Спомнуваат таму спас за гладните....
ГМО не е спас за гладните. Во светот каде има изобилие, повеќе од половина од земјоделското производство залудно се произведува тоест не се употребува. Тоа земјоделско производство и да стане тотално ГМО базирано пак повеќе од пола нема да се употребува од истите претходни причини. Можеби ќе има подолг шелф лајф но ќе има поголеми приноси така да пак исто ќе се случува од аспект на спасот на гладните.
Ако сакаа они да ги спасат гладните немаше да им воведат едно чудно болести, тоест биолошки оружја. Ако сакаа да ги спасат гладните ќе правеа трошоци за да го постигнат тоа а не профити (со форсирање ГМО).
Ова изгледа на тешко мачкање очи и популистички срања кои се кријат зад зборот наука. А и самите тврдат дека технологијата е многу нова и немаат поима сеуште за придобивките и последиците. Баш ова го пишува во текстот. Исто е како и со испитувањата за користењето на нуклеарната енергија, као за доброто на човештвото ама свесно или несвесно направија страшни превиди кои го коштаат човештвото на долг рок па сега ги укинуваат. Исто како и со пронаоѓањето на рентгенот. Прво пробаа да го патентираат како дерматолошки пронајдок за убава и здрава кожа, па за кратко време кога сфатија кое зло е јонизирачкото зрачење за ткивата, се напикаа ко глувци во дупка.
Неможе нешто да се крие зад зборот наука, кога не користи научен метод (во целост) во делувањето.