Мене не ми е нешто посебно грдо, но не ми е ни убаво. Општо, дизајнерската насока на Seat во моментов не ми е нешто посебно убава, али не би отишол до таму да кажам дека Шпанците се праат Јапанци. Целото тројство (up, Citigo, Mii) ми е мошне интересно, и мислам дека ќе бидат одлични како мали градски возилца, а коцкастата форма совршено им прилега за да може максимално да се искористи просторот. Едвај чекам да пробам едно од овие три.
Иначе, од сите, бареме естетски, сеатот ми е на последно место.