Автор Тема: Citroen Xsara 1.4i 2003  (Прочитано 13026 пати)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Citroen Xsara 1.4i 2003
« Одговори #45 на: 29 Март 2018, 21:53:25 pm »
Конечно се на колата, летен setup :)





Јас сум задоволен... фабрички изглед од поскапите нивоа на опрема :)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Citroen Xsara 1.4i 2003
« Одговори #46 на: 29 Март 2018, 22:24:21 pm »
Бравос, културна и суптилна промена.  :D

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Citroen Xsara 1.4i 2003
« Одговори #47 на: 25 Јуни 2018, 22:51:56 pm »
За викендов двете возила добија козметички третман... Сонакс полир паста и восок:




Отсутен George

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Citroen Xsara 1.4i 2003
« Одговори #48 на: 26 Јуни 2018, 09:48:22 am »
И јас имам Цитроен Ксара 1.4 2003 редизајн со фул опрема е мојата одлично возило моето има 94.000 км моментално е на авто лакер ме лупнаа на паркинг со трактор вратата лева ми ја уништија ам за среќа стубовите не се чепнати :Д

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Citroen Xsara 1.4i 2003
« Одговори #49 на: 29 Август 2020, 12:33:05 pm »
Чисто да се знае дека сеуште вози колата :)
Од последното пишување до сега колата има 79000 км поминати, да сакам да ја продавам никој нема да верува упм. :)
Од работа по неа ништо посебно... Редовни сервиси,  променети чаури на машите и замастен контакт на прекидачот за рачно отварање на багажникот. Тоа се среди со чистење на истиот и си функционира нормално.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Citroen Xsara 1.4i 2003
« Одговори #50 на: 29 Август 2020, 12:36:10 pm »
Ми се допаѓа францускиот возен парк! Баш вчера го гледав освежувањето на Реното :) И редизајнот на Ксара исто ми се допаѓа, не е воопшто лош за негова ера. Продолжи си така.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Citroen Xsara 1.4i 2003
« Одговори #51 на: 29 Август 2020, 12:42:09 pm »
@dbl.dzo интересно е тоа што иначе најмногу сакам италијански возила, Алфи посебно од 60ти и 70ти, ама судбината сакала да имам французи :)
Кога ја купував Ксарата, во 2003, опција ми беше и 147 ама беше многу пари, што тогаш ги немав. Зборувам за нова, од салон. Ксарата беше тогаш best buy за тие пари што ги имав, и купив кола со разум да кажеме. Срцето ме носеше на 147... Ама ОК не се жалам.
Реното е друга приказна, раскажана на почетокот од неговата тема.

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: Citroen Xsara 1.4i 2003
« Одговори #52 на: 29 Август 2020, 12:46:49 pm »
Чисто да се знае дека сеуште вози колата :)
Од последното пишување до сега колата има 79000 км поминати, да сакам да ја продавам никој нема да верува упм. :)

Тоа шо нема клима многи ќе има мрштење....😁

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Citroen Xsara 1.4i 2003
« Одговори #53 на: 29 Август 2020, 12:48:21 pm »
Што е тука е, не е страшно  ;) ти ќе споделуваш за Ксарата, јас за 147ката. Често и домашниот есап не излегува на пазар, така и се случило со Ксарата. Види, на крај на ден возилото е купено ново, а и се познава дека е чувано, макар и да не е италијанско. Мирна глава, чекаме наредни апдејти.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Citroen Xsara 1.4i 2003
« Одговори #54 на: 29 Август 2020, 13:25:29 pm »
@riki_staff шо е тука е... Таква сум ја купил, таква ја возам. Продавање е неисплатливо. А врши работа колата. За овие 17 години сум презадоволен.
@dbl.dzo така е... Битно е здрава и исправна кола во секој момент да се има.