ како критериум за вистината, испаѓа дека најскапите истражувања се секогаш лажни. Кои треба да ги гледаме? Вторите во листата на буџетите? Третите?

Глупости. Ко само монсанто да истражувал дали гмо е безбедно или не, јебало вас монсанто

Уште само да ви покажам со прст кон слонот во собата: на монсанто убедливо највише му се ИСПЛАТИ неговите гмо продукти да се безбедни за јадење. Доколку не се, тоа ќе се покаже, не може да се скрие, пошто нема само монсанто лаборатории за истражување. А кога ќе се покаже жими кур шт монсанто ќе продава колку што продава.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #776 на: 12 Јули 2014, 15:58:35 pm »
Се слушате ли што зборите бе??

Кои се тие што велат дека ГМО е безбедно? Што правиме со оние кои докажаа дека не е безбедно?
Ти изглеа не се слушаш што мислиш.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #777 на: 12 Јули 2014, 16:20:55 pm »
Кои се тие што велат дека ГМО е безбедно?

За безбедноста на ГМО постои научен консензус.

Што правиме со оние кои докажаа дека не е безбедно?

Никој не докажал дека ГМО е небезбедно. Така само ве лажат а вие им верувате без да проверувате, пошто убаво се вклопува во вашата претходно формирана слика за светот.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #778 на: 12 Јули 2014, 16:35:59 pm »
јебало вас монсанто

Уште само да ви покажам со прст кон слонот во собата: на монсанто убедливо највише му се ИСПЛАТИ неговите гмо продукти да се безбедни за јадење. Доколку не се, тоа ќе се покаже, не може да се скрие, пошто нема само монсанто лаборатории за истражување. А кога ќе се покаже жими кур шт монсанто ќе продава колку што продава.

Кај неук па уште и вулгарен... после некој ќе каже стереотипите не биле вистинити!    ;D

Но најфасцинанта е тоталната и неприкосновена наивност.
На ГМО индустријата „и се исплатело да има безбедни производи затоа што небезбедноста не можела да се скрие„!!!  :D

Навистина е комедијант дечкото, треба со стендап комедија да се обидеш.


„Небезбедноста не може да се скрие!„
Освен што може.

Неприфаќањето на донесување на меѓународни стандарди за безбедност на ГМО храната е токму за да се скрие небезбедноста. Што има да се плашат од меѓународни стандарди ако се е безбедно?  ::)
И не, америчкиот (и истиот препишан од) ЕУ, CODEX Alimentarius не се меѓународни стандарди за безбедност на ГМО храната.

Мал милион примери се напишаа овде за криењето на разно-разни безбедносни последици од разни производи на индустријата. За потоа по минување на солидно време, кога (и против напорите за криење) доказите ќе се натрупаат во толкава мера да НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИГНОРИРААТ, да се докаже дека... ШТЕТНОСТА ПОСТОИ. Но во меѓувреме тие што ја криеле вистината направиле огромен профит.

Милион примери има, како на пример тој за безбедноста на пестицидот DDT кој се рекламирал како 100% безбеден за да потоа се докаже спротивното, дека е МНОГИ И ИСКЛУЧИТЕЛНО ШТЕТЕН! Но во меѓувреме индустријата направила планина од пари на „безбедниот DDT„. Затоа што верниците како Филип главата ја користат првенствено како објект на кој се носи капа, и не прифаќаат главата да ја користат за по... соодветна намена.   ;)



Inbetween жалопојното плачење, за тоа како GMO и пестициди се тотално различни работи... кажано со намерно (и провидно) негледање на ОЧИГЛЕДНАТА ПОВРЗАНОСТ: КРИЕЊЕТО НА ВИСТИНАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТА!
Реклами наназад од времето:

   

 


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #779 на: 12 Јули 2014, 17:04:43 pm »
Тоа што НЕКОИ теории на заговор се точни не ни зборува ништо за точноста на другите теории на заговор. До кога да се објаснуваме дека јас не ги отфрлам сите теории на заговор во принцип, туку само некои од овие модерно-популарниве? Доста ми покажуваш дека некои теории некогаш биле точни. Ја мислиш не знам за ддт? Ти требаше да ми кажеш?

Копи пејст По стоти пат: сигурно дека постојат некои теории на заговор кои се точни.  Но, треба да се има критериум како да се разликуваат точните од неточните, а не пошто нешто испаднало точно, све друго у кофа да се прифаќа, само затоа што ги потврдува твоите претходни паранои.

И што се овие сличињава? Никогаш немало научен консензус околу безбедноста на ддт. Пробале, виделе не чини ако се претера, а морале да претеруваат пошто инсектите мутирале, па го забраниле. Токму научниците биле тие кои се побуниле и кои предупредиле, а не ојлевци-дојлевци-пејачи-политичари.... Што не ги поткупиле тогаш да ќутат? Како тогаш цели книги пишувале (пази! научници! не ојлевци дојлевци!) за штетноста на ддт, а сега се согласуваат дека гмо е ок?

Башка, ддт е конкретен производ. ГМО е цела класа на производи. Тоа е споредување баби и жаби и на неколку нивоа погрешно,. Самото прашање „дали гмо е безбедно“ е глупо. Тоа е исто ко да прашаш „дали не-гмо е безбедно“. Нешто е, нешто не е. Магданос е безбеден, отровна печурка не е.

Она за кое се согласуваат научниците е дека нема нешто карактеристично за ГМО што е штетно. Храна ко и секоја друга. Се тестира, ако е ок ќе се јаде, ако не не итн. Самото барање ПОСЕБНИ тестови за гмо храната покажува незнаење.

Со други зборови, твојот претходен пост е „фрактално погрешен“

http://rationalwiki.org/wiki/Fractal_wrongness
« Последно менување: 12 Јули 2014, 17:14:51 pm filipv »