Јас ќе ти кажам вака - пошто јас бар еднаш годишно го перам моторот сам, после секој сервис:
1. Маскирај со обично пластично ќесе алтернатор, капачето од казанчето за глицерин, доводот за воздух од напред (пластичната цефка), како и се што е електронски поосетливо (замотај ги со најлонска фолија). А да, и разводната капа, оф корс.
2. Напрскај од ова средствово што си го земал, остави 10-тина минути да дејствува. Не заборавај долниот дел од хаубата да го напрскаш, квалитетно.
3. Четче некое мало набави си, како и сунѓерче, додека делува средството, оние делови каде се има насобрано повеќе нечистотија, помини ги со нив.
4. Ако имаш вап, а и немора - ондак со обично црево, ти треба само малку повеќе притисок. Од полу-дистанца, може и малку подалеку, само исплакни, без да го насочуваш притисокот на погоренаведените поосетливи компоненти. Почни од горе - надолу.
5. Отстрани ги ќесите и најлоните, и стартувај го моторот. Е тука ќе ти треба компресор за воздух, пошто со него најдобро се суши водата на недостапни и критични места. Како работи моторот, ќе загрева и ќе го суши. Остави го 25-30 минути нека работи. Пребришувај во меѓувреме.
6. Изгасни ја машината. Остави ја околу саат време да се олади. Претходно би ти советувал да си набавиш едно од овие средства..
http://www.sonax.com/Products/Technical-and-Workshop/(search)/1/(so)/0/(node)/12936/330200-SONAX-Engine-lacquerhttp://www.sonax.com/Products/Technical-and-Workshop/(search)/1/(so)/1/(node)/12972/339200-SONAX-MoS2Oil-NanoProhttp://www.sonax.com/Products/Technical-and-Workshop/(search)/1/(so)/6/(node)/13106/474200-SONAX-SX90-PlusЈас го користев второто, и ми остави добар впечаток. Ем игра и улога на контакт спреј, така што неможе да е штетно да моторот.
7. Напрскуваш од средството (дарежливо и без штедење, да го накиснеш), и пребришувај веднаш после тоа.
8. Откако ќе се увериш дека се сија, стартувај ја пак машината, и остави ја едно 15-20 минути нека дигне пак температура. Ќе видиш малку чад и тежок мирис да излегува, ама не е проблем - она прсканото средство на блокот што е се суши, и на крајот ќе пресуши.
Ова е резултатот што го добив јас, пред 20-тина дена..
Или вака (валканата слика е од минатата година, пошто оваа заборавив да сликам, ама стањето беше безмалку исто)..
Пред:

Потоа:


Не е ништо страшно. Верувај.
Ако не ти паше ова, запали ја, ела види си ги роднините во Богданци, и тркни до Перфект, Тоше ќе го направи кукла.
Се надевам дека ти помогнав.