Има некој успешно земено поврат на ддв да објасни како постапил?
а ако е над 350е?
Имав пишано и во темата за ламели и квачила за набавка од Србија.
Прво мора да се пополни формулар во продавницата каде што го купуваш производот (ова не знам дали е возможно ако се нарачува он-лајн) и истиот мора да е со вредност поголема од 120 еур. ако сакаш да имаш поврат на ДДВ
Второ, на граница ти удираат печат (потребно е да носиш копија од сметките, формуларот и пасошот)
Трето, ДДВ-то ти го враќаат во самата продавница од каде што си ги купил работите. Ова е покомплицирано него ли во Грција.
Што се однесува до пријавувањето на наша граница, ако е над 350 еур. или не го пријавуваш (и ризикуваш) или го пријавуваш со фактура или сметка и си плаќаш давачки (царина + ДДВ)