Пфф...
придобивките од науката!
Краткорочни зголемувања на приносот, додека тревите и коровите се адаптираат на комбо-хербицидите?
Краткорочни профити на газдите, на сметка на се поголемото загадување со пестициди? На сметка на незнајните долгорочни последици од исхрана со ГМО?
Тоа се „придобивките од науката“?
Си слушнал за поимот
одржливост? Како побогу сметаш дека ваквата пракса на се поголемо загадување може да биде одржливо - не на неколку години, туку на подолг временски период?
Понатаму за каков „здравствен бенефит на човештовто“ зборуваш, пак за тој
едниот ориз зборуваш - наместо за другите 99% од ГМО кои не се ниту преправаат дека имаат за цел „здравствен бенефит на човештвото“?
Или конкретно за тој ориз, тие деца од спомнатите региони од Африка и Азија - тие имаат милион други проблеми и не само со недостатотк од многу други витамини (не само витамин А). Тие бре од глад умираат!
Ама не! Заеби одржливост, заеби промовирање на здрава и разновидна исхрана, заеби промовирање помали семејства (таму имаат по 10+ деца)... Заеби логика и размислување, бутај хербициди и ГМО отпорни на тие хербициди - за после помалку од десет години, ајде нови хербициди и нови ГМО (пошто коровите се адаптирале). Труј ги луѓето, и лажи ги - за да ги експолатираш.
А тие луѓето лесни с(т)е за манипулација - погледај се само себе си, како упорно ја верглаш нивната пропаганда за „здравстен бенефит на човештвото“. Упорно за тој оризот зборуваш, упорно го игнорираш фактот дека другите 99% од ГМО немаат врска со никаков „здравствен бенефит на човештвото“. Когнитивна дисонанца пар екселанс. И тоа цело село, масовно!
Никој не спори дека генетскиот инжинеринг е иднината.
Спорна е потребата да се дозволи алчноста на индустријата и финансиската елита да го предводи и насочува развојот на генетскиот инжинеринг - и да ги манипулира страндардите за безбедност заради сопствен профит. Ама додека има овци, ќе има џемпери.